Connect with us
no baners

Банки

Борислав Трповски поднесе оставка од позицијата член на Надзорниот одбор на ТТК Банка АД Скопје

Објавено

на

Согласно Глава 6 од Правилата за котација, ТТК Банка АД Скопје известува за следната ценовно чувствителна информација:

„Врз основа на член 33 од Правилата за котација на Македонската берза на хартии од вредност, ТТК Банка АД Скопје известува дека на ден 14.2.2023 година г. Борислав Трповски поднесе писмена оставка од позицијата член на Надзорниот одбор на ТТК Банка АД Скопје. Во оставката, г. Борислав Трповски има наведено дека таа ќе влезе во сила на денот на добивање претходна согласност од Гувернерот на Народната банка на Република Северна Македонија за именување предложен член на Управниот одбор на ТТК Банка АД Скопје”, се вели во соопштението на ТТК Банка АД Скопје објавено на Македонска берза.

Во моментов, Надзорниот одбор на ТТК Банка АД Скопје го сочинуваат:

  • Бобан Гоговски – Претседател на Надзорен одбор;
  • Владо Камбовски – Заменик-претседател на Надзорен одбор;
  • д-р Арсен Јаневски – Член на Надзорен одбор;
  • Трим Ќемали – Член на Надзорен одбор;
  • Драгица Јовановска – Член на Надзорен одбор;
  • Златко Черепналкоски – Член на Надзорен одбор;
  • Борислав Трповски – Член на Надзорен одбор;

Банки

НЛБ Банка со акција за младите: Купи една, добиј втора кино карта бесплатно

Објавено

на

NLB Banka Skopje информираше за нова промотивна понуда за младите корисници на NLB Next пакетот, со која секоја среда овозможува гратис билет за кино.

Од Банката велат дека со Mastercard Debit картичката за млади, корисниците при купување на еден билет добиваат втор билет бесплатно.

Промоцијата важи денеска, 27 мај, во киното Cineplexx.

Поволноста се однесува исклучиво на билети купени на билетарницата во Cineplexx со Mastercard debit картичка за млади, без разлика дали е физичка или дигитална картичка преку NLB Pay.

„Сите одат на дејт. Не сите плаќаат две карти“, порачаа од НЛБ Банка Скопје во објавата за кампањата.

Продолжи со читање

Банки

Халкбанк АД Скопје информираше дека пензиите за месец мај се веќе исплатени и достапни за корисниците

Објавено

на

Од Банката соопштија дека од денеска, 27 мај 2026 година, средствата се достапни на сметките на пензионерите во сите филијали на Халкбанк, на банкоматите, како и преку електронското и мобилното банкарство.

Доколку пензионерите претходно дале согласност, пензиите можат да ги подигнат и во поштенските единици на Пошта на Северна Македонија.

„Пензиите за мај се веќе достапни“, соопшти Халкбанк АД Скопје.

Продолжи со читање

Банки

АЛТА Банка: Денеска започнува исплатата на мајските пензии

Објавено

на

АЛТА Банка АД Битола информираше дека денеска, 27 мај 2026 година, ќе биде извршена исплатата на пензиите за месец мај.

Од Банката соопштија дека пензиите ќе бидат навремено достапни на трансакциските сметки на пензионерите, како и преку мрежата на банкомати и експозитури.

„Пензиите ќе бидат навремено достапни на Вашите трансакциски сметки и преку мрежата на банкомати и експозитури на Банката“, соопшти АЛТА Банка.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange