Connect with us
no baners

Банки

Ангеловска-Бежоска на конференција на ММФ и ХНБ: Структурни реформи и пристап до меѓународно финансирање за поддршка на растот на регионот

Објавено

на

no baners

Според последниот извештај на Светскиот економски форум, ризикот од фрагментација на глобалната економија (деглобализација) е еден од трите најголеми глобални ризици, заедно со кризата на трошоците на животот и климатските ризици. Процесот на деглобализација може особено неповолно да делува на малите економии коишто по својата природа се повеќе зависни од надворешна трговија и пристап до надворешно финансирање. Ова беше дел од дискусијата на гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, на тркалезната маса којашто ја водеше директорката на ММФ, Кристалина Георгиева, во рамките на конференцијата под наслов „Водење политики во немирни води: Јакнење на отпорноста на Централна, Источна и Југоисточна Европа“, во организација на Хрватската народна банка (ХНБ) и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ). Конференцијата ја отвори директорката на ММФ, Кристалина Георгиева, заедно со премиерот на Република Хрватска, Андреј Пленковиќ и гувернерот на Хрватската народна банка, Борис Вујчиќ.

„Пандемијата и последиците од војната во Украина се еден од најголемите стрес-тестови на повеќедеценискиот процес на глобализација. Според некои оцени процесот на глобализација во изминатите четири децении овозможи зголемување на глобалниот доход за околу 10% во изминатата декада. Деглобализацијата е особен ризик за земјите од регионот, кај кои поради евентуалното намалување на трговските текови, како и на тековите на капитал, труд и технолошки иновации, може значително да се намалат потенцијалот за раст и реалната конвергенција“, посочи гувернерката во своето излагање.

Во овие економии во изминатите две декади, трговската интеграција значително се зголеми, достигнувајќи 113% од БДП, а зголемување бележат и финансиските текови, особено преку странски директни инвестиции. Сето ова овозможи пренесување финансии, знаење и технологии од поразвиените економии, а со тоа и забрзана реална конвергенција, којашто во просек се зголеми за околу 30 п.п. Сепак, во земјите од Западен Балкан, овој процес е побавен, поради што ризикот од деглобализација е особено голем предизвик за оваа група земји.

Земјите од Западен Балкан, коишто воедно и не се дел од Европската Унија, имаат пониско ниво на доход, коешто е само околу 40% од доходот на ЕУ, а поголеми потреби за инвестиции во инфраструктура. Ваквите состојби, како и новите предизвици коишто ги донесе енергетската криза и потребата за поголема дигитализација уште повеќе ја истакнуваат улогата на глобализацијата во развојот на овие економии. Оттука, неопходно е да им се посвети поголемо внимание на структурните реформи со кои ќе се намали ранливоста на овие економии и ќе се зголеми нивната отпорност на шокови, а воедно ќе се подигне и нивниот потенцијал за раст. Меѓународните институции можат да го поддржат овој процес преку дополнително финансирање, а особено за земјите коишто не се членки на ЕУ и немаат пристап до европските структурни фондови.

Конференцијата на која учествуваше гувернерката е од висок профил и традиционално ги обединува гувернерите на централните банки, како и министрите за финансии од регионот на ЦИЈЕ и високи претставници на меѓународни финансиски организации.

no baners

Банки

ПроКредит Банка со нов потрошувачки кредит: апликација само со лична карта и одлука за 24 часа

Објавено

на

ПроКредит Банка воведе потрошувачки кредит што може да се аплицира само со лична карта, со одлука во рок од 24 часа и фиксна каматна стапка од 5,5 проценти. Кредитот е достапен и за лица кои не се постоечки клиенти на банката.

Од банката информираат дека процесот е поедноставен и без дополнителна документација, со цел клиентите побрзо да дојдат до потребните средства – било да станува збор за реновирање, набавка на опрема, едукација или покривање тековни и непредвидени трошоци.

Фиксната каматна стапка од 5,5 проценти овозможува стабилна месечна рата во текот на целиот период на отплата. Како пример, за кредит од 100.000 денари со рок на отплата од 12 месеци и фиксна камата од 5,5 проценти, месечната рата би изнесувала 8.584 денари, а вкупниот износ за враќање 103.004 денари. Од банката посочуваат дека примерот е информативен и не претставува обврзувачка понуда.

Кредитот нуди и можност за рефинансирање, односно спојување на повеќе постоечки обврски во една месечна рата, со што се поедноставува управувањето со финансиските обврски. Дополнително, клиентите можат да обезбедат и средства над износот потребен за затворање на старите кредити.

Љубин Наумовски, раководител на Одделот за физички лица во ПроКредит Банка, изјави дека целта е клиентите да добијат одржливо и транспарентно решение. Според него, при одобрување на кредитот се прави внимателна проценка на приходите и можностите на апликантот, со фокус на долгорочна финансиска стабилност.

Аплицирањето е можно преку веб-страницата на банката или во нејзините филијали низ земјата, а одлуката се носи во рок од еден ден.

Продолжи со читање

Банки

Народната банка објави повик за трудови за 57. сесија на Клубот на истражувачите

Објавено

на

Народната банка ги повикува истражувачите да се пријават за учество на 57. сесија на Клубот на истражувачите, која ќе се одржи на 27 март 2025 година (петок) со почеток во 13 часот, во просториите на Народна банка на Република Северна Македонија.

Од институцијата ги охрабруваат сите заинтересирани автори да достават свој работен материјал за презентација на сесијата најдоцна до 18 март 2025 година (среда), на електронската адреса [email protected].

Трудовите треба да бидат подготвени во согласност со современите научноистражувачки стандарди, што подразбираат примена на емпириска анализа и јасно систематизирани заклучоци. На Клубот може да се презентираат и истражувања во работна верзија, со цел поттикнување стручна дебата и размена на мислења.

Клубот на истражувачите функционира како отворена платформа за презентација и дискусија на научни трудови, со посебен фокус на монетарната политика и макроекономијата. Членството е од отворен карактер, а повеќе информации за условите и начинот на приклучување се достапни на веб-страницата на Народната банка.

Продолжи со читање

Банки

Централна кооперативна банка: Исплатени пензиите за февруари

Објавено

на

Централна кооперативна банка АД Скопје ги информира своите клиенти – пензионери дека средствата по основ на пензии за месец февруари 2026 година се префрлени на сметките на корисниците.

Пензионерите кои располагаат со дебитни картички можат да ги подигнат средствата на банкоматите на ЦКБ или да ги користат за безготовински плаќања во трговијата, почнувајќи од денес (2 март 2026 година).

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange