Connect with us
no baners

Банки

Ангеловска-Бежоска за „Блумберг“: По минатогодишниот раст на дефицитот на тековната сметка, на среден рок се очекува постепено намалување во просек на околу 3% од БДП

Објавено

на

Минатата година дефицитот на тековната сметка на платниот биланс, според октомвриските проекции, се проценува на околу 7% од бруто домашниот производ (БДП), а на среден рок се очекува постепено намалување на околу 3% од БДП во просек. Зголемувањето на надворешно-трговскиот дефицит минатата година, доминантно како резултат на растот на цената на енергентите, влијаеше на проширување на дефицитот на тековната сметка, во услови кога останатите компоненти, а посебно приватните трансфери, имаа позитивно влијание. Трговскиот дефицит, исто така, се очекува да се стабилизира на среден рок, што ќе резултира со стеснување на дефицитот на тековната сметка“, изјави за „Блумберг“, гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, на маргините на Форумот на Централна и Источна Европа, во организација на Еуромани.   

Поизразените притисоци на увозната страна, не се очекува значајно да ја загрозат надворешната рамнотежа, имајќи го предвид високото ниво на приватни трансфери, кои покриваат значаен дел од трговскиот дефицит. Во првите девет месеци од 2022 година тие достигнаа околу 1,8 милијарди евра, или за 30,5% повеќе во однос на истиот период од претходната година. За годинава се очекува дефицитот на тековната сметка да се сведе на 5,6% од БДП, а потоа да продолжи да се намалува под претпоставка за постепено исцрпување на негативните ефекти од војната во Украина и стабилизирање на цените на енергенсите. Финансиските нето-приливи во целост би го финансирале дефицитот на тековната сметка, создавајќи услови за дополнителна кумулација на девизните резерви на среден рок. Значајно е да се напомене дека во целиот период на проекцијата се очекува задржување на девизните резерви на соодветното ниво, кои на крајот на декември 2022 годинадостигнаа 3,8 милијарди евра, што е едно од историски највисоките нивоа на девизни резерви во земјава.

Банки

АЛТА Банка: Денеска започнува исплатата на мајските пензии

Објавено

на

АЛТА Банка АД Битола информираше дека денеска, 27 мај 2026 година, ќе биде извршена исплатата на пензиите за месец мај.

Од Банката соопштија дека пензиите ќе бидат навремено достапни на трансакциските сметки на пензионерите, како и преку мрежата на банкомати и експозитури.

„Пензиите ќе бидат навремено достапни на Вашите трансакциски сметки и преку мрежата на банкомати и експозитури на Банката“, соопшти АЛТА Банка.

Продолжи со читање

Банки

Нова централна филијала за ново поглавје во работењето на Стопанска банка

Објавено

на

Во нов, современ простор во срцето на Скопје, Стопанска банка АД – Скопје ја отвори својата нова централна филијала, сместена во новата управна зграда на Банката. Станува збор за простор создаден да им понуди поудобно и помодерно банкарско искуство на клиентите. Како Банка со најдолга традиција во Македонија, Стопанска банка со овој нов објект отвора ново поглавје во своето работење, комбинирајќи современ дизајн, функционалност и финансиски услуги прилагодени на денешните потреби на клиентите.

Централната филијала „Гранд“ е лоцирана на ул. „Филип Втори Македонски“ бр. 6 во „Гранд бизнис центар“ и таа ќе ја замени досегашната главна филијала во Градскиот трговски центар (ГТЦ). Филијалата „Гранд“ е дизајнирана како современ, отворен и внимателно осмислен простор, во кој модерната естетика, функционалноста и удобноста се спојуваат во едно современобанкарско искуство. Со впечатлив ентериер, топла и пријатна атмосфера и концепт што поттикнува природна и непосредна комуникација меѓу клиентите и вработените, се создава амбиент во кој клиентите се чувствуваат добредојдено и удобно уште при првиот чекор.

Просторот е организиран така што овозможува персонализирано искуство за секој клиент, почнувајќи од посебни канцеларии за состаноци со деловните клиенти, до отворени и непосредни позиции за финансиски консултации и продажба со физички лица. Во филијалата се сместени благајни, како и внатрешен ATM простор каде клиентите можат да добијат поддршка и практична обука за користење на бесплатните АТМ услуги на Банката. Дополнително, веднаш до филијалата е поставена и нова 24/7 ATM зона со три cash-in банкомати, овозможувајќи им на клиентите брз и едноставен пристап до основните банкарски услуги во секое време.

Во новата корпоративна зграда е сместена и СТБ Брокер, специјализирана за брокерски и финансиски услуги, која располага со сопствен, засебен влез и модерни работни простории. На овој начин, клиентите на Стопанска банка на едно место добиваат комплетна финансиска услуга – од секојдневно банкарство до инвестициски и брокерски активности.

Нашата цел беше да создадеме простор кој нема да биде само класична банкарска филијала, туку место каде што клиентите ќе се чувствуваат добредојдено, пријатно, ќе добијат персонализирана услуга и ќе можат полесно и побрзо да ги користат современите банкарски решенија. Новата централна филијала е одраз на тоа како ние во Стопанска банка го гледаме и практикуваме модерното банкарство – отворено, достапно и ориентирано кон потребите на клиентите и современите трендови” – изјави Татјана Калајџиева, сениор директор за продажба и мрежа на филијали. 

Филијалата е официјално отворена на 26 мај и ќе работи со работно време од понеделник до петок од 8:30 до 16 часот.

Продолжи со читање

Банки

АЛТА банка: Вработените ја препознаваат Банката како стабилна и просперитетна институција

Објавено

на

Во АЛТА банка АД Битола успешно е реализирана анкета за организациска култура и задоволство на вработените, во соработка со консултантот Драгана Николиќ од N&P Business Consulting GmbH.

Како што информираат од Банката, во анкетата активно учествувале 87 проценти од вработените, а резултатите покажале дека тие ја препознаваат АЛТА банка како стабилна и просперитетна институција во која се градат доверба, тимска поддршка и вредности што ги промовира новото раководство.

Од Банката посочуваат дека за нив е особено важно што вработените отворено ги споделуваат своите мислења, идеи и предлози за подобрување на работната средина, оценувајќи дека токму тимот е клучен двигател на успешниот развој.

Воедно, најавуваат дека и во иднина ќе продолжат со континуирани обуки, тренинзи и активности за тимски развој, со цел инвестирање во професионалниот напредок на вработените и создавање позитивна и мотивирачка работна атмосфера.

„Заедно продолжуваме кон нови успеси и уште посилен развој на АЛТА банка АД Битола“, наведуваат од Банката.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange