Осигурување
Еуролинк осигурување ја лансира онлајн платформата Еуролинк360 степени – нова алатка за најдобро клиентско искуство
Со задоволство го објавуваме лансирањето на новата онлајн платформа Еуролинк360 степени, дизајнирана да им овозможи на нашите клиенти целосен увид и безбедно управување со сопственото осигурително портфолио. Оваа современа платформа обезбедува лесно и брзо онлајн пријавување на штети по сите полиси, пратење на статусот на пријавената штета онлајн во реално време, целосен преглед на сите фактури и управување со начините за плаќање, обнова на полиси како и унапредување на функциите што веќе беа достапни за нашите клиенти – усовршен систем за е-плаќање и нов, јасен и брз веб шоп за е-полиси. Сите овие функционалности ги претставуваат сите осигурителни потреби на нашите клиенти – сега достапни на едно место. Оттука произлезе и името на платформата, односно симболиката на 360 степени, што асоцира на целосно заокружено подобрено искуство, во секоја точка од нашите достапни услуги.
Секој наш клиент физичко лице има можност да се верификува на Еуролинк360 степени и со тоа да си овозможи преглед и управување со своето осигурување. Најважна функција која ќе понуди исчекор во осигурувањето е онлајн пријавата на штета со целосно дигитално управување со документите и пратењето на статус на штета. Пријавата на штета отсега е целосно автоматизиран и дигитализиран процес зад кој стои современа технологија, со што значително се олеснува и скратува процесот на пријава и регистрација на штетата во системот на Еуролинк осигурување. Клиентот веднаш добива број за пријавената штета и можност преку електронски тракинг систем да го прати процесот на обработка. Нашите клиенти транспарентно ги добиваат сите потребни нотификации електронски во реално време. Клиентите се во целосна контрола и управуваат со процесот, што ќе овозможи подобра услуга во секој момент.
„Во Еуролинк осигурување, постојано бараме начини да ги подобриме нашите процеси и да обезбедиме врвна услуга за нашите клиенти. Денеска правиме чекор напред кон целосно клиентски ориентирано искуство во осигурувањето што е дел од иднината. Еуролинк360 степени е сеопфатна платформа за сите осигурителни потреби која осигурувањето го става целосно во рацете на клиентите. Платформата е дел од нашата стратешка определба за обезбедување на сестрана клиентска поддршка преку мултипни канали и решение за клиентите кои преферираат самостојно следење и менаџирање на своето осигурително портфолио во секое време.
Со нашата иновативна платформа овозможуваме целосно транспарентен и достапен систем за следење и менаџирање со осигурителното портфолио, што значи дека клиентите можат сами да го прегледаат своето портфолио, да обновуваат и купуваат осигурување, да сетираат начин на плаќање и да платат, како и да пријават и следат штета – сè на едно место.
Вложивме исклучителни напори во последната година да ја развиеме и лансираме Еуролинк360 степени – платформа која ќе понуди целосно ново и максимално подобрено искуство во осигурувањето. Платформата ги прати трендовите во дигитализацијата и зголемената желба на нашите клиенти да бидат во сопственост на своите податоци и самостојно да ги контролираат процесите“ – изјави Марија Томеска, претседател на Управниот одбор на Еуролинк осигурување.
Еуролинк осигурување продолжува да биде достапна преку сите останати канали на комуникација, но веруваме дека со оваа нова алатка нашите клиенти ќе бидат дополнително опремени со сè што им е потребно за транспарентно и лесно управување со процесите за осигурување.
Осигурување
КЗК “удри” по осигурителните компании: Над 17 милиони денари казни за картелско однесување
Комисијата за одлучување по прекршок при Комисијата за заштита на конкуренцијата (КЗК) донесе решение со кое утврди постоење на картелско однесување меѓу десет осигурителни компании на пазарот на задолжителното осигурување од автомобилска одговорност (АО).
Според КЗК, во усогласеното однесување учествувале: Евроинс Осигурување, Триглав Осигурување, Македонија – Виена Иншуренс Груп, Сава Осигурување, Еуролинк, Граве, Уника, Осигурителна Полиса, Халк Осигурување и Кроација Осигурување.
Во постапката било утврдено дека компаниите во периодот од 1 март до 7 мај 2024 година разменувале чувствителни информации, координирале активности и речиси истовремено донеле идентични одлуки за зголемување на режискиот додаток, односно делот од премијата што се однесува на вршење на дејност.
КЗК оценува дека ваквото однесување претставува ограничување на конкуренцијата „по своја цел“, што е најтешка форма на повреда согласно член 7 од Законот за заштита на конкуренцијата. Со размената на информации и паралелното носење ценовни одлуки, независната деловна политика била заменета со колективно дејствување на пазарот, што е строго забрането.
Врз основа на утврдените факти, КЗК изрече прекршочни санкции во вкупен износ од околу 280.000 евра. Ова значи дека секоја од десетте осигурителни компании би платила просечно по околу 28.000 евра казна.
Од Комисијата нагласуваат дека остануваат посветени на заштита на фер пазарни услови, спречување на картели и обезбедување конкурентна средина во интерес на потрошувачите и стопанството.
Осигурување
Флекс брокер: Една година сигурност, доверба и најбрз раст на осигурителниот пазар
Осигурителното брокерско друштво Флекс брокер, дел од групацијата Флекс, одбележува една година од своето формирање – година исполнета со забрзан раст, силно присуство на терен и надминување на сите почетни проекции.

Иако компанијата беше основана во една од најтурбулентните години за осигурителниот сектор, период во кој довербата во брокерските друштва беше значително нарушена, Флекс брокер успеа да стане препознатлив избор за над 15.000 клиенти, со реализирани над 80 милиони денари премија, што ја позиционира компанијата како најбрзорастечко брокерско друштво во државата.

Во изминатите 12 месеци компанијата го зголемуваше своето присуство на пазарот формирајќи мрежа од над 110 продажни локации низ Македонија, ја зајакна соработката со сите водечки осигурителни компании, креираше пакет-понуди за автомобилско, домаќинско, патничко и приватно здравствено осигурување и го прошири тимот кој денес брои 27 вработени.
Тимот на Флекс брокер е поддржан од партнерската структура на групацијата Флекс, која покрај финансиското друштво Флекс кредит, ги вклучува и брендот Земи пари и Националната агенција за наплата – НАН.
Бизнис
Flex Broker: Стратешкиот мост меѓу клиентите и современите осигурителни решенија
По повод Денот на осигурувањето и 16 години од основањето на Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО), осигурителната индустрија во земјава ја потврди својата зрелост, стабилност и важна улога во креирање сигурна економска иднина. Меѓу учесниците кои го одбележаа овој значаен настан, своето прво официјално присуство го имаше и новото брокерско друштво Flex Broker, претставувано од Александар Атески.
„Горд сум што учествував на прославата на 16 години постоење на АСО и Денот на осигурувањето, настан кој го одбележува растот, сигурноста и зрелоста на осигурителниот пазар во Македонија“, изјави Атески. „Ова беше прво мое учество како претставник на Flex Broker и вистинска чест е што како ново лиценцирано брокерско друштво имаме можност да бидеме дел од индустријата што создава стабилност, доверба и сигурност за граѓаните и бизнисите.“, додаде тој.
Flex Broker е дел од Flex Group и со своето портфолио на осигурителни услуги поставува високи стандарди на пазарот. Од компанијата велат дека нивната мисија е едноставна, но значајна:
- Да го направат осигурувањето подостапно;
- Да донесат ново ниво на услуга и професионализам;
- Да градат доверба со секој клиент со транспарентност, грижа и квалитетна поддршка.
„Со најголема дистрибутивна мрежа во земјата и тим кој верува во оваа мисија, сигурноста почнува со нас!“, потенцира Атески.
Flex Broker нуди широк спектар на осигурителни решенија, прилагодени на индивидуалните потреби на клиентите, од домаќинско осигурување, КАСКО и автоодговорност, преку патничко осигурување и зелен картон, до приватно здравствено осигурување. Компанијата работи како брокерско друштво кое со партнерства со водечки осигурителни компании ги обезбедува најсоодветните покритија на пазарот, со фокус на професионална поддршка, транспарентност и грижа кон клиентот.
Flex Broker ја гледа својата улога како мост меѓу клиентите и осигурителниот систем, партнер кој не само што продава полиси, туку создава долгорочни релации засновани на разбирање, етика и поддршка во клучни моменти. Со ваков пристап, компанијата се позиционира како свеж и иновативен играч на пазарот кој носи нова енергија и пристапност во сферата на осигурувањето, токму кога на пазарот му се потребни токму вакви решенија.
-
Бизниспред 2 месециКолкава е минималната сума што ќе ја добијат работниците по основ на регрес за годишен одмор попознат како К-15!?
-
Продуктипред 1 месецНова поволност со HalkEZ пакетот за млади: Бесплатни FitKit кредити за секој нов корисник
-
Продуктипред 1 месецГолема наградна игра на НЛБ Банка: Со НЛБ Visa освојте го новиот Opel Frontera Hybrid
-
Анализипред 2 месециРаст над просекот: македонските банки бележат напредок на SEE TOP 100 листата
-
Продуктипред 2 месециПоволности за потрошувачки кредити во Халкбанк – што треба дазнаете?
-
Анализипред 2 месециМинималецот во Македонија далеку зад регионот – синдикатите бараат итни реформи
-
Продуктипред 1 месецХалкбанк денес официјално стартува со Apple Pay
-
Осигурувањепред 1 месецКЗК “удри” по осигурителните компании: Над 17 милиони денари казни за картелско однесување





