Connect with us
no baners

Кариера

Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје

Објавено

на

НЛБ Банка е една од водечките Банки во Република Северна Македонија и лидер на пазарот во делот на современи банкарски услуги. Својот успех го темели на тимот на посветени вработени, висококвалитетните стандарди во работењето, модерната инфраструктура на информатичката технологија и успешната пазарна стратегија.

Службата за продажба по останати канали во Сектор за развој на понуда и маркетинг нуди можност за развој на лидерски, менаџерски и професионални компетенции.

Доколку сакате да работите со меѓународни и домашни финансиски институции и Банки, како и обезбедување на извори на финансирање на Банката, НЛБ Банка ве мотивира да се пријавите на отворената работна позиција:

Доколку сe стремите кон постигнување на дополнителни резултати, унапредување на процесите, како и организација и раководење со вработени, НЛБ Банка ве мотивира да аплицирате за работното место:

Раководител на Служба за продажба по останати канали
во Сектор за развој на понуда и маркетинг

Улога во тимот:

  • Организирање, мотивирање, делегирање и професионален развој на вработените;
  • Одржување на тимска синергија и комуникација со колегите и раководствата на секторите;
  • Организација на работниот процес, координирање, менторство и развој на вработени како и воведување промени/подобрувања во делокругот на работење;
  • Подготовка на стратегии за управување со продажбата преку други продажни канали на Банката,
  • Структурирање на соработката и управување со мрежата на кредитни посредници на Банката
  • Управување на продажбата на различни банкарски продукти преку други продажни канали на Банката
  • Управување со портфолиото на продукти пласирани преку други продажни канали на Банката
  • Развој и унапредување на програми за лојалност на Банката
  • Следење и унапредување на корисничкото искуство при користење на банкарските продукти и услуги
  • Подигнување на свесноста за користење на финансиски продукти како инструмент за плаќање
  • Изготвување на извештаи околу продажбата и состојбата на пазарот.

Вашиот профил:

  • Универзитетско образование;
  • Развиени лидерски и менаџерски вештини;
  • Минимум 3 години работно искуство во наведените сегменти за работната позиција;
  • Развиени комуникациски и организациски вештини;
  • Претходно раководење на позиција ќе се смета за предност;
  • Подготвеност за креативно и иновативно размислување;
  • Проактивен пристап, динамичност, иницијативност, мотивираност и насоченост кон реализација / исполнување на цели;
  • Напредни аналитички вештини, способност за тимска работа и самоиницијативност;
  • Напредно познавање/користење на дигитални алатки и напредни алатки за работа со податоци;
  • Способност за работа во динамична околина.

Заинтересираните кандидати своите кратки биографии и мотивациски писма можат да ги достават на: [email protected], најдоцна до 24.02.2023 година (петок).

Бизнис

„Алкалоид“ АД Скопје четврта година по ред прогласен за победник во категоријата Најпосакуван работодавач

Објавено

на

„Алкалоид“ АД Скопје повторно ја доби довербата на јавноста и беше прогласен за најпосакуван работодавач за 2025 година четврти пат по ред, според анкетата на веб порталот „Вработување.ком“.

Наградата, која беше врачена во рамките на манифестацијата организирана од „Вработување.ком“, се базира на национално истражување за перцепцијата и за искуствата поврзани со работодавачите во земјава.

Континуитетот на ова признание за нас има особено значење. Тој зборува за доследноста во начинот на кој ја градиме нашата работна култура – отворена, стабилна и ориентирана спрема луѓето. Во „Алкалоид“ веруваме дека силната организација започнува со здрави вредности, јасни професионални стандарди, високи етички норми и со заемна доверба затоа што успехот на компанијата произлегува од нејзините вработени.

Луѓето се суштината на сè што правиме. Нивната експертиза, мотивираноста и одговорноста се темелот врз кој се развива нашата компанија, па затоа грижата за нивниот професионален и личен напредок останува еден од нашите клучни стратешки приоритети.

Гледајќи напред продолжуваме со јасна визија да создаваме можности, да поттикнуваме иновации и да обезбедуваме работна средина во која знаењето и талентот се препознаваат и се вреднуваат. Нашата цел е „Алкалоид“ и натаму да остане прв избор за младите луѓе кои ја гледаат својата иднина во одговорна и успешна компанија.

ПР објава

Продолжи со читање

Кариера

Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје

Објавено

на

Централна кооперативна банка АД Скопје вработува кандидат за работнo местo:  Раководител на експозитура.

Локација: Скопје

Работниот однос е на определено време, со можност за продолжување на неопределено време.

Дневно работно време: од 08:00 до 16:00 часот

Неделно работно време: понеделник – петок

Работното место воглавно ги опфаќа следните работни активности:

  • ја организира, координира, раководи, дава иницијативи за унапредување на работењето и е одговорен за целокупната работа во Експозитурата;
  • ја претставува експозитурата на позитивен и професионален начин на локално ниво при контакти со јавноста, органите и слично;
  • има активна улога во привлекување нови коминтенти и задржување на постоечките;
  • се грижи и предлага можности за зголемување на профитот на експозитурата за која е назначен;
  • одговорен е за генерирање на побарувачка за кредити и одржување на тековното кредитно портфолио;
  • решава сериозни поплаки од коминтенти, специјални барања и останати комплексни прашања во врска со коминтентите;
  • потпишува договори за кредит, договори за издавање банкарски гаранции, акредитиви и други производи на Банката, одобрени од надлежниот орган или лице со право на одлучување, во нејзино име и за нејзина сметка, a во својство на доверител/заложен доверител, согласно интерните акти на Банката и во рамките на дадените поединечни писмени овластувања;
  • врши менторирање и пренос на знаење на останатите ваботени во Експозитурата;
  • ја оценува работата на вработените во Експозитурата со која раководи и дава предлози до Управниот одбор за нивно унапредување, наградување и предлага изречување мерки за неисполнување работни обврски, кршење на работен ред и дисциплина, утврдени со закон, актите на Банката и договорот за вработување;
  • го контролира следењето и применувањето на процедурите и упатствата на Банката како и прописите од доменот на банкарството од страна на вработените на кои е претпоставен;
  • врши и други работи и работни задачи по налог и насоки на Управниот одбор поврзани со работното место согласно интерните акти на Банката.

Кандидатите треба да располагаат со следните квалификации и познавања:

  • Високо образование (Eкономски факултет или друго соодветно високо образование);
  • Најмалку 3 години работно искуство од конкретната област;
  • Одлично познавање на англиски јазик;
  • Одлично познавање на MS Office пакетот и работа со компјутери.

Избраниот кандидат треба да ги поседува следните компетенции и вештини:

  • Способност за продажба;
  • Комуникациски вештини;
  • Организациски способности;
  • Способности за раководење и работа со луѓе;
  • Поставување и одржување на позитивни работни врски со внатрешни и надворешни субјекти, за постигнување на целите на Банката;
  • Познавање на прописите поврзани со банкарството.

За ова работно места е предвидена основна нето плата во зависност од квалификациите и искуството на кандидатот.

Банката нуди одлични услови за работа и можност за стручно усовршување како и напредок и развој во кариерата. Доколку сакате да станете дел од успешниот тим на Централна кооперативна банка, испратете CV и пропратно писмо на: [email protected]. Вашата апликација задолжително треба да го содржи работното место за кое аплицирате.

Огласот ќе биде активен заклучно со 30.04.2026 година.

Ненавремените и некомплетни апликации нема да бидат предмет на разгледување.  Само кандидатите со уредни и навремени апликации, а кои одговараат на условите наведени во огласот, ќе бидат поканети на тестирање, односно интервју кое претставува дел од процесот на селекција на кандидати за вработување во Банката.

Рокот за избор на кандидати е од 45 до 120 дена по истекот на рокот за пријавување во зависност од бројот на пријавени кандидати.

Продолжи со читање

Кариера

Комерцијална банка вработува Помлад соработник за администрирање на кредити и гаранции (Back Office)

Објавено

на

Доколку сакате да ги остварите Вашите желба и амбиција за професионален и кариерен развој во финансиска институција со долгогодишна традиција, која определбата за стабилност, ефикасност и иновативност ја гради со успешен и посветен тим на професионалци, аплицирајте за вработување во Комерцијална банка АД Скопје.

Работна позиција: Помлад соработник за администрирање на кредити и гаранции (Back Office)

Тип на вработување: На определено време од 12 месеци

Работно време: 40 часа неделно.

Огласот важи до: 14.04.2026 година

Работни цели и задачи:

  • Oтворање кредитни партии, доделување каматна група и задолжување на кредитите;
  • Изготвување амортизациони планови и испраќање на коминтенти;
  • Книжење на задолжувања и раскнижување на извршени уплати од страна на клиентите согласно договорните одредби;
  • Пресметка и печатење каматни листи и доставување до коминтенти;
  • Подготвување пресметки и книговодствени картици за тужење и стечај;
  • Дефинирање на партија за денарска гаранција, доделување каматна група и задолжување на гаранција;
  • Книжење на извршени уплати по основ на денарски гаранции;
  • Пресметка и печатење каматни листи и доставување до коминтенти;
  • Изготвување и проверка на налог и спроведување во случај на протестирање на денарска гаранција. 

Потребни квалификации и способности:                           

  • Завршено високо образование од областа на економските науки (предност ќе имаат кандидатите со насока сметководство и ревизија);
  • Познавање англиски јазик и MS Office алатки;
  • Без работно искуство;
  • Висок личен интегритет, доверливост и чесност;
  • Прецизност во извршување на работните задачи;
  • Ориентираност кон потребите на клиентите;
  • Адаптибилност во динамична работна средина;
  • Комуникациски вештини за работа во тим. 

Придобивки за Вас:

  • Пријатна и тимска работна атмосфера во современи работни услови;
  • Обуки од ментори со висок степен на стручност и искуство;
  • Можност за личен и професионален развој, стекнување нови вештини и компетенции;
  • Доброволно приватно здравствено осигурување;
  • Програма за спорт и рекреација;
  • Учество во општествено одговорни и спортски активности, корпоративни настани, користење библиотека и сл. 

Вие би биле одличен дел од тимот ако ги поседувате потребните вештини, се препознавате во овие вредности и имате силна мотивација за успех.

Аплицирајте на: веб страницата на Банката на следниот линк или преку е-пошта: [email protected], со назнака: „Oглас за вработување Помлад соработник за администрирање на кредити и гаранции (Back Office)”.

Телефон за контакт: (02) 3168-412

На интервју ќе бидат повикани само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг.

Изборот ќе се изврши во рок од 45, 90 или 120 дена по истекот на рокот за пријавување, во зависност од бројот на пријавени кандидати.

Напомена: Апликацијата за вработување ќе биде третирана како доверлива. Според Законот за заштита на личните податоци со самото доставување на Вашата апликација за работа согласни сте Вашите лични податоци да се обработуваат во процесот на селекција на кадри во период од 1 година. Освен за наведениот случај, Вашите лични податоци нема да бидат користени за ниту една друга цел ниту, пак, достапни на трети лица.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange