Connect with us

Продукти

Голема наградна игра на НЛБ Банка: Со НЛБ Visa освојте го новиот Opel Frontera Hybrid

Објавено

на

Овој празничен период, секоја трансакција со НЛБ Visa картичките ве приближува до остварување на вашите соништа. Во духот на празничната радост и магичните моменти, еден корисник на НЛБ Visa картичките ќе стане среќниот добитник на новиот Opel Frontera Hybrid и ќе ја започне годината возејќи го својот сон.

НЛБ Банка ја започнува големата наградна игра „Со НЛБ Visa, вози ги своите соништа!“, која ќе трае од 1 декември 2025 до 15 јануари 2026. Празничните купувања и секојдневните трансакции веќе не се само плаќања, туку можност за вредни награди. Во рамки на наградната игра, НЛБ Банка доделува вкупно 29 награди – 14 парични награди по 15.000 денари, 14 iPhone 16E, а на 16 јануари 2026, еден среќен добитник ќе го освои новиот Opel Frontera Hybrid.

Доволна е една трансакција од 1.500 денари или повеќе, извршена во земјата или странство со НЛБ Visa дебитна или кредитна картичка, за учество во наградната игра. Секое следно плаќање дополнително ги зголемува шансите за награда, бидејќи секоја трансакција претставува нова можност за една од наградите.

Со НЛБ Visa, плаќањата се едноставни, сигурни и удобни. Кредитните картички Visa Classic и Visa Gold овозможуваат одложено плаќање и минимална месечна отплата од само 5%, додека дебитните картички овозможуваат брзи, практични и сигурни плаќања, со многубројни поволности за корисниците.

НЛБ Банка продолжува да создава искуства и можности кои носат радост, сигурност и вистинска вредност за своите клиенти. Повеќе информации за наградната игра се достапни на веб-страницата на НЛБ Банка, на следниот линк.

Останато

МФ: Граѓански обврзници може да се запишат во сите деловни банки во земјата

Објавено

на

Граѓански обврзници од третата емисија, за која  Министерството за финансии веќе го објави проспектот, може да се запишат во сите деловни банки во земјава.

Граѓаните што сакаат да запишат обврзници и да учествуваат на аукцијата тоа можат да го направат во филијалите на банките ширум земјата.

Рокот за запишување обврзници од оваа емисија е до 10 декември 2025 година.

Граѓаните може да запишат минимален износ од 10.000 денари, колку што е износот на една обврзница. Проспектот е објавен на износ од 100 милиони денари. Граѓанските обврзници се со рок на доспевање 2 години, а каматната стапка изнесува 4,5% годишно. Датумот на достасување на обврзниците е 19 декември 2027 година. Каматата за првата година достасува за исплата на 19 декември 2026 година, а за втората на 19 декември 2027 година.

Продолжи со читање

Продукти

Нова поволност со HalkEZ пакетот за млади: Бесплатни FitKit кредити за секој нов корисник

Објавено

на

Халкбанк АД Скопје ја надградува понудата за млади со нова, корисна поволност која совршено го следи динамичниот и активен животен стил на генерацијата што сака флексибилност.

Од овој месец, секој нов корисник што ќе отвори HalkEZ пакет добива 10 FitKit кредити, кои може да ги искористи за пристап до широката FitKit мрежа – фитнес центри, теретани, јога студија, пилатес, рекреативни активности, велнес и спа простори.

Поволноста важи само за нови корисници на HalkEZ пакетот, а кредитите може да се користат во период од една година од датумот на отворање на сметката.

FitKit е платформа која им овозможува на корисниците слобода да изберат активност според расположението, местото и времето што им одговара, без долгогодишни членарини и притисок да бидат „совршено конзистентни“. Токму затоа поволноста природно се надоврзува на духот на HalkEZ пакетот креиран за младите кои учат, брзаат, експериментираат, грешат и постојано растат.

„Младите живеат динамично, а нивниот ден често изгледа различно од вчерашниот. Со FitKit поволноста сакаме да им понудиме уште една флексибилна опција за грижа за себе, без притисок и без губење време за планирање“, изјави Маја Наумовска Савеска, директор на корпоративни и маркетинг комуникации во Халкбанк.

Новата поволност го надополнува пакетот кој веќе нуди практични решенија за младите:

  • Подигнување готовина од банкомати во земјата и во странство без провизија со Виза дебитна картичка за млади.
  • Без надомест за водење на платежна сметка.
  • Бесплатен пристап до електронско и мобилно банкарство.
  • SmartSend – брзо и едноставно префрлање средства со еден клик на контактите од телефонскиот именик.
  • SmartCash – подигање готовина од банкомати на Халкбанк без употреба на картичка.
  • Е-касичка – можност за автоматско штедење на „кусурот“ при секое плаќање со картичка.
  • Можност за бесконтактно плаќање со Garmin часовници.
  • Низа дополнителни промоции и поволности специјално наменети за младите.

HalkEZ продолжува да го следи активниот живот на младите, нудејќи им банкарство што е функционално и прилагодено на нивното реално, несовршено совршено секојдневие.

Дознајте повеќе детали за новата поволност тука.

Продолжи со читање

Останато

Започна исплатата на повратот од „Мој ДДВ“, средствата до крајот на ноември

Објавено

на

Граѓаните кои скенирале фискални сметки преку апликацијата „Мој ДДВ“ во наредните денови ќе ги добијат повратните износи директно на своите трансакциски сметки, информира Управата за јавни приходи (УЈП), по реакциите во јавноста дека исплатата за последниот квартал доцни.

Од УЈП информираат дека обработката на податоците е во завршна фаза и дека најголем дел од барањата се веќе проверени и одобрени, а исплатите ќе се реализираат етапно за да се избегнат технички оптоварувања, при што целиот процес ќе биде завршен најдоцна до крајот на ноември.

„Сите граѓани кои ги исполнуваат условите за поврат на ДДВ и навремено ги имаат скенирано фискалните сметки ќе ги добијат средствата на своите сметки, без потреба од дополнителни постапки или пријави“, информираат од УЈП, апелирајќи граѓаните редовно да ги проверуваат податоците во апликацијата и точноста на внесените трансакциски сметки.

Исплатата доаѓа во пресрет на новогодишните празници и се очекува да придонесе за зголемена ликвидност кај домаќинствата и поинтензивна потрошувачка во последниот месец од годината.

Програмата „Мој ДДВ“ останува еден од клучните механизми за намалување на сивата економија и поттикнување на фискалната дисциплина, при што државата на граѓаните им враќа дел од платениот данок за пријавените фискални сметки, со што се стимулира користењето на безготовински плаќања и транспарентноста во прометот.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange