Connect with us

Банки

ДОБРА ВЕСТ – Македонските банки ги признаваат документите за лична идентификација и патни исправи со Република Македонија

Објавено

на

Во текот на вчерашниот ден на фејсбук профилот на Министерството за внатрешни работи како бомба одекна веста дека согласно донесените законски измени во врска со Преспанскиот договор, од утре (13.02.2024 година) патните исправи со името Република Македонија престануваат да важат и во важност ќе бидат само патните исправи со името Република Северна Македонија.

Оваа информација значително ги револтираше граѓаните кои бурно реагирааа на оваа вест, бидејќи оваа Одлука на МВР значително ќе им го отежни нивното функционирање.

Меѓутоа, за разлика од Министерството за внатрешни работи кое наместо да работи во интерес на граѓаните, прави револт кај граѓаните, македонските банки се разумни и значително им излегуваат во пресрет на корисниците.

Банкарските клиенти може да останат смирени бидејќи без разлика дали имаат лична карта или пасош со Република Македонија или со Република Северна Македонија истите ќе можат да ги користат непречено во сите домашни банки за идентификација доколку на истите не им е изминат рокот на важност.

Банките апелираат до своите клиенти, откако ќе извадат нова лична карта со променетото име на државата да се обратат во своите матични банки каде имаат сметки и да ги ажурираат личните податоци.

Банки

Поддршка од Комерцијална банка и за 20-та јубилејна награда „Новите“ за дебитантски прозен ракопис

Објавено

на

Со поддршка од Комерцијална банка, беше доделена и 20-та јубилејна награда „Новите“ за најдобар дебитантски прозен ракопис. Јубилејното издание на оваа значајна награда беше збогатено со вечер на 20-те досегашни победници, а Комерцијална банка е особено горда што ја поддржува оваа литературна манифестација од самиот нејзин почеток.

Оваа година, наградата „Новите“ ѝ беше доделена на Мила Митевска за нејзиниот ракопис „Фиока”. Наградата традиционално ја доделува книгоиздателството „Темплум“.

Комерцијална банка како ексклузивен спонзор обезбедува парична награда за лауреатот и средства за печатење и објавување на награденото дело.

„Со особено задоволство го одбележуваме јубилејното 20-то издание на наградата „Новите“, затоа што оваа година е јубилејна и за Комерцијална банка, која одбележува 70 години постоење. Нашиот мотив за поддршката на овој конкурс останува непроменет и по сиве овие години, а тоа е дадеме поттик на новите автори да го направат првиот чекор во личното творештво, со што ја збогатуваат и ризницата на македонската книжевност“, изјави Андреј Јовковски, директор на Самостојната дирекција за маркетинг во Комерцијална банка.

Со континуираната поддршка на наградата „Новите“, Комерцијална банка ја потврдува својата посветеност на развојот на културата и на литературата и поттикнување на талентираните автори. Вложувањето во креативноста и во уметноста е дел од нашата поширока мисија, која значи придонес за создавање општество што ќе расте преку знаење, инспирација и вредности што траат.

Продолжи со читање

Банки

Алта Банка успешно го заврши преземањето на Стопанска Банка а.д. Битола

Објавено

на

Алта Банка официјално влегува на македонскиот пазар, завршувајќи ја аквизицијата на Стопанска Банка а.д. Битола, воедно потврдувајќи ја својата стратегија за раст и проширување на своите деловни операции во регионот.

Според неофицијалните информации до кои дојде Банкарство, Алта Банка откупи над 88% од вкупниот број на издадени обични акции, односно се стекна со бројка од 344.420 акции од повеќе од 250 акционери, што ја прави оваа трансакција успешна и значајна за банкарскиот сектор во Македонија.

Согласно неофицијалните информации, прагот на успешност е достигнат уште на 21.09.2025 година. Понудата до тој датум ја имале прифатено вкупно 54 акционери кои поседуваат 291.992 акции, што претставува 74,68% од вкупниот број акции на Стопанска банка а.д. Битола.

Првично, намерата за преземање на Стопанска Банка а.д. Битола беше објавена од страна на Алта Банка, но постапката беше привремено запрена поради промена на преземачот во рамките на истата групација. Новото одобрение за преземање Алта Банка го доби на 11 септември годинава, по што веднаш беше објавена јавната понуда за преземање на акциите.

Со ова преземање, Алта Банка не само што го влегува на македонскиот банкарски пазар, туку и ја проширува својата мрежа на клиенти и финансиски производи. Според аналитичарите, оваа трансакција е стратешки чекор кој ќе и овозможи на групацијата подобра синергија и ефикасно искористување на капиталот и ресурсите.

Поглед кон иднината

Аналитичарите нагласуваат дека успешното преземање на Стопанска Банка а.д. Битола од страна на Алта Банка претставува пример за континуирано консолидирање на банкарскиот сектор во Македонија. Алта Банка со ова ја потврдува својата стратегија за раст и проширување на деловните операции во регионот, како и фокусот кон воведување на иновативни решенија за своите клиенти.

Во наредниот период се очекува подобрување на услугите, воведување нови производи и засилување на конкурентската позиција на пазарот, што дополнително ја прави оваа аквизиција значајна за целиот финансиски сектор.

Продолжи со читање

Банки

ММФ и Светска банка ги почнаа есенските состаноци во Вашингтон

Објавено

на

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Светската банка денеска ги отворија своите годишни есенски состаноци во Вашингтон, во услови на забавен глобален раст, трговски тензии и зголемена неизвесност во економските политики.

На состаноците учествуваат министри за финансии, гувернери на централни банки и претставници на развојни институции од целиот свет.

Главниот настан оваа недела ќе биде утрешното објавување на ажурираниот глобален економски извештај на ММФ. Во јулската прогноза Фондот предвиде глобален раст од 3 отсто за оваа година и 3,1 отсто за 2026 година.

Особено внимание ќе биде насочено кон влијанието на новите трговски мерки на американскиот претседател Доналд Трамп. Генералната директорка на ММФ, Кристалина Георгиева, предупреди дека „целосниот ефект на новите царини сè уште не е познат“.

„Неизвесноста стана новата нормалност и ќе остане со нас“, изјави Георгиева минатата недела.

Меѓу темите на состанокот ќе биде и влијанието на вештачката интелигенција врз глобалната економија. Банката на Англија неодамна предупреди на можен „меур“ на пазарите поврзан со инвестиции во вештачка интелигенција, кој би можел да предизвика „нагло коригирање“ на финансиските пазари во случај на промена на инвеститорските очекувања.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange