Банки
Ангеловска-Бежоска на конференција на ММФ и ХНБ: Структурни реформи и пристап до меѓународно финансирање за поддршка на растот на регионот
Според последниот извештај на Светскиот економски форум, ризикот од фрагментација на глобалната економија (деглобализација) е еден од трите најголеми глобални ризици, заедно со кризата на трошоците на животот и климатските ризици. Процесот на деглобализација може особено неповолно да делува на малите економии коишто по својата природа се повеќе зависни од надворешна трговија и пристап до надворешно финансирање. Ова беше дел од дискусијата на гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, на тркалезната маса којашто ја водеше директорката на ММФ, Кристалина Георгиева, во рамките на конференцијата под наслов „Водење политики во немирни води: Јакнење на отпорноста на Централна, Источна и Југоисточна Европа“, во организација на Хрватската народна банка (ХНБ) и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ). Конференцијата ја отвори директорката на ММФ, Кристалина Георгиева, заедно со премиерот на Република Хрватска, Андреј Пленковиќ и гувернерот на Хрватската народна банка, Борис Вујчиќ.
„Пандемијата и последиците од војната во Украина се еден од најголемите стрес-тестови на повеќедеценискиот процес на глобализација. Според некои оцени процесот на глобализација во изминатите четири децении овозможи зголемување на глобалниот доход за околу 10% во изминатата декада. Деглобализацијата е особен ризик за земјите од регионот, кај кои поради евентуалното намалување на трговските текови, како и на тековите на капитал, труд и технолошки иновации, може значително да се намалат потенцијалот за раст и реалната конвергенција“, посочи гувернерката во своето излагање.
Во овие економии во изминатите две декади, трговската интеграција значително се зголеми, достигнувајќи 113% од БДП, а зголемување бележат и финансиските текови, особено преку странски директни инвестиции. Сето ова овозможи пренесување финансии, знаење и технологии од поразвиените економии, а со тоа и забрзана реална конвергенција, којашто во просек се зголеми за околу 30 п.п. Сепак, во земјите од Западен Балкан, овој процес е побавен, поради што ризикот од деглобализација е особено голем предизвик за оваа група земји.
Земјите од Западен Балкан, коишто воедно и не се дел од Европската Унија, имаат пониско ниво на доход, коешто е само околу 40% од доходот на ЕУ, а поголеми потреби за инвестиции во инфраструктура. Ваквите состојби, како и новите предизвици коишто ги донесе енергетската криза и потребата за поголема дигитализација уште повеќе ја истакнуваат улогата на глобализацијата во развојот на овие економии. Оттука, неопходно е да им се посвети поголемо внимание на структурните реформи со кои ќе се намали ранливоста на овие економии и ќе се зголеми нивната отпорност на шокови, а воедно ќе се подигне и нивниот потенцијал за раст. Меѓународните институции можат да го поддржат овој процес преку дополнително финансирање, а особено за земјите коишто не се членки на ЕУ и немаат пристап до европските структурни фондови.
Конференцијата на која учествуваше гувернерката е од висок профил и традиционално ги обединува гувернерите на централните банки, како и министрите за финансии од регионот на ЦИЈЕ и високи претставници на меѓународни финансиски организации.
Банки
МФ: Пласирани над 200 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии изврши исплата во износ од 785 милиони денари кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Станува збор за седмата транша што се префрла од централниот буџет кон Развојната банка, од средствата наменети за поттикнување инвестициски циклус во приватниот сектор, во вкупен износ од околу 300 милиони евра.
Со оваа транша, износот што државата го има инјектирано во домашната економија за поддршка на инвестиции надминува 200 милиони евра. Имено, преку шесте исплатени транши беа пласирани 190,5 милиони евра.
Средствата кои во Буџетот за 2025 година се проектирани на ниво од 250 милиони евра беа обезбедени по поволни услови од Унгарската експорт-импорт банка и, исто така, по поволни услови се пласираат кон крајните корисници, односно домашните компании. Каматната стапка изнесува 1,95% на годишно ниво, рок на отплата до 15 години и грејс-период до 3 години.
Банки
Халкбанк АД Скопје дел од 20. јубилејна МАСИТ конференција: Фокус на податоците, иновациите и иднината на бизнисот
Халкбанк АД Скопје и оваа година активно учествува на 20. јубилејна конференција на МАСИТ, која претставува водечки настан за дигиталната индустрија и ИКТ-заедницата во земјава. Конференцијата отвора значајни теми поврзани со управувањето со податоци, иновациските модели и трансформацијата на современиот бизнис-екосистем.
Во рамки на програмата, претставници на Халкбанк ќе споделат експертиза и практични искуства преку два значајни панела:
🔹 Панел: „Како ефикасната употреба на податоците создава вистинска бизнис вредност“
🕒 13:20 – 14:00 часот
Говорник: Др. Беркан Имери, Извршен директор на Халкбанк АД Скопје
Фокус: стратешка анализа на податоците, дигитална трансформација и начини на кои паметното користење информации создава конкурентска предност.

🔹 Панел: „Финансирање иновации: од идеја до реализација“
🕒 14:20 – 15:00 часот
Говорник: г. Мухаммед Хаџипази, Извршен директор на Халкбанк АД Скопје
Фокус: улогата на финансиските институции во поддршка на стартапи, технолошки развој и модерни бизнис-модели, како и инструментите што банките ги нудат за поттикнување иновативни проекти.
Со учеството на овие панел-дискусии, Халкбанк ја потврдува својата определба за поддршка на дигиталниот развој и иновациите на домашниот пазар. Банката продолжува активно да ги споделува своите знаења и добри практики со цел заеднички да придонесе кон посилна, посовремена и поиновативна економија.
Банки
Доделени наградите од Конкурсот за ликовна и литературна творба по повод Светскиот ден на штедењето
Во Народната банка се одржа традиционалната свеченост по повод доделувањето на наградите од Конкурсот за ликовна и литературна творба за основните и средните училишта, којшто Народната банка го организира во соработка со Министерството за финансии по повод Светскиот ден на штедењето. На настанот се обрати гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески и заменик-министерот за финансии, Николче Јанкуловски.
Гувернерот Славески, во своето обраќање, ги истакна посветеноста, знаењето и креативноста на младите генерации, нагласувајќи дека пристигнатите трудови ја потврдуваат значајната улога на финансиската едукација во градењето свесни, одговорни и финансиски писмени млади луѓе. „Штедењето не е само собирање средства. Тоа е филозофија на животот којашто ни овозможува да ги исполнуваме нашите желби, да обезбедиме сигурност за нашата иднина, но и да ги градиме стабилноста и благосостојбата на целото општество. Денес, овој пристап добива уште поголема важност, бидејќи живееме во време на брзи промени, дигитализација и нови финансиски предизвици и можности“, истакна гувернерот.
Заменик-министерот Јанкуловски поздравувајќи ги учесниците рече дека младите покажуват дека секое мало штедење може да биде почеток на голема цел. „Вие сте пример дека знаењето, вложениот труд и желбата да се мисли за иднината се вредности кои го движат општеството напред. Овој ден нека биде поттик да продолжиме сите заедно – ученици, наставници, родители и институции – да ја негуваме финансиската писменост, да развиваме здрави навики и да создаваме генерации кои ќе знаат да донесуваат мудри одлуки“, посочи Јанкуловски.
Оваа година на Конкурсот пристигнаа неколку стотици трудови од ученици од основното и средното образование на теми посветени на важноста на штедењето, финансиската писменост и улогата на финансиските услуги во современата дигитална ера. Основците твореа на темата „Да штедиме за нашите желби, да штедиме за нашата иднина“, а средношколците на темата „Штедењето, парите и финансиските услуги во современата дигитална ера“.
Конкурсот, којшто се објавува од 2012 година, прерасна во значајна платформа за поттикнување на младите да размислуваат за финансиските концепти, штедењето и одговорното управување со средствата. Низ литературните творби, ликовните цртежи и есеите, учениците ги претставија своите погледи, знаења и лични цели.
Народната банка и понатаму активно ќе вложува во зајакнувањето на финансиската писменост, преку предавања, работилници, конкурси и натпревари, особено кај младите генерации. Секоја година илјадници ученици и студенти имаат можност да присуствуваат на едукативни активности во Народната банка, а ова ќе продолжи и во иднина.
Народната банка и Министерството за финансии им упатуваат благодарност на сите ученици кои учествуваа на Конкурсот, на менторите за нивната поддршка и на родителите за значајната улога во образовниот процес.
-
Осигурувањепред 2 месециДигитализацијата во осигурувањето: SignPlus како пример за модерно и безбедно е-потпишување
-
Продуктипред 2 месециХалкбанк со Промо депозит по повод месецот на штедење
-
Банкипред 2 месециСрпската банка што ја купува Стопанска банка а.д. Битола најави изградба на облакодер од 35 ката за свое ново седиште!?
-
Банкипред 2 месециХалкбанк со промотивна понуда за потрошувачки кредит
-
Банкипред 2 месециКомерцијална банка: Известување за девизни СЕПА кредитни трансфери
-
Анализипред 2 месециАНАЛИЗА: Кој е кој во финансискиот сектор во Македонија
-
Банкипред 2 месециКОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА ПРЕДУПРЕДУВА: Забележана е измамничка кампања со испраќање лажни СМС пораки за ажурирање сметка
-
Продуктипред 1 месецШтедливи и еколошки домови преку Зелениот финансиски инструмент, помош со поврат на 30 отсто од средства за заем за физички лица





