Останато
Голем интерес за наградите за е-трговија, рокот за пријавување до петок!
Годинава по втор пат се организира изборот за најдобрите во е-трговијата “Ecommerce Awards 2022” преку кој ќе бидат наградени и препознаени најдобрите македонски е-трговци за 2022 година. Покрај препознавање на успешната работа на е-трговците, целта на овој избор е поттикнување и унапредување на растот и развојот на македонската е-трговија во целина.
Најдобрите е-трговци за 2022 година ќе се одбираат во 23 категории поделени во три секции: Шампиони во е-трговија, Најдобри е-продавници по сектори и Најдобри е-трговци во одбрани аспекти на онлајн продавање. Дел од категориите во кои ќе се натпреваруваат е-трговците се: „Најдобра новоотворена е-продавница“, „Е-продавница за храна и пијалаци на годината“, „Е-трговец со најдобра грижа за корисници“, „Најдобар верифициран е-трговец“, а главната награда е резервирана за категоријата “Е-трговец на годината”.
Пријавувањето за изборот на најдобрите е-трговци е бесплатно и е во тек. Преку официјалната веб-страница на натпреварот до сега се имаат пријавено повеќе од 100 македонски е-трговци, а пријавувањето трае до петок, 13 јануари, до 23:59 часот. По завршувањето на пријавувањето и објавувањето на номинираните е-трговици ќе следува гласање од јавноста кое ќе трае до 15-ти февруари, како и гласање од жири комисијата составена од внимателно одбрани стручни лица со цел да ги изберат најдобрите е-трговци. По собирање на поените добиени од публиката и од стручното жири, ќе се направат финални ранг листи со победниците во секоја категорија. Доделувањето на наградите на најдобрите е-трговци за 2022 година ќе се одвива на свечен настан во март 2023 година. На минатогодишниот избор за најдобрите во е-трговијата беа пријавени над 150 домашни е-трговци и беа собрани над 5000 гласови од јавноста, а беа доделени вкупно 30 награди во 18 категории.
“Македонската е-трговија постигна значен прогрес во изминатиот период, во главно поттикнат од COVID-19, но улогата и заложбите на АЕТМ дојдоа уште повеќе до израз бидејќи многу работеше на трасирање на патот за е-трговија и на пдготвеноста на компаниите за предизвиците од пандемијата. Во 2021 забележавме значаен раст во вредноста и бројот на трансакциите особено кон домашните е-трговци, во главно поттикнат од COVID-19 кој ја промени структурата во полза на домашните е-трговци. Позитивно е што и во 2022 година иако со забавено темпо тенденцијата на раст продолжува. Исто така позитивно е што иако со враќање на животот во нормала и можноста за слободно меѓугранично движење сеуште македонските е-купувачи најмногу купуваат од домашни е-трговци. Натпреварот “E-commerce Awards” го организираме по втор пат токму со цел да ја препознаеме и наградиме напорната работа на домшаните е-трговци, да ја подигнеме свеста за е-трговијата во јавноста и да поттикнеме зголемување и унапредување на понудата во е-трговијата.“. – вели д-р Нина Ангеловска, Претседател на АЕТМ.
Сите македонски е-трговци кои сакаат да бидат дел од овој натпревар кој има цел да ја препознае, награди и промовира нивната извонредна работа може да се номинираат за избор меѓу најдобрите со пополнување на пријавата на овој линк.
Инаку, иницијативата “E-commerce Awards” е поддржана од Мастеркард како генерален партнер и од Германското друштво за меѓународна соработка GIZ како главен поддржувач, а дополнително заинтересираните компании кои сакаат да придонесат во организацијата на оваа иницијатива ќе имаат можност да се вклучат како поддржувачи.
Повеќе детали за натпреварот може да погледнете на официјалната веб страница: https://ecommerceawards.mk/.
Бизнис
Кражба од холивудски размери: Како хакер потрошил половина милион фунти од банкарската картичка на Џони Деп без актерот да забележи!?
Унгарската полиција уапси 27-годишен државјанин на Јордан под сомнение дека незаконски користел банкарски податоци на холивудскиот актер Џони Деп и потрошил речиси половина милион фунти од неговата сметка.
Според информациите објавени од странските медиуми, истрагата била покрената откако американска финансиска институција пријавила сомнителни трансакции до унгарската филијала на ФБИ. Подоцна било утврдено дека станува збор за сметката на Џони Деп, при што биле евидентирани 308 трансакции во периодот од јануари 2024 до декември 2025 година, во вкупна вредност од околу 619.500 евра.
Она што дополнително го привлекува вниманието е фактот што актерот, според извештаите, не забележал дека средствата исчезнуваат во период подолг од две години, сè додека банката не ги означила трансакциите како потенцијално сомнителни.
Осомничениот бил лоциран преку следење на IP адреси, е-мејл комуникација и телефонски броеви користени за онлајн купувања и резервации. Тој бил приведен во изнајмен стан во Будимпешта, каде што полицијата запленила електронски уреди за кои постои сомневање дека биле користени во измамата.
Истражните органи соопштија дека осомничениот ги негира обвиненијата, но му е одреден притвор, додека истрагата продолжува. Во тек е утврдување на начинот на кој биле компромитирани банкарските податоци на актерот, при што не се исклучуваат можности за кражба на податоци или злоупотреба при онлајн трансакции.
Случајот повторно ја отвора темата за дигиталната безбедност и заштитата на финансиските податоци, особено во услови на сè почести онлајн трансакции и глобална поврзаност на платежните системи.
Останато
УЈП: Само 3% од граѓаните ја провериле годишната даночна пријава за 2025
Само три проценти од граѓаните ја провериле својата годишна даночна пријава за 2025 година, информираат од Управата за јавни приходи (УЈП).
Според податоците на институцијата, од вкупно 862.896 генерирани годишни даночни пријави, заклучно со вчера биле потврдени само 27.788 пријави.
Од УЈП посочуваат дека иако институцијата ја изготвува годишната даночна пријава врз основа на расположивите податоци, законската обврска за пријавување на доходот е на секој граѓанин.
„Бројките покажуваат дека свеста за личната даночна одговорност сè уште не е на потребното ниво“, велат од УЈП.
Во насока на информирање на јавноста, УЈП испратила 493.182 лични пораки преку порталот „мојДДВ“, а комуницирала и со 1.349 буџетски корисници, 339 големи даночни обврзници, како и со стопански комори, со цел граѓаните да ги проверат своите даночни пријави.
Од институцијата предупредуваат дека непроверена пријава може да значи нецелосни или неточни податоци, што може да доведе до дополнителни постапки, одговорност и трошоци.
УЈП апелира граѓаните да ја проверат, потврдат или коригираат својата годишна даночна пријава најдоцна до 1 јуни.
Останато
Македонија учествува на 71-та пленарна седница на MONEYVAL во Стразбур
Делегација од Македонија учествува на 71-та Пленарна седница на Комитетот на експерти за евалуација на мерките против перење пари и финансирање тероризам – MONEYVAL, што од 26 до 29 мај се одржува во Стразбур, во организација на Советот на Европа.
Во составот на македонската делегација се државниот секретар во Министерството за финансии Андриана Матлиоска, директорот на Управата за финансиско разузнавање Кујтим Ибиши и директорот на Управата за финансиска полиција Слободан Ивановски.
Од Министерството за финансии информираат дека учеството на пленарната седница претставува потврда за континуираната посветеност на државата кон унапредување на институционалниот и регулаторниот систем во согласност со меѓународните стандарди и препораките на Financial Action Task Force (FATF).
„Нашата земја придонесува во споделувањето на најдобрите практики за борба против перењето пари и финансирањето на тероризмот, со што ја зацврстува својата позиција како партнер во глобалните безбедносни стандарди“, наведуваат од Министерството.
Во рамки на седницата се разгледуваат прашања поврзани со унапредување на меѓународните стандарди и политики во областа на спречување перење пари и финансирање тероризам, како и активности поврзани со процесите на евалуација и следење на земјите членки.
На состанокот ќе се дискутира за извештаите за заемна евалуација од шестиот круг за Ерменија и Словенија, ќе се разгледува напредокот и извештаите за следење на Романија и Бугарија, како и унапредување на процедурите за усогласеност на Грузија и Полска.
Од Министерството посочуваат дека членството во MONEYVAL им овозможува на земјите да ги следат промените во меѓународното законодавство во областа на спречување перење пари и финансирање тероризам, како и нивна имплементација во домашното законодавство.
Комитетот на експерти за евалуација на мерките за спречување перење пари и финансирање тероризам – MONEYVAL е мониторинг тело на Советот на Европа, кое поднесува извештаи директно до Комитетот на министри на Советот на Европа. Неговата задача е да ја процени усогласеноста на земјите членки со меѓународните стандарди за спречување перење пари и финансирање тероризам и ефективноста на нивното спроведување.
-
Банкипред 2 месециСтопанска банка АД – Скопје од утре започнува со исплата на пензиите за месец март
-
Продуктипред 2 месециИуте Македонија носи европски здравствен стандард – за првпат во земјава се воведува второ медицинско мислење
-
Останатопред 1 месецУправата за јавни приходи донесе стратешки документ со цел подобрување на усогласеноста
-
Продуктипред 1 месецУНИПлус флексибилна програма за лојалност на УНИБанка. Kористиш бројни бенефити, а не мора да ја префрлаш платата!
-
Банкипред 2 месециКомерцијална банка: Исплатата на пензиите за март започнува на 1 април
-
Банкипред 2 месециНЛБ Банка предвремено ги исплати пензиите за месец март
-
Интервјуапред 2 месециFinSight | Марјан Ристески: Акцизата на горивата под лупа, можно ново замрзнување на цените
-
Кариерапред 2 месециКомерцијална банка вработува Помлад соработник за администрирање на кредити и гаранции (Back Office)

