Connect with us
no baners

Банки

Девизните резерви на крајот на јули изнесувале 3,8 милијарди евра

Објавено

на

no baners

Девизните резерви на крајот на  јули годинава изнесувале 3.801,7 милиони евра, соопшти Народна банка.

Најголем дел од девизните резерви се пласирани во хартии од вредност (63,8%), по што следуваат валутите и депозитите (25,6%) и монетарното злато (10,4%).

Оттаму истакнуваат дека рамката за изготвување на стандардните извештаи за девизните резерви и девизната ликвидност се заснова на два меѓусебно поврзани концепти – официјалните девизни резерви и девизната ликвидност.

„Податоците се однесуваат на состојбата на девизните резерви и останати девизни средства на НБРСМ на определен датум. Девизните резерви се дефинираат како средства коишто ѝ се веднаш расположливи на монетарната власт и се контролирани од монетарната власт, а служат за финансирање на платниот биланс преку интервенција на девизниот пазар со цел да се влијае врз девизниот курс и/или за други цели. Останатите девизни средства се составени од девизните средства на централната банка коишто не ги исполнуваат основните критериуми за нивно вклучување во девизните резерви.

Девизна ликвидност е поширока дефиниција на девизните резерви, опфаќајќи ги од една страна, девизните средства расположливи веднаш на властите (монетарната власт и централната влада) за задоволување на побарувачката за девизи, а од друга страна, краткорочните девизни обврски и вонбилансните активности, преку планираните и потенцијалните нето-одливи на девизни средства врз оваа основа”, стои во соопштението од Народната банка.

no baners

Банки

Планирана надградба на ИТ системите во Стопанска банка – можни прекини на картични трансакции

Објавено

на

Стопанска банка АД – Скопје информира дека во раните утрински часови на 4 март ќе се спроведе рутинска надградба на информатичката технологија, со цел подобрување и зголемување на капацитетите на системите.

Од банката соопштија дека во текот на изведувањето на активностите може привремено да се појават прекини во достапноста на картичните трансакции. Ова се однесува на користење на банкомати, плаќања преку интернет, како и трансакции во трговската мрежа.

Од Стопанска банка апелираат клиентите да го земат предвид известувањето при планирање на своите активности.

„Ве молиме да го земете ова известување предвид при планирање на вашите активности. Благодариме на разбирањето“, соопштија од Стопанска банка АД – Скопје.

Продолжи со читање

Банки

ПроКредит Банка со нов потрошувачки кредит: апликација само со лична карта и одлука за 24 часа

Објавено

на

ПроКредит Банка воведе потрошувачки кредит што може да се аплицира само со лична карта, со одлука во рок од 24 часа и фиксна каматна стапка од 5,5 проценти. Кредитот е достапен и за лица кои не се постоечки клиенти на банката.

Од банката информираат дека процесот е поедноставен и без дополнителна документација, со цел клиентите побрзо да дојдат до потребните средства – било да станува збор за реновирање, набавка на опрема, едукација или покривање тековни и непредвидени трошоци.

Фиксната каматна стапка од 5,5 проценти овозможува стабилна месечна рата во текот на целиот период на отплата. Како пример, за кредит од 100.000 денари со рок на отплата од 12 месеци и фиксна камата од 5,5 проценти, месечната рата би изнесувала 8.584 денари, а вкупниот износ за враќање 103.004 денари. Од банката посочуваат дека примерот е информативен и не претставува обврзувачка понуда.

Кредитот нуди и можност за рефинансирање, односно спојување на повеќе постоечки обврски во една месечна рата, со што се поедноставува управувањето со финансиските обврски. Дополнително, клиентите можат да обезбедат и средства над износот потребен за затворање на старите кредити.

Љубин Наумовски, раководител на Одделот за физички лица во ПроКредит Банка, изјави дека целта е клиентите да добијат одржливо и транспарентно решение. Според него, при одобрување на кредитот се прави внимателна проценка на приходите и можностите на апликантот, со фокус на долгорочна финансиска стабилност.

Аплицирањето е можно преку веб-страницата на банката или во нејзините филијали низ земјата, а одлуката се носи во рок од еден ден.

Продолжи со читање

Банки

Народната банка објави повик за трудови за 57. сесија на Клубот на истражувачите

Објавено

на

Народната банка ги повикува истражувачите да се пријават за учество на 57. сесија на Клубот на истражувачите, која ќе се одржи на 27 март 2025 година (петок) со почеток во 13 часот, во просториите на Народна банка на Република Северна Македонија.

Од институцијата ги охрабруваат сите заинтересирани автори да достават свој работен материјал за презентација на сесијата најдоцна до 18 март 2025 година (среда), на електронската адреса [email protected].

Трудовите треба да бидат подготвени во согласност со современите научноистражувачки стандарди, што подразбираат примена на емпириска анализа и јасно систематизирани заклучоци. На Клубот може да се презентираат и истражувања во работна верзија, со цел поттикнување стручна дебата и размена на мислења.

Клубот на истражувачите функционира како отворена платформа за презентација и дискусија на научни трудови, со посебен фокус на монетарната политика и макроекономијата. Членството е од отворен карактер, а повеќе информации за условите и начинот на приклучување се достапни на веб-страницата на Народната банка.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange