Connect with us
no baners

Банки

Дигитализацијата на платежните услуги продолжува и во третиот квартал од 2022

Објавено

на

Дигиталната револуција во плаќањата, која особено се засили за време на пандемијата на ковид-19 како во светски рамки, така и во нашата земја, придонесе за сѐ позачестена употреба на дигиталните решенија за плаќање, коишто се најсоодветни за нивното едноставно, достапно, сигурно и технолошки современо (паметно) извршување.

И во третиот квартал на 2022 година, граѓаните сѐ повеќе ги користат платежните картички од домашните издавачи за плаќање во трговијата во земјата, што доведе до годишен раст кај вредноста и кај бројот на остварените трансакции од 14,9% и 8,5%, соодветно. Годишниот раст на бројот на плаќањата во трговијата, кој произлегува пред сѐ од повисокиот годишен раст на бројот на плаќањата со платежни картички на виртуелните (интернет) места на продажба (10,1%), иако послаб, продолжува и во третиот квартал од 2022 година, а продолжува и годишниот раст на бројот на плаќањата на физичките места на продажба (8,3%).

Кај плаќањата на граѓаните со кредитни трансфери во истиот период е забележан годишен пад на бројот на плаќања за 8,6%, при раст на вредноста од 5,6%. Притоа, постепената промена на навиките на граѓаните при вршење на плаќањата во земјата со цел користење на придобивките од електронското банкарство е видлива во начинот на вршење на кредитните трансфери, па така во третиот квартал од 2022 година е забележан годишен раст од 5,2% кај бројот на плаќањата извршени електронски, односно годишен пад на бројот на трансакциите извршени на шалтерите на банките (12,5%). За извршување на електронските плаќања најчесто се користат мобилните апликации со 54,7% или висок годишен раст од 19,6%, што повторно укажува на натамошно менување на платежните навики во прилог на користењето на поудобните дигитални канали за плаќање.

Банки

НЛБ Банка со акција за младите: Купи една, добиј втора кино карта бесплатно

Објавено

на

NLB Banka Skopje информираше за нова промотивна понуда за младите корисници на NLB Next пакетот, со која секоја среда овозможува гратис билет за кино.

Од Банката велат дека со Mastercard Debit картичката за млади, корисниците при купување на еден билет добиваат втор билет бесплатно.

Промоцијата важи денеска, 27 мај, во киното Cineplexx.

Поволноста се однесува исклучиво на билети купени на билетарницата во Cineplexx со Mastercard debit картичка за млади, без разлика дали е физичка или дигитална картичка преку NLB Pay.

„Сите одат на дејт. Не сите плаќаат две карти“, порачаа од НЛБ Банка Скопје во објавата за кампањата.

Продолжи со читање

Банки

Халкбанк АД Скопје информираше дека пензиите за месец мај се веќе исплатени и достапни за корисниците

Објавено

на

Од Банката соопштија дека од денеска, 27 мај 2026 година, средствата се достапни на сметките на пензионерите во сите филијали на Халкбанк, на банкоматите, како и преку електронското и мобилното банкарство.

Доколку пензионерите претходно дале согласност, пензиите можат да ги подигнат и во поштенските единици на Пошта на Северна Македонија.

„Пензиите за мај се веќе достапни“, соопшти Халкбанк АД Скопје.

Продолжи со читање

Банки

АЛТА Банка: Денеска започнува исплатата на мајските пензии

Објавено

на

АЛТА Банка АД Битола информираше дека денеска, 27 мај 2026 година, ќе биде извршена исплатата на пензиите за месец мај.

Од Банката соопштија дека пензиите ќе бидат навремено достапни на трансакциските сметки на пензионерите, како и преку мрежата на банкомати и експозитури.

„Пензиите ќе бидат навремено достапни на Вашите трансакциски сметки и преку мрежата на банкомати и експозитури на Банката“, соопшти АЛТА Банка.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange