Connect with us
no baners

Бизнис

„Признаваме – не можеме без вас“: FLEX CREDIT го прогласи тимот за најголем капитал на компанијата

Објавено

на

Под мотото „Признаваме – не можеме без вас“, Flex Credit оваа година ја посвети својата годишна конференција на тимот кој секојдневно ја гради и ја движи компанијата напред. На настанот се собраа вработени , но и колегите од Босна, Црна Гора, Романјиа, Бугарија кои ги споделија своите досегашни искуства, практики и предизвици.

Со 380 вработени и 65 филијали на Flex Credit, дополнети со мрежата од 40 филијали на Земи Пари, Flex Group важи за еден од најголемите приватни финансиски работодавци во Македонија. Групацијата во континуитет вложува во развојот на кадарот преку својата Бизнис Академија и специјализирани програми за обука и напредок. Во рамките на компанијата работи и Flex Broker — брокерско друштво чија мисија е, преку партнерства со водечките осигурителни компании, да понуди најдобри и најсоодветни осигурителни решенија на клиентите.

Горди сме што сме компанија која луѓето ја избираат не само заради стабилноста, туку и заради можноста за раст, учење и соработка. Нашата цел е Flex Credit да биде место каде секој вработен се чувствува ценет и мотивиран, а успехот на вработените е наша најголема сатисфакција,“ изјави генералната директорка, Јоана Спасовска

Во рамки на конференцијата беа доделени награди на вкупно 63 вработени кои добија ваучери за патување за нив и нивните  семејства, на вработени кои со компанијата ги одбележуваат 5 години работа, како и на најуспешните тимови за првата половина на 2025 година. Со тоа, Flex Credit уште еднаш покажа дека човечкиот капитал е во срцето на секоја нејзина стратешка одлука и планирање.

Со јасни планови за развој на нови услуги преку Flex Pay, зајакнување на финансиските технологии и дополнителна експанзија, Flex Credit ја гледа иднината како можност да го консолидира лидерството во финансискиот сектор и да остане доверлив партнер на граѓаните и бизнисите во Македонија.

Бизнис

УЈП ја стартува третата фаза од проектот е-Фактура: Компаниите добиваат веб-апликација за тестирање

Објавено

на

Управата за јавни приходи ја започна третата фаза од имплементацијата на проектот е-Фактура, овозможувајќи им на компаниите пристап до веб-апликација преку која ќе можат практично да го тестираат системот за електронска размена на фактури.

Новата тест-околина им овозможува на малите, средните и големите компании едноставно да креираат, испраќаат, прифаќаат, одбиваат и сторнираат електронски фактури, како и да тестираат различни даночни сценарија преку 12 даночни индикатори.

Проектот се реализира по фази. Во првата фаза беше тестирана интеграцијата на ERP системите на компаниите со платформата е-Фактура, додека во втората фаза беа воведени дополнителни API сервиси и нови функционалности за обработка на фактурите. Со третата фаза, УЈП прави значаен чекор кон поедноставување на пристапот до системот и негово пошироко користење од страна на бизнис-заедницата.

За поефикасно тестирање, УЈП воспостави соработка со околу 200 компании кои ќе учествуваат како избрани тестирачи и ќе доставуваат повратни информации за функционалностите на системот. Истовремено, институцијата продолжува со едукативни активности во соработка со стопанските комори и деловните здруженија, при што досега се реализирани околу 30 информативни средби.

Во наредниот период ќе бидат организирани дополнителни презентации низ државата, а ќе бидат објавени и вебинар и детално упатство за користење на системот.

Од Управата за јавни приходи ги повикуваат сите компании активно да ја користат тест-апликацијата и да доставуваат предлози, забелешки и препораки, со цел понатамошно унапредување на платформата и подготовка за целосна примена на системот е-Фактура.

Продолжи со читање

Бизнис

Македонските аеродроми со рекорден раст од над 31 процент, меѓу лидерите во Европа

Објавено

на

Меѓународниот аеродром Скопје и Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид се вбројуваат меѓу најбрзо растечките аеродроми во Европа, покажува најновата анализа на Меѓународниот совет на аеродромите – Европа (ACI Europe) за воздушниот сообраќај во април 2026 година.

Според извештајот, Северна Македонија бележи раст на патничкиот сообраќај од 30,6 проценти, што ја позиционира пред повеќето европски пазари и ја става во групата на најуспешни земји надвор од Европската Унија. Зад неа се рангирани Албанија со раст од 25,3 проценти и Молдавија со 24,6 проценти.

Податоците на „ТАВ Македонија“, која управува со двата аеродрома, покажуваат дека во периодот јануари – мај годинава преку скопскиот и охридскиот аеродром патувале 1.580.932 патници, што претставува зголемување од 31,2 проценти во споредба со истиот период лани. Во исто време биле реализирани 10.595 летови, односно 9,5 проценти повеќе од минатата година.

Генералниот директор на „ТАВ Македонија“, Неџат Курт, оцени дека резултатите се потврда за растечката побарувачка за воздушен превоз и за зголемената атрактивност на земјата како туристичка и бизнис-дестинација.

„Во услови кога дел од европските пазари бележат стагнација или пад на патничкиот сообраќај, македонските аеродроми продолжуваат да растат со двоцифрени стапки. Тоа е резултат на инвестициите во инфраструктурата, развојот на услугите и соработката со авиокомпаниите“, посочи Курт.

Од ACI Europe наведуваат дека април 2026 година претставува пресвртница за европскиот воздушен сектор, при што геополитичките случувања, особено на Блискиот Исток, почнуваат да влијаат врз динамиката на растот на воздушниот сообраќај.

Меѓу најголемите европски пазари најдобри резултати бележат аеродромите во Шпанија и Италија, додека Германија, Велика Британија и Франција регистрираат намалување на бројот на патници.

Последните податоци потврдуваат дека македонските аеродроми го продолжуваат трендот на силен раст и ја зацврстуваат позицијата на земјата на европската воздухопловна мапа.

Продолжи со читање

Бизнис

Витаминка откупи сопствени акции, уделот на трезорски акции достигна 4,14 проценти

Објавено

на

Прехранбената компанија Витаминка АД откупи 250 сопствени акции на 2 јуни, што претставува 0,33 проценти од вкупниот акционерски капитал на друштвото.

По спроведената трансакција, компанијата поседува вкупно 3.180 трезорски акции, односно 4,14 проценти од вкупниот број издадени акции, соопшти Витаминка преку известување доставено до Македонската берза.

Според податоците од Македонска берза, на 2 јуни акциите на Витаминка се тргувале по просечна цена од 12.501 денар по акција.

Основната главнина на компанијата е поделена на 76.720 обични акции.

Последното тргување со акциите на Витаминка е регистрирано на 4 јуни, кога просечната цена повторно изнесувала 12.501 денар по акција.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange