Connect with us

Компании

Претставување на словенечките работодавачи во Скопје

Објавено

на

Во соработка со Амбасадата на РС во Скопје, на 7 и 8 јуни, од 10 до 17 часот организираме претставување на словенечките работодавачи во Скопје (хотел Хилтон) и во Битола (Културно-информативен центар – Офицерски дом). Миграцијата на работната сила станува се повеќе дел од нашето секојдневие. Прогнозите велат дека бројот на странски работници ќе продолжи да расте и во иднина.

На двата настана – кои ги нарековме Вработување и живеење во Словенија – македонските баратели на работи ќе имаат можност да се поврзат и директно да се запознаат со словенечки работодавачи од различни дејности и региони на Словенија. Работодавачите што ќе учествуваат се од областите на здравствената и социјалната заштита, производството, транспортот и логистиката, градежништвото, угостителството и туризмот итн. и тие заедно вработуваат над 13.000 работници.

Главната намена на настаните е да ги претстави тековните потреби на работодавачите при тоа на странските баратели на работа да им обезбеди веродостојни информации за условите за работа и живот во СловенијаУлогата на Заводот за вработување е да го поддржи информирањето на работниците, да го подобри нивниот пристап до информации за правата, постапките за вработување, законодавството итн. на еден разбирлив начин, бидејќи на тој начин може да им се обезбедат на работниците-мигранти исти права и третман како и на домашните работници, за да им се овозможи што поуспешно да се интегрираат во општеството при тоа да се намали можноста за нивна експлоатација или можна злоупотреба на работно место.

Посебен акцент ќе се стави на презентацијата на законските новини како и на другите информации од областа на вработувањето и работата на странците, на условите за работа и живот во Словенија како и помошта што може да се добие од словенечкиот Завод. Заеднички презентации ќе има на двете локации – во 12, односно во 17.00 часот.

Компании

Услугата “Плати преку линк” (Pay by link) за првпат во Македонија

Објавено

на

Иновативната услуга „Плати преку линк“ (pay by link) која ќе го револуционизира начинот на кој се вршат плаќања преку интернет и ќе го стимулира развојот на електронската трговија веќе е достапна во Македонија.

Единствениот процесор од областа на картичното работење, електронска трговија и сертифицирано биро за персонализација на картички, КаСис, во соработка со партнeрските банки ја овозможува услугата, која освен што е неверојатно безбедна има за цел да го поедностави процесот на плаќање за малите и средни претпријатија, тргoвците кои немаат можности за големи инвестиции во платформи за електронска трговија, како и за фриленсерите кои работат на локален и глобален пазар, а наплатата со платежни картички е лимитирана. Со едноставно генерирање на линк за плаќање и испраќање до клиентот преку различни канали како социјални медиуми, е-маил, смс, трговецот има можност секој од овие канали да го трансформира во канал за плаќање и да го искористи потенцијалот за продажба и плаќања.

Од друга страна овој иновативен начин на плаќање на купувачите им овозможува безбедно купување согласно релевантните стандарди во индустријата и подобрено корисничко искуство.

„Услугата ‘Плати преку линк’ (pay by link ) е важен чекор кон модернизација на платежните процеси во Македонија, со што се зголемува ефикасноста и сигурноста на плаќањата. Ова иновативно решение особено ќе им помогне на малите и средни претпријатија да ги оптимизираат своите бизнис процеси и да го подобрат своето финансиско работење, и дополнително ќе го стимулира развојот на електронската трговија, со што на трговците ќе им овозможи економичен пристап до електронски канал за продажба”, велат од КаСис.

Продолжи со читање

Компании

Компаниите во Германија се потешко добиваат кредити од банките

Објавено

на

Компаниите во Германија се потешко добиваат кредити од банките, се вели во заклучокот од извештајот што го објави Институтот за економски истражувања ИФО од Минхен.

Индикаторот за ограничување на кредитите на групата, кој го мери пристапот на компаниите до банкарски заеми, во понеделникот беше објавен на највисоко ниво во последните седум години.

Во септември, приближно 32,9 проценти од околу 2.000 анкетирани бизниси во Германија изјавиле дека банките се повнимателни при одобрувањето кредити, додека во јуни овој процент бил 27,1 отсто.

Резултатите покажуваат дека компаниите во Германија сега имаат најголеми проблеми да добијат заеми уште од 2017 година.

На потешкотии при одобрување кредити особено се жалат компаниите од услужниот сектор, каде проблеми пријавиле 35,7 проценти од анкетираните компании, како и 34,3 отсто од компаниите од индустријата.

„Недостигот на нарачки во многу сектори ги тера банките повнимателно да ја проверуваат кредитната способност на компаниите. Бидејќи компаниите во Германија моментално инвестираат малку, би било добро ако можат да добијат полесно кредити“, рече експертот на Институтот за економски истражувања ИФО, професорот Клаус Волраб.

Спротивно на тоа, германските компании во градежниот, големопродажниот и малопродажниот сектор малку полесно добиваат кредити, се заклучува во извештајот на Институтот за економски истражувања ИФО.

Продолжи со читање

Компании

Iute Safe официјално влегува на осигурително-брокерската сцена преку докажана меѓународна експертиза и напредна иновативна технологија

Објавено

на

Со добиеното решение за вршење на осигурително-брокерски работи издадено од Агенцијата за супервизија и осигурување, официјално започна со работа Iute Safe.

Како дел од од мултинационалната естонска групација Iute Group AS – една од најбрзо- растечките компании во Европа, под чијашто капа работи и Iute Macedonia, Iute Safe отсега па натаму ќе биде посредник за осигурителни полиси во сите класи на осигурување, вклучувајќи не-животно и животно осигурување.

“Iute Safe е продолжение на една убава приказна која започна со Iute пред 8 години и групацијата од Естонија која постои повеќе од 16 години, чиешто искуство, докажана експертиза и уникатни предности ќе ни овозможат да бидеме секогаш чекор напред во делот на користење на иновативни процеси и врвна технологија и секако, дополнителни бенефиции за нашите клиенти и овозможување на пристап до секаков вид на полиси за осигурување, со можност за отплата на рати”– вели Борјан Колемишевски, Генерален Директор на Iute Safe.

Целта на Iute Safe ќе биде да обезбеди најдобри понуди за осигурување на пазарот, преку стратешки партнерства со реномирани и докажани осигурителни компании, развиена продажна мрежа, персонализиран пристап и конкурентни цени. Како дел од групацијата, со веќе докажан кредибилитет, Iute Safe ќе понуди на пазарот еден нов свеж модел и пристап кон клиентите, потпирајќи се на интернационална докажана експертиза и локален искусен тим од докажани професионалци во областа.

Како уникатно обележје, компанијата ќе ја има можноста да бенефицира од сите досега веќе имплементирани алатки, апликации и напредни дигитални решенија, во функција на целосна дигитализација на процесот, од апликација до потпишување.

По повод официјалното влегување на пазарот, Iute Safe промовираше специјална понуда
за патничко осигурување
со валидност од 1 година, покритие до 90 дена во годината, и тоа по цена за 30 дена,  без франшиза и овозможена 24/7 асистенција за помош. Повеќе информации се достапни тука.

Продолжи со читање

Популарно