Connect with us

Берза

Волстрит: S&P 500 благо падна во нестабилно тргување

Објавено

на

Индексот S&P 500 во вторникот забележа мал пад во нестабилно тргување, додека цените на нафтата се повлекуваа, а инвеститорите внимателно ги следеа случувањата поврзани со конфликтот со Иран.

Широкиот пазарен индекс се намали за 0,21 проценти и денот го заврши на 6.781,48 поени. Dow Jones Industrial Average ослабе за 34,29 поени, односно 0,07 проценти, затворајќи на 47.706,51 поен. Nasdaq Composite речиси не се помести, зголемувајќи се за 0,01 процент и завршувајќи на 22.697,10 поени. Во текот на денот Dow претходно беше во минус и до 296,57 поени, или околу 0,6 проценти, додека S&P 500 и Nasdaq на најниските дневни нивоа паднаа за 0,5 односно 0,4 проценти.

Цените на нафтата, кои во понеделникот поради стравувањата од ескалација на конфликтот со Иран достигнаа речиси 120 долари за барел, подоцна значително се намалија. Трговците проценија дека група земји би можеле да ги искористат итните резерви на сурова нафта за да ги ублажат можните нарушувања во снабдувањето предизвикани од конфликтот.

Падот на цените дополнително се засили откако американскиот министер за енергетика Крис Рајт во објава на социјалните мрежи, која подоцна беше избришана, наведе дека американската морнарица успеала да придружува танкер низ Ормускиот теснец. По бришењето на објавата, нафтата благо се опорави од најниските нивоа, додека акциите се повлекоа од дневните максимуми.

Портпаролката на Белата куќа, Керолајн Левит, подоцна во вторникот изјави дека Соединетите Американски Држави всушност не придружувале танкер низ теснецот.

Во меѓувреме, CBS News објави дека САД забележале индиции дека Иран подготвува поставување мини во Ормускиот теснец, пренесува Seebiz.

Фјучерсите на нафтата West Texas Intermediate паднаа за 11,94 проценти и се затворија на 83,45 долари за барел, додека Brent нафтата ослабе за 11,28 проценти и заврши на 87,80 долари за барел.

Тргувањето на Волстрит следува по многу турбулентна сесија во која Dow успеа да надомести пад од повеќе од 800 поени, додека цените на суровата нафта нагло се намалуваа. Пресвртот беше поттикнат откако претседателот Доналд Трамп во понеделникот навести дека конфликтот би можел наскоро да заврши, изјавувајќи дека се прават „големи чекори кон остварување на воената цел“.

Берза

Доларот под притисок: Како неизвесноста од геополитичките тензии влијае на валутниот пазар?

Објавено

на

Доларот се намали во среда, откако инвеститорите останаа воздржани поради неизвесноста околу војната меѓу САД и Израел против Иран. Американскиот претседател Доналд Трамп најави можна интервенција, но и потенцијални силни удари кон Иран, што го држи пазарот во неизвесност.

Еврото се зацврсти за 0,18% на 1,163175 долари, оддалечувајќи се од тримесечниот минимум што го достигна во понеделник. Британската фунта беше за 0,25% повисока на 1,3449 долари, а јенот се тргуваше на 158,14 за еден американски долар, близу до седумнеделниот минимум допрен претходно оваа недела.

Индексот на доларот, кој ја мери американската единица во однос на шест други светски водечки валути, се намали на 98,773, недалеку од тримесечниот врв во понеделник.

Клучен фокус на пазарот ќе бидат и американските податоци за инфлацијата за февруари кој ќе бидат објавени во текот на денот. Се очекува да покажат дека основните потрошувачки цени се зголемиле за 0,2% во текот на месецот, додека основните цени се зголемиле за 0,3%, според очекувањата на економистите.

Аналитичарите предупредуваат дека конфликтот може да трае со месеци, а трговците внимателно го следат ризикот. Дополнителен фактор за пазарот е падот на цените на нафтата по најавата на Меѓународната агенција за енергетика за рекордно ослободување на резерви, со цел ублажување на прекините во снабдувањето.

Продолжи со читање

Берза

Цената на нафтата продолжува да поевтинува: Меѓународната агенција за енергетика разгледува најголемо ослободување на резерви во историјата

Објавено

на

Цените на нафтата денеска забележаа нов пад на светските пазари, по извештаите дека Меѓународната агенција за енергетика (IEA) разгледува најголемо ослободување на стратешки резерви на нафта во својата историја.

Мерката се разгледува како одговор на потенцијалните прекини во снабдувањето поради ескалацијата на конфликтот меѓу САД и Израел со Иран.

Фјучерсите на „Brent“ суровата нафта се намалија за 88 центи, или околу 1%, и се тргуваа по цена од 86,92 долари за барел, додека американската референтна нафта „West Texas Intermediate“ (WTI) падна за 0,4% на 83,1 долари за барел. Пазарот останува силно нестабилен – претходно неделава цената на „WTI“ накратко достигна над 119 долари за барел, највисоко ниво од јуни 2022 година, по што следеше пад од повеќе од 11% во еден ден.

Според информации на „The Wall Street Journal“, предложеното ослободување на резерви би можело да ја надмине количината од 182 милиони барели што земјите-членки на Меѓународната агенција за енергетика (IEA) ја пласираа на пазарот во 2022 година по почетокот на руската инвазија врз Украина.

Аналитичарите на „Goldman Sachs“ проценуваат дека таква интервенција би можела привремено да компензира околу 12 дена од потенцијалниот прекин на извозот на нафта од Персискиот Залив.

Во меѓувреме, геополитичките тензии на Блискиот Исток продолжуваат да ја зголемуваат неизвесноста на пазарите. Воените операции меѓу САД и Израел против Иран, како и ризиците за безбедноста на транспортот во Ормутскиот теснец – клучната светска рута за извоз на нафта нив која поминува речиси 20% од светскиот проток на нафта, остануваат главен фактор што влијае врз движењето на цените.

Истовремено, лидерите на G7 одржаа консултации за можноста за координирано ослободување на итни резерви со цел да се стабилизира енергетскиот пазар. Сепак, дел од аналитичарите остануваат претпазливи, посочувајќи дека клучното прашање не е само обемот на резервите, туку и брзината со која тие можат да се пласираат на пазарот.

Развојот на настаните дополнително ја зголемува неизвесноста на енергетските пазари, каде што цените на нафтата во наредниот период ќе зависат пред сѐ од геополитичките случувања и од евентуалната интервенција со стратешки резерви.

Продолжи со читање

Берза

Цената на нафтата падна под 90 долари по сигналите за смирување на конфликтот со Иран

Објавено

на

Фјучерсите на американската нафта „WTI“ во вторникот паднаа под 90 долари за барел, откако во претходната трговска сесија достигнаа речиси 120 долари. Падот доаѓа по изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека конфликтот со Иран можеби се приближува кон крај и дека воената операција на САД се одвива побрзо од првично планираното.

Трамп, исто така, најави дека има намера да ги укине санкциите поврзани со нафтата и дека американската морнарица ќе ги придружува танкерите низ Ормутскиот теснец, со цел да се обезбеди непречен транспорт и да се задржат цените на нафтата под контрола.

Дополнителен притисок врз цените дојде и од изјавата на министрите за финансии на земјите од Г7, кои порачаа дека групата е подготвена да ослободи нафта од стратешките резерви доколку тоа биде неопходно, иако засега не е преземена конкретна мерка.

Цените на нафтата нагло пораснаа во понеделникот, откако големите производители од Блискиот Исток почнаа да го намалуваат производството поради нарушувањата во сообраќајот низ Ормутскиот теснец. Поради сериозните ограничувања на танкерскиот транспорт, неколку клучни производители меѓу кои Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Кувајт и Ирак почнаа да го ограничуваат производството бидејќи складиштата брзо се полнат.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange