Банки
ПРОМЕНИ ВО МЕНАЏМЕНТОТ НА УНИБАНКА – Извршниот директор Владислав Хаџидинев заминува од функцијата по 8 години!
УНИБанка АД Скопје, преку соопштение објавено на Македонска берза, согласно Глава 6 од Правилата за котација, ја информира јавноста за ценовно чувствителна информација која се однесува на промените во Управниот одбор на Банката.
„Согласно важечките регулаторни обврски и интерните акти за добро корпоративно управување, Универзална Инвестициона Банка АД Скопје информира дека Надзорниот одбор на Банката на седница одржана на 30.04.2025 година, го прифати барањето од г-дин Владислав Хаџидинев за престанок на функцијата член на управен одбор и извршен директор“, стои во соопштението.
Г-дин Хаџидинев по повеќе од осум години успешно водење на Банката како извршен директор, одлучи да прифати нови професионални предизвици во Република Бугарија. Тој ќе продолжи да ја извршува својата функција до 30 јуни 2025 година, по што ќе биде именуван неговиот наследник.
Во меѓувреме, УНИБанка веќе го започна процесот на избор на нов извршен директор, а одлуката за новото раководно лице ќе биде соопштена во наредниот период, во согласност со добрите практики за корпоративно управување и регулаторните обврски.
УНИБанка АД Скопје веќе неколку години последователно бележи импресивни финансиски резултати. Според најновиот финансиски извештај за првиот квартал од 2025 година, Банката евидентира: раст на кредитното портфолио, зголемување на депозитите, повеќекратен раст на добивката и силна позиција во рамки на сегментот на средни банки во земјата.
Дополнително, акциите на УНИБанка се меѓу најтранспарентно тргуваните и најпосакуваните на Македонската берза, што претставува потврда за довербата на инвеститорите и доследната реализација на стратегиските цели на институцијата.
Оваа менаџерска промена се очекува да се реализира со континуитет и стабилност, без нарушување на тековните оперативни и стратешки процеси во Банката.
Банки
Халкбанк и Go Digital потпишаа Меморандум за соработка – партнерство за дигитална трансформација на бизнисите
Во просториите на Халкбанк АД Скопје беше свечено потпишан Меморандум за соработка со Центарот за дигитална трансформација Go Digital, со што се поставуваат темели за заеднички активности во областа на дигитализацијата и иновациите.
Од страна на Go Digital, потписник на меморандумот беше претседателот на Управниот одбор, г-дин Васко Кронески.


Соработката има за цел поддршка на дигиталната трансформација на микро, малите и средни претпријатија, преку организација на обуки, едукативни настани и иницијативи за унапредување на знаењата и вештините. Воедно, ќе се поттикнуваат инвестиции во дигитализација и зелена трансформација.
Овој чекор претставува дополнително зајакнување на заложбите за развој на современа, иновативна и конкурентна деловна средина.
Банки
ТТК Банка АД Скопје: Известување за неработен ден – 20.3.2026 година (петок)
ТТК Банка АД Скопје ги известува своите почитувани клиенти дека по повод претстојниот државен празник – „Рамазан Бајрам“, на 20.03.2026 година (петок), филијалите и експозитурите на ТТК Банка АД Скопје нема да работат.
Во секое време на располагање на клиентите им се достапни услугите преку мобилното банкарство TTK M-bank, електронското банкарство TTK E-bank, како и мрежата на банкомати на ТТК Банка АД Скопје.
ТТК Банка АД Скопје ви го честита празникот!
Банки
Филијалите и експозитурите на Комерцијална банка нема да работат на 20 март
Филијалите и експозитурите на Комерцијална банка АД Скопје нема да работат на 20 март (петок) поради прослава на празникот Рамазан Бајрам.
На 21 март ќе работат експозитурите кои се со редовно работно време во сабота.
„Ги известуваме нашите клиенти дека за подигнување и уплата готовина може да ги користат банкоматите на Банката, а за други финансиски трансакции на располагање ги имаат веб и мобилните апликации Интернет банка и мБанка“, известуваат од Комерцијална банка.
За корисниците на платежни картички, 24/7 во Скопје се отворени дигитализираната експозитура на Комерцијална банка на улица Македонија и дигиталните делови од експозитурите ГТЦ, Бисер, Буњаковец, Ист Гејт Мол, Ѓорче Петров, 11 Октомври, Автокоманда, Драчево и Лептокарија и во експозитурите и филијалите во Дебар, Неготино, Прилеп, Куманово, Струмица, Охрид, Кавадарци, Струга, Гевгелија и Тетово Илинденска.
-
Продуктипред 2 месециШтедењето како резолуција за 2026 – Промо депозитот на Халкбанк како прв чекор
-
Бизниспред 1 месецУЈП започна со исплата на повратот од „Мој ДДВ“ за четвртиот квартал 2025
-
Продуктипред 2 месециКомерцијална банка: Воведуваме ново ниво на сигурност при интернет плаќања со картичка и трансакции преку мБанка
-
Банкипред 2 месециДобра вест за акционерите: Комерцијална банка со 8% повисока дивиденда за 2025 година
-
Останатопред 2 месециАЛТА банка АД Битола со стабилна капитална позиција, но значителен пад на профитабилноста во транзициската 2025 година
-
Продуктипред 1 месецОтворете сметка во Халкбанк онлајн и добијте ваучер за гориво од Макпетрол
-
Бизниспред 1 месец„Е-фактура“ го трансформира бизнисот во Македонија – помал административен товар, поголема дигитална ефикасност и контрола на даночните обврски
-
Банкипред 2 месециИзвлечени добитниците од Наградната игра „Биди во акција со секоја трансакција” на Комерцијална банка



