Connect with us

Останато

ГОЛЕМ ГРАБЕЖ – исчезна карго контејнер полн со злато!?

Објавено

на

Полицијата истражува голем грабеж на злато на меѓународниот аеродром Пирсон во Торонто, каде често се испраќа злато ископано во канадската провинција.

Канадските власти соопштија дека во понеделникот на 17 април биле украдени повеќе од 20 милиони канадски долари (околу 13 милиони евра) во злато и вредни предмети. Некои медиуми, пак, пишуваат дека вредноста на украденото злато е многу поголема.

Контејнерот со стоката бил доставен до аеродромот во вечерните часови и пренесен во магацинот. Полицијата верува дека токму во магацинот се случил грабежот.

Ова е еден од најголемите грабежи во канадската историја.

Регионалниот полициски инспектор на Пил, Стивен Дувестејн, изјави дека неговиот тим ги истражува „сите патишта“ и го опиша инцидентот како изолиран и редок.

„Исчезнатиот авионски контејнер бил со големина од 0,46 метри квадратни, а покрај златото во него имало и други вредни предмети“, изјавил Дувестејн на прес-конференција на аеродромот.

Официјалните лица одбија да кажат која авиокомпанија го испратила товарот, од каде пристигнал товарот, како и точната дестинацијата.

Полицијата се сомнева дека се вмешани организирани криминални групи, пренесува “Торонто Сан”.

Инспекторот Дувестејн изјавил дека е премногу рано да се зборува за тоа.

„Поминаа неколку дена, па нашите инспектори ги држат сите опции отворени. Нашата цел е да ја решиме оваа кражба и не можам да дадам повеќе детали за јавноста“, изјавил Дувестејн.

„Крадците не влегле на аеродромот, туку влегле во магацин изнајмен од трето лице кој не е под обезбедување на аеродромот“, се вели во официјалното соопштение на аеродромот.

Uncategorized

УЈП започна засилени проверки на приливи од странство остварени од 2020 година досега

Објавено

на

Управата за јавни приходи (УЈП) започна процес на системска проверка на сите приливи од странство што ги оствариле физичките лица во периодот од 2020 година до денес.

Информацијата ја потврдуваат и даночни советници, кои велат дека по објавите во медиумите и директната комуникација со граѓани, УЈП веќе испраќа решенија за наплата на данок за непријавени приходи од странство.

Според објавеното, контролата има за цел да утврди дали граѓаните кои во изминатите години оствариле приход од странство навистина го пријавиле тој приход и поднеле пресметка до УЈП, како и дали соодветно го платиле овој данок.

Од УЈП веќе се испраќаат решенија за наплата на данок за непријавени приливи од 2020 година. Дел од граѓаните веќе добиле известувања дека им е утврден долг по основ на непријавен приход, а во следните денови се очекува засилена активност на институцијата.

Даночните советници најавуваат дополнителни објаснувања и упатства за тоа како точно треба да се пријават приходите од странство кои подлежат на оданочување со данок на личен доход, со цел граѓаните навремено да постапат и да избегнат казни и камати.

Продолжи со читање

Останато

МФ: Граѓански обврзници може да се запишат во сите деловни банки во земјата

Објавено

на

Граѓански обврзници од третата емисија, за која  Министерството за финансии веќе го објави проспектот, може да се запишат во сите деловни банки во земјава.

Граѓаните што сакаат да запишат обврзници и да учествуваат на аукцијата тоа можат да го направат во филијалите на банките ширум земјата.

Рокот за запишување обврзници од оваа емисија е до 10 декември 2025 година.

Граѓаните може да запишат минимален износ од 10.000 денари, колку што е износот на една обврзница. Проспектот е објавен на износ од 100 милиони денари. Граѓанските обврзници се со рок на доспевање 2 години, а каматната стапка изнесува 4,5% годишно. Датумот на достасување на обврзниците е 19 декември 2027 година. Каматата за првата година достасува за исплата на 19 декември 2026 година, а за втората на 19 декември 2027 година.

Продолжи со читање

Останато

Започна исплатата на повратот од „Мој ДДВ“, средствата до крајот на ноември

Објавено

на

Граѓаните кои скенирале фискални сметки преку апликацијата „Мој ДДВ“ во наредните денови ќе ги добијат повратните износи директно на своите трансакциски сметки, информира Управата за јавни приходи (УЈП), по реакциите во јавноста дека исплатата за последниот квартал доцни.

Од УЈП информираат дека обработката на податоците е во завршна фаза и дека најголем дел од барањата се веќе проверени и одобрени, а исплатите ќе се реализираат етапно за да се избегнат технички оптоварувања, при што целиот процес ќе биде завршен најдоцна до крајот на ноември.

„Сите граѓани кои ги исполнуваат условите за поврат на ДДВ и навремено ги имаат скенирано фискалните сметки ќе ги добијат средствата на своите сметки, без потреба од дополнителни постапки или пријави“, информираат од УЈП, апелирајќи граѓаните редовно да ги проверуваат податоците во апликацијата и точноста на внесените трансакциски сметки.

Исплатата доаѓа во пресрет на новогодишните празници и се очекува да придонесе за зголемена ликвидност кај домаќинствата и поинтензивна потрошувачка во последниот месец од годината.

Програмата „Мој ДДВ“ останува еден од клучните механизми за намалување на сивата економија и поттикнување на фискалната дисциплина, при што државата на граѓаните им враќа дел од платениот данок за пријавените фискални сметки, со што се стимулира користењето на безготовински плаќања и транспарентноста во прометот.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange