Банки
Билатерална фаза на аналитички преглед на законодавството со ЕУ – учество на претставници на Народната банка во билатералната фаза за областа „Слободно движење на капиталот“
Народната банка е активно вклучена во активностите на работните групи за подготовка на преговарачките позиции за пристапување на нашата земја во Европската Унија. Во рамките на вториот кластер „Внатрешен пазар“, но за четвртото поглавје „Слободно движење на капиталот“, свое излагање имаа претставници од Дирекцијата за банкарска регулатива и решавање банки во однос на подрачјето „Слободно движење на капиталот и плаќања“, од Дирекцијата за платни системи во однос на подрачјето „Платни системи“ и од Дирекцијата за теренска супервизија во однос на подрачјето „Спречување перење пари и финансирање тероризам“.
Во подрачјето „Слободно движење на капиталот и плаќања“ беше образложена примената на законската регулатива за одделните капитални трансакции коишто се во надлежност на Народната банка, како што се кредитните и депозитните работи, плаќањата и трансферите врз основа на тековни и капитални трансакции, како и за посебните заштитни мерки уредени во Законот за девизното работење. Воедно, акцентот беше ставен и на идните активности во однос на приспособувањето на регулативата од областа на девизното работење со новиот Закон за платежни услуги и платни системи.
Во подрачјето „Платни системи“ беше презентиран напредокот во доменот на подзаконските акти коишто произлегуваат од Законот за платежни услуги и платни системи, а коишто Советот на Народната банка ги усвои кон крајот на 2022 година и почетокот на 2023 година. Во овој контекст беше нагласено дека правната рамка на Република Северна Македонија којашто ги регулира платежните услуги и платните системи во значителен дел е усогласена со правото на Европската Унија од оваа област.
Во подрачјето „Спречување перење пари и финансирање тероризам“ беа презентирани активностите и мерките коишто тековно ги спроведува Народната банка во борбата против перењето пари и финансирањето тероризам кај субјектите над коишто врши надзор, како и усогласеноста со европското законодавство и идните активности коишто треба да се преземат во текот на 2023 и 2024 година.
Банки
НЛБ Банка предлага пониска дивиденда за 2025 година
НЛБ Банка АД Скопје, која е дел од словенечката банкарска групација Нова Љубљанска Банка (NLB), најави дека ќе предложи пониска дивиденда за 2025 година во однос на претходната година.
Според информациите, банката ќе им предложи на акционерите исплата на бруто дивиденда од 2.571 денар по акција, што претставува благо намалување споредено со дивидендата исплатена една година претходно.
Предлогот треба да биде разгледан и одобрен од страна на акционерите на претстојното собрание, каде ќе се донесе конечната одлука за распределбата на добивката.
НЛБ Банка е една од водечките банки во Северна Македонија и дел од регионалната групација НЛБ, која има значајно присуство на пазарите во Југоисточна Европа.
Банки
Одлуката на Централната банка на Јапонија влијаеше за раст на вредноста на јенот
Глобалните финансиски пазари во вторникот останаа релативно стабилни, додека цената на нафтата порасна поради геополитичките тензии на Блискиот Исток. Во исто време, јапонскиот јен зајакна откако Централната банка на Јапонија одлучи да ја задржи краткорочната каматна стапка непроменета.
Централната банка ги остави каматните стапки на ниво од 0,75%, но одлуката не беше едногласна – тројца од деветте членови на управниот одбор предложиле нејзино зголемување. Оваа поделба на гласовите се толкува како сигнал дека во наредниот период е можно постепено затегнување на монетарната политика.
Инвеститорите со внимание ги следат и коментарите на гувернерот Казуо Уеда, барајќи индиции за тоа како продолжените геополитички тензии и високите цени на енергенсите би можеле да влијаат врз идните одлуки на централната банка.
По одлуката на централната банка, јапонскиот јен зајакна на околу 159,12 јени за американски долар, задржувајќи се близу до психолошката граница од 160. Тоа ниво внимателно се следи на пазарите поради можноста јапонските власти да интервенираат за поддршка на валутата.
Во меѓувреме, јапонскиот берзански индекс „Nikkei 225“ благо се повлече од рекордните нивоа достигнати претходниот ден, додека пазарите на државни обврзници покажаа умерени осцилации по објавувањето на одлуката на централната банка.
Банки
Силк Роуд Банка овозможи отворање платежна сметка преку OneID
Силк Роуд Банка нуди дигитална услуга која им овозможува на граѓаните да отворат платежна сметка онлајн, користејќи го системот за електронска идентификација OneID. Со оваа услуга, банката прави чекор поблиску до целосно дигитално банкарство.
Процесот започнува со едноставно пополнување на апликативна форма, со што корисникот дава согласност банката да го преземе неговиот дигитален идентитет преку платформата OneID. Потоа, во зависност од тоа дали корисникот веќе има креиран дигитален идентитет, постапката се одвива на два начина.
Корисниците кои веќе имаат активен OneID ќе добијат нотификација на својот мобилен уред дека банката бара пристап до нивниот идентитет, по што треба да ја потврдат согласноста преку апликацијата. По потпишувањето, добиваат е-пошта или СМС порака за продолжување на процесот на внесување податоци.
За оние кои немаат креирано дигитален идентитет, банката испраќа упатства за инсталирање на OneID апликацијата и креирање на профил. По завршување на регистрацијата, корисникот добива барање за согласност за преземање на податоците од страна на банката.
Со онлајн аплицирањето, клиентите потврдуваат дека се запознаени и се согласуваат со условите за користење, вклучително и рамковниот договор, тарифите и правилата за електронска идентификација. Дополнително, потребно е да се изјаснат дека не се носители на јавна функција, немаат САД индиции и се резиденти на Северна Македонија.
Од банката информираат дека услугата не е достапна за нерезиденти, малолетни лица и политички изложени лица, како и за граѓани со САД индиции.
Се нагласува дека КИБС АД Скопје, како оператор на OneID, функционира како независен контролор на личните податоци. Со давање согласност, корисниците дозволуваат преземање на нивните лични и контакт податоци, како и податоци од Централниот регистар на население, неопходни за отворање на платежната сметка.
-
Банкипред 2 месециКомерцијална банка: Започна исплатата на пензиите за февруари 2026 година
-
Интервјуапред 2 месециПензиски парадокс: Од минималец до доброволен фонд – новиот модел на младите вработени
-
Банкипред 2 месециНЛБ Банка со информација за исплатата на паричната помош од социјална, детска и цивилна заштита за февруари 2026 година
-
Продуктипред 1 месецДо 120.000 денари финансиска поддршка од Easy Finance – брзо и со транспарентни услови
-
Банкипред 2 месециХалкбанк известува: Пензиите за февруари се достапни на пензионерите
-
Интервјуапред 2 месециГацов во FinSight: Една неиздадена сметка значи над 60% загуба за државата
-
Кариерапред 1 месецНародна банка бара аналитичари: плата до 83 илјади денари и двегодишен договор
-
Кариерапред 1 месецОглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје




