Connect with us

Бизнис

Casys сертифициран според PCI DSS 4.0.1 – потврда за највисоки стандарди на безбедност во картичните трансакции

Објавено

на

Компанијата Casys официјално ги помина сите проверки и ја доби најновата верзија на глобалниот сертификат за безбедност на картични трансакции – PCI DSS (Payment Card Industry Data Security Standard) верзија 4.0.1. Оваа верзија претставува најстрог и најсеопфатен безбедносен стандард во индустријата и е задолжителна за сите ентитети што обработуваат, складираат или пренесуваат податоци од платежни картички.

Во период од последните две години, глобалната платежна индустрија интензивно работеше на адаптација кон новите барања на стандардот, кој воведува напредни механизми за автентикација, енкрипција, управување со ризик и мониторинг. Casys ја заврши целокупната сертификација беспрекорно, без застои, без проблеми и без компромиси, што е значаен успех и потврда за зрелоста на системите и процесите што компанијата ги применува.

Што значи PCI DSS 4.0.1 за Casys и за пазарот?

Подигнато ниво на заштита на чувствителни податоци на клиентите, партнерите и корисниците на платежните услуги. Усогласеност со најновите регулативи, вклучително и задолжителните безбедносни контроли кои се однесуваат на енкрипција, мултифакторска автентикација, управување со пристап и постојано следење на системите. Признавање на Casys како лидер во областа на платежните технологии, кој не само што ги исполнува, туку и поставува нови стандарди во индустријата. Зголемена доверба во македонскиот финтек и финансиски екосистем, преку демонстрација на капацитет за работа според највисоки интернационални безбедносни протоколи.

Во време на зголемени сајбер закани и регулаторна комплексност, овој чекор претставува јасен сигнал дека Casys останува посветен на унапредување на дигиталната доверба и градење стабилна, безбедна и иновативна платформа за иднината на плаќањата во Македонија и пошироко во регионот.

Бизнис

Нови назначувања во Управата и во Надзорниот одбор на Атлантик Група

Објавено

на

 Домитер е назначена за членка на Управата на Атлантик Група задолжена за човечки потенцијали и култура, што претстваува сериозна поддршка за Управниот одбор во спроведувањето на корпоративната стратегија и за идниот развој на компанијата.

На седницата која се одржа на 4 септември, Надзорниот одбор на Атлантик Група донесе одлука за назначување на нови членови на Управата и Комисиите на Надзорниот одбор, како и за избор на Заменик претседател на Надзорниот одбор. 

Надзорниот одбор ги потврди новите тригодишни мандати на членовите на Управата Лади Тедески Фиорио и Среќко Накиќ (од 3 октомври 2025), како и на Мате Штетиќ (од 9 ноември 2025), заедно со актуелните мандати на Емил Тедески, Невен Вранковиќ и Зоран Станковиќ. Досегашната сениор извршна директорка Мојца Домитер е назначена за нова членка на Управата на Атлантик Група одговорна за областа на човечки потенцијали и култура, со почеток на тригодишен мандат од 5 септември 2025. Со најновото проширување на Управата на Атлантик Група дополнително се зајакнува менаџерскиот тим во насока на реализација на корпоративната стратегија и идниот развој на компанијата, со свеста дека луѓето и културата се клучни за успешна работа.

Мојца Домитер има повеќе од 20 години професионално искуство во широкиот спектар на индустријата, вклучувајќи производи за широка потрошувачка, фармацевтска индустрија и телекомуникации. Во најголемиот дел од кариерата работи на обликување на стратегии и процеси поврзани со луѓе, водела оддели за човечки потенцијали во VIPnet, JGL Rijeka, а од 2011 година предводи клучни иницијативи од областа на културата, развојот на лидерство и процеси поврзани со луѓе во Атлантик Група. Во компанијата имплементираше групни состави базирани на учинок, талент и унапредување, со значаен раст на ангажираноста на вработените и зајакнување на препознатливоста на Атлантик Група како посакуван работодавец. Дипломирала психологија на Универзитетот во Ријека, завршила EXECUTIVE MBA на Cotrugli Business School и дополнително се усовршила на IESE во Лондонската Бизнис школа, во Ешриџ и на Харвард.

Со потврдениот нов состав на Управата на компанијата, Надзорниот одбор усвои и нови состави на неговите Комисии. Комисијата за ревизија сега ја сочинуваат претседателот Ларс Петер Елам Хакансон, членовите Андреа Гисле Јусен, Зоран Вучиниќ и Карл Вајнфуртер (избран на Главното собрание во јули 2025). Комисијата за развој на водство и надградување сега е сочинета од Моника Елизабет Шулце, членовите Флоренс Жантет, Весна Невистиќ, Александар Пекеч и Зоран Сушањ (надворешен експерт), а Комисијата за општествена одговорност и корпоративно управување сега е во состав од претседателката Ања Сетина Набергој, членовите Синиша Петровиќ и Нина Тепеш (надворешен експерт).

Покрај наведеното, на седницата членот на Надзорниот одбор Синиша Петровиќ беше повторно избран на функцијата Заменик претседател на Надзорниот одбор, а оваа должност ќе ја обавува заедно со веќе постоечкиот Заменик претседател на Надзорниот одбор Моника Елизабет Шулце.

Продолжи со читање

Бизнис

Иднината на е-трговијата пристигнува во Скопје: осмото издание на најголемата конференција во регионот

Објавено

на

На 4 ноември 2025 година, Скопје повторно ќе биде центарот на е-трговијата на Балканот. Во организација на Асоцијацијата за е-трговија на Северна Македонија (АЕТСМ), на 4ти ноември ќе се одржи 8. Регионална конференција за е-трговија, во просториите на Националната опера и балет. Овој настан ја претставува најголемата и највлијателна конференција од ваков тип во регионот, која веќе осум години по ред ги поврзува најрелевантните чинители од индустријата.

Конференцијата, која трета година по ред има регионален карактер, минатата година собра 742 учесници од целиот Балкан. Оваа година се очекува уште поголема посетеност, што говори фактот дека интерес за конференцијата оваа година во рана фаза се покажува од целиот регион и повеќе од 300 учесници веќе го потврдија нивниото присуство во рана фаза.

Осмото издание на оваа конференција носи и неколку новитети. Првпат, конференцијата ќе се одвива на две сцени, од кои едната ќе биде фокусирана на главни говори, панел дискусии и разговори еден на еден, а другата на практични работилници. Оваа година конференцијата се проширува и тематски, па покрај е-трговијата, фокусот ќе биде и на маркетингот и вештачката интелигенција (AI) кои се клучни во развојот на дигиталната трансформација и е-трговијата, што значително го зголеми интересот кај компаниите и професионалците од регионот и пошироко.

„Очекуваме над 800 учесници од бизнис секторот од Македонија и од земјите од регионот. Веќе се потврдени говорници од глобални компании како TikTok, Booking, Direct Media и Dolce & Gabbana, а во тек се активни преговори со други светски познати брендови. Интересот од компаниите за учество, партнерство и присуство е поголем од било кога досега, а тоа посебно не радува бидејќи уште еднаш се покажа дека овој настан покрај што е препознаен како најголем бизнис настан во Македонија – истиот е високопосакуван и препознатлив и од целиот регион.” – велат организаторите.

Конференцијата ќе понуди инспиративни говори и реални примери од глобалната и регионалната сцена, како и дискусии за иднината на е-трговијата, маркетингот и примената на AI во секојдневното работење. За подобро поврзување помеѓу учесниците, повторно ќе биде достапна мобилната апликација за однапред закажување индивидуални состаноци. Во рамки на настанот ќе биде поставена и експо зона за промоција на новите производи и услуги на партнерите, како и можности за директен контакт и соработка со компании, стартапи, инвеститори, регулатори и институции.

Овогодинешната конференција е поддржана од Visa како платинум партнер, Халкбанк како стратешки партнер, Корпа како партнер за храна и достава, Brainster како AI партнер, A1 како дигитален партнер, а Ananas и Casys се вклучени како златни партнери. Сребрени партнери се Комерцијална банка, IUTE, Филип Морис Интернационал, Сава пензиско друштво, Гранд Скопје, Public Cloud Group и Wolt, заедно со повеќе бронзени партнери.

Регистрацијата за оваа конференција може да се направи преку официјалната веб- страница: https://ecommerceconference.mk.

Наскоро ќе бидат објавени и повеќе детали за агендата и говорниците. Конференцијата веќе најавува незаборавно осмо издание кое не само што ќе ја трасира патеката за развојот на е-трговијата во регионот за 2026 и понатаму, туку и ќе инспирира со конкретни идеи и партнерства што ќе го движат регионот напред.

Продолжи со читање

Бизнис

Секој почеток е полесен кога е „како по вода“ – Back to School без финансиски стрес!

Објавено

на

Септември е на прагот со нови возбудливи моменти за децата, но и со нови финансиски предизвици за родителите. Купување книги, ранци, тетратки, прибор за цртање, спортска опрема или нов компјутер – списокот е долг, а трошоците знаат да бидат големи токму во период кога семејниот буџет е најоптоварен.

Како што традиционално се фрла чаша вода за среќа и успешен почеток, така и ние во Mint Credit сакаме да бидеме вашиот добар знак за лесен и безгрижен старт на учебната година. Со Mint Credit добивате aванс до плата – 20.000 МКД со 0% камата и без дополнителни трошоци*.

Колку земаш – толку враќаш!

Со Mint Credit, овој септември училишните подготовки стануваат полесни од кога било. Со понудата аванс до плата добивате финансиска поддршка кога ви е најпотребна, а враќате точно онолку колку што позајмивте.

Она што е најважно е што средствата може да ги искористите каде и да сакате:

  • Во книжара за книги, прибор и училишен материјал,
  • За нова чанта, патики или спортска опрема,
  • За таблет или лаптоп кој ќе им помогне на децата во учењето
  • Или за било која друга потреба поврзана со стартот на учебната година.

Аплицирањето е брзо и лесно преку Mint App – со само неколку клика го добивате потребниот износ директно на вашата сметка. Нема редици, нема чекање, сè завршувате од удобноста на вашиот дом.

Ние веруваме дека секое дете заслужува да тргне во новата учебна година подготвено, со самодоверба, насмевка и чаша вода по нив за успешен почеток. А вие заслужувате да уживате во тие моменти, наместо да се грижите за финансии.

Со Mint Credit, овој септември вашето семејство ќе биде подготвено за нови успеси – лесно, сигурно и без финансиски стрес.

За повеќе информации, посетете ја нашата веб-страница, контактирајте нѐ на 15 107, или во некоја од нашите филијали. Ние сме тука за вас!

*Оваа понуда важи за првиот земен кредит од ваков тип.

ПР објава

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange