Connect with us

Банки

Централна кооперативна банка АД Скопје оствари стабилни резултати во третото тримесечје од 2025 година

Објавено

на

Во периодот од јануари до септември 2025 година, Централна кооперативна банка оствари добивка од 18,54 милиони денари, при што банкарската работа продолжува да се одвива во услови на стабилен економски раст, инфраструктурни инвестиции и зголемена побарувачка.

Централна кооперативна банка забележа 14% раст на вкупната актива, со остварен план од 107%, додека кредитите и побарувањата од други комитенти се зголемија за 5%, со планско исполнување од 99%. Паричните средства и еквиваленти се зголемени за 17%, а вложувањата во хартии од вредност бележат раст од 38% во однос на планот.

Во услови на растечка инфлација и повисоки каматни стапки, Банката ги зголеми каматните стапки на депозитите, што резултираше со пораст на расходите за камати од 15%, додека приходите од камати пораснаа за 8% на годишно ниво. Нето-каматниот приход забележа пораст од 4%, а приходите од провизии и надоместоци се зголемија за 2% во споредба со истиот период минатата година.

Банката продолжува со стабилно портфолио на кредити, висок квалитет на активата и одржување на силна капитална позиција, додека зголемените нето-приходи од курсни разлики (+24%) и останатите приходи од дејноста (+60%) ја зајакнуваат финансиската стабилност.

Во следниот период, Централна кооперативна банка ќе продолжи со поддршка на клиентите, дигитализација, оперативна ефикасност и иновативни решенија, како и со активности за одржлив развој и корпоративна одговорност, обезбедувајќи сигурност и стабилност на сите сегменти од работењето.

Банки

Јубилејни награди за 18 вработени за долгогодишна посветеност и успех во Комерцијална банка

Објавено

на

Комерцијална банка традиционално го одбележа Денот на штедењето и со доделување признанија и парични награди на 18 вработени, кои со години придонесуваат за развојот и успехот на Банката.

Наградените вработени оваа година одбележуваат 15 и 30 години работа во Комерцијална банка и се вистинска инспирација за новите генерации што ја градат својата кариера во Банката.

Тие заедно со целиот тим на Комерцијална банка секојдневно се посветени на потребите на клиентите, го движат напред развојот на Банката и го создаваат нејзиниот успех.

На сите наградени, Комерцијална банка им упатува благодарност за долгогодишната посветеност, професионализам и лојалност, со желба за уште многу заеднички достигнувања и нови успеси.

Продолжи со читање

Банки

УНИБанка го одбележа месецот на штедење со финансиска едукација за деца и млади

Објавено

на

Во рамки на октомври – месецот на штедење, УНИБанка и оваа година организираше серија интерактивни активности насочени кон финансиска едукација на децата и младите.

Кампањата опфати различни категории на образовни институции, градинки, основни и средни училишта, како и факултети низ целата држава.

Активностите беа насочени кон подигнување на свеста за важноста на штедењето и управувањето со финансиите, запознавање со основните концепти на финансиска одговорност и развивање општествено одговорна свест. Преку практични примери, учениците и студентите активно учествуваа, поставуваа прашања и учеа за планирање на трошоците, рационално трошење и поставување финансиски цели.

Во рамки на активностите, овој октомври беше промовиран и пакетот за млади UniQ со цел да се поттикне финансиска самостојност и да им се овозможи на младитеполесен пристап до банкарски услуги.

Како дел од иницијативата, децата и младите добија тематски подароци, кои не само што служат за учење, туку и ги поттикнуваат на одговорно размислување за животната средина и општествената улога на секој поединец.

Со овие активности, УНИБанка продолжува да вложува во иднината на младите, промовирајќи вредности на финансиска писменост, одговорност и одржлив развој.

Банката останува посветена на својата мисија, да создава финансиски свесно и одговорно општество, во кое секоја генерација знае како да управува со своите финансии.

Заедно создаваме основа за подобра финансиска иднина!

ПР објава

Продолжи со читање

Банки

Комерцијална банка започна со исплата на пензиите за месец октомври

Објавено

на

Комерцијална банка ја информира јавноста дека исплатата на пензиите за октомври започна од денес – (петок, 31 октомври 2025 година).

Пензионерите кои користат дебитна картичка можат да располагаат со своите средства веднаш истиот ден, без потреба од посета на филијала. Банката ги охрабрува клиентите да ја користат картичката за безготовински плаќања во продавници, онлајн купувања, или за подигнување готовина од банкоматите на Комерцијална банка, кои се достапни низ целата земја.

За оние кои претпочитаат исплата на шалтер, подигнувањето на пензијата ќе биде можно од 31 октомври (петок), како и во секој нареден работен ден.

Мапата со локациите на Комерцијална банка е достапна на следниот линк: https://www.kb.mk/lokacii-kb.nspx?type=branch

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange