Connect with us
no baners

Останато

Готовината повеќе не е крал во земјата на полноќното сонце

Објавено

на

Дали знаевте дека готовината сè помалку се користи во Шведска, која е една од најдигитализираните земји во светот?

Шведска одамна е позната како пионер во безготовинските плаќања. Ако планирате да ја посетите ова лето, важно е да знаете дека многу продавници, ресторани и кафулиња веќе не прифаќаат готовина.

Заборавете на кешот и секогаш имајте го телефонот наполнет, или барем платежна картичка при рака.

Според податоците за 2024 година, само една од десет трансакции во Шведска е направена со готовина. Најчесто се користат платежните картички, а веднаш зад нив се мобилните апликации за плаќање.

Швеѓаните се навикнати да ги користат своите телефони буквално за сè, од банкарство и дигитална идентификација, до јавен превоз и поднесување на даночни пријави.

Нов закон што ќе стапи на сила во јуни 2025 година има за цел да го направи банкарството и платните услуги подостапни за сите.

Останато

Промени во Надзорниот одбор на ПроКредит Банка АД Скопје

Објавено

на

ПроКредит Банка АД Скопје ја информира јавноста за промени во составот на Надзорниот одбор на Банката, согласно член 166-б од Законот за хартии од вредност, кои треба да бидат објавени на веб-страницата на Македонската берза.

Народната банка на Република Северна Македонија издаде решение за претходна согласност за реименување на г-ѓа Јованка Јолеска Поповска за член на Надзорниот одбор на ПроКредит Банка АД Скопје, за нов мандат во времетраење од четири години.

Со оваа промена, Надзорниот одбор на Банката продолжува да функционира во следниот состав:

Јованка Јолеска Поповска, член

Дрис Нор, член

Кристиан Едгардо Дагроса, член и претседател

Каспар Линус Бауман, независен член

Елена Наумовска, независен член

Ериола Биболи, член

ПроКредит Банка останува посветена на принципите на добро корпоративно управување и транспарентност во своето работење.

Продолжи со читање

Останато

Европскиот парламент даде зелено светло за прифаќање на еврото од страна на Бугарија

Објавено

на

Европскиот парламент со убедливо мнозинство (531 глас „за“) го поддржа влезот на Бугарија во еврозоната, што ја приближува земјата до користење на еврото од 1 јануари 2026 година. 69 пратеници гласаа „против“, а 79 беа воздржани.

Денешното гласање испраќа јасна порака – Бугарија е подготвена за еврозоната,“ изјави известувачот Ева Мајдел. Таа додаде дека се исполнети сите критериуми, и дека ова е значаен чекор кон целосна европска интеграција.

Сепак, пред еврото официјално да се воведе, потребна е и согласност од земјите членки на ЕУ, што се очекува да се случи до крајот на денот.

Во последните месеци во Бугарија се одржаа протести против усвојувањето на еврото. На 28 јуни, илјадници демонстранти се собраа во центарот на Софија, изразувајќи став дека треба да се задржи левот, став што го поддржуваат проруски и националистички партии.

Бугарија веќе 20 години е членка на ЕУ, но се соочува со политичка нестабилност и корупција, што придонесе за раст на евроскептицизмот. Противниците на еврото ширеле лажни информации дека усвојувањето на валутата ќе доведе до поголема сиромаштија. Сепак, економистите тврдат дека краткорочно нема да има големи промени, бидејќи левот е веќе фиксиран за еврото.

Продолжи со читање

Останато

Фондацијата „Заедно за едно“ исплати финансиска помош за децата на загинатите во пожарот во Кочани и ќе набави опрема за терапија на повредените

Објавено

на

Со цел да се помогне на семејствата и поединците кои беа погодени од трагичниот пожар во Кочани на 16 март 2025 година, Фондацијата „Заедно за едно“ основана од Македонската банкарска асоцијација, започнa низа активности за финансиска помош и медицинска поддршка на настраданите и нивните семејства.

Во првата фаза од поддршката, Фондацијата веќе исплати еднократна финансиска помош за децата кои во несреќата загубија родител. Средствата се префрлени директно на платежните сметки на децата или нивните законски застапници.

Покрај тоа, Фондацијата обезбеди средства за набавка на ракавици за пасивна рехабилитација, како и апарати за компресивна крио-терапија, кои претставуваат клучна компонента во процесот на опоравување на дел од повредените лица.

Фондацијата „Заедно за едно“ е формирана за да обезбеди суштинска и континуирана поддршка за оние на кои таа им е најпотребна. Затоа, наскоро ќе биде објавен Јавен повик за пријавување на повредените лица, со цел распределба на дополнителна финансиска помош за покривање трошоци поврзани со медицински третмани и рехабилитација.

Ова не е трагедија која брзо ќе се надмине и затоа обезбедивме средства кои ќе бидат распределени во повеќе сегменти и во повеќе фази, со цел да помогнеме во закрепнување на повредените. Ќе помагаме континуирано и на долг рок. Да бидеме Заедно за едно – денес, утре и сè додека не заздрават сите“, изјави д-р Маја Стевкова Штериева, претседател на Македонската банкарска асоцијација.

Срествата во Фондацијата се обезбедени преку донации од банки, штедилници, други финансиски институции, како и од хумани компании и поединци, и се наменети за лицата и семејствата кои се засегнати од трагедијата.

Македонската банкарска асоцијација и Фондацијата „Заедно за едно“, остануваат доследни на својата заложба — да бидат поддршка на заедницата и на земјата секогаш кога е најпотребно.

Продолжи со читање

Популарно

no baners