Connect with us

Платежни картички

КаСис: Започна академската година со субвенциониран студентски оброк

Објавено

на

Мнозинството од студентите кои се квалификуваа за користење на субвенциониран студентски оброк, во рамки на проектот на Министерството за образование и наука, веќе ги подигнаа своите картички кои ги издава Шпаркасе Банка. Изработката на овие картички ја реализираше единствениот македонски процесор од областа на картичното работење, електронска трговија и сертифицирано биро за персонализација на картички КаСис АД. 

КаСис како еден од клучните партнери во реализацијата на овој извонредно важен проект успеа во исклучително краток временски период да ги изработи студентските картички за да овозможи навремен пристап до средствата на што е можно поголем број на студенти, притоа запазувајќи ги сите сигурносни стандарди и критериуми за квалитет и безбедност во процесот на изработка како и непречено комплетирање на сите законски процеси поврзани со издавањето на истите.

Среќни сме што со ова партнерство одигравме значајна улога во овој проект со изработката на картичките кои имаат за цел да го подобрат студентскиот стандард.  Нашиот тим работеше напорно за да обезбеди брзо издавање на овие картички, притоа како и секогаш придржувајќи се до најстрогите безбедносни стандарди. Сертификатите од страна на меѓународните мрежи како што е Виза се доказ за квалитетот на нашата работа, а овој проект уште еднаш ја докажа нашата лидерска улога во индустријата на платежните услуги и посветеност да обезбедиме беспрекорни и сигурни финансиски решенија.“, изјавија од Управниот одбор на КаСис.

Платежни картички

Наградна игра на ТТК Банка со Mastercard платежни картички

Објавено

на

ТТК Банка започна со организирање наградна игра за сите физички лица, клиенти на Банката кои се корисници на Mastercard платежни картички, дебитни и кредитни, издадени од Банката. Конкретно, платежни картички кои учествуваат во наградната игра се Mastercard Debit – дебитна картичка и Mastercard Credit – кредитна картичка. (more…)

Продолжи со читање

Платежни картички

„Помала камата, повеќе можности“: НЛБ Visa кредитните картички со промотивна 5,9% фиксна камата

Објавено

на

НЛБ Банка започнува промотивна кампања која се однесува на сите корисници на НЛБ Visa кредитни картички, односно Visa Classic и Visa Gold за физички лица.
(more…)

Продолжи со читање

Платежни картички

Масовен проблем со платежни картички, пос уреди и банкомати во Македонија

Објавено

на

Проблем со редовното функционирање на платежните картички и уредите на кои тие најчесто се користат (трговија и банкомати) се појави во текот на денешниот ден откако речиси сите платежни картички на сите уреди не се достапни за користење. (more…)

Продолжи со читање

Популарно