Банки
Вицегувернерката Митреска: Идните чекори на монетарната политика условени од инфлацијата и состојбите на девизниот пазар
„Добар сигнал е што растот на инфлацијата забавува. Во февруари годишното зголемување на цените е за околу три процентни поени помало од најсилниот раст што беше измерен во октомври и ова темпо на прилагодување е слично на еврозоната. Динамиката со која се движи инфлацијата е слична и со очекуваната во последниот циклус проекции на Народната банка, согласно кои таа е проектирана на 8-9% на годишна основа. Сценариото за овие проекции се заснова на претпоставките за понатамошно намалување на светските цени на енергентите и храната, постепено стабилизирање на очекувањата за инфлацијата, коешто веќе и се случува, а затегнувањето на финансиските услови исто така треба да делува на оној дел на индексот на цените коишто е чуствителен на промените на побарувачката. Доколку нема некои непредвидени шокови во следниот период треба да видиме стабилизирање на инфлацијата“, вели во интервју за „Блумберг Адриа“, вицегувернерката, Ана Митреска.
Вицегувернерката Митреска се осврна и на монетарната политика која ја водат двете глобално значајни централни банки – Федералните резерви на САД и Европската централна банка. ЕЦБ минатата недела, согласно најавите, ги зголеми каматните стапки за дополнителни 0,5 процентни поени, додека ФЕД неодамна стави акцент на веројатната потреба од порестриктивна монетарна политика, поради позатегнатите услови на труд и се уште недоволното успорување на инфлацијата. Во однос на идната патека, таа посочи дека дека ќе зависи од најновите оценки за економските и финансиските услови во овие економии. Дали и колку последните случувања на надворешните финансиски пазари ќе имаат одраз на очекувањата за економските показатели, а со тоа и на монетарната поставеност на овие две централни банки, останува да се види во следниот период.
„Потезите и промените во монетарната политика на Народната банка ќе зависат од инфлацијата, меѓутоа и од девизниот пазар, со оглед на тоа што функционираме во услови на режим на фиксен девизен курс, којшто е номинално сидро и основа на целокупната стабилност на нашата економија. И на двата фронта гледаме одредено стабилизирање, меѓутоа ризици се уште постојат. Се разбира дека и однесувањето на Европската централна банка ќе има одредено влијание врз нашата каматна политика. Потребно е сите нови расположиви информации и оцени за домашната економија и надворешното окружување да се систематизираат и тие ќе претставуваат основа за следните чекори во монетарната политика“, вели вицегувернерката Митреска.
Банки
ПроКредит Банка со нов потрошувачки кредит: апликација само со лична карта и одлука за 24 часа
ПроКредит Банка воведе потрошувачки кредит што може да се аплицира само со лична карта, со одлука во рок од 24 часа и фиксна каматна стапка од 5,5 проценти. Кредитот е достапен и за лица кои не се постоечки клиенти на банката.
Од банката информираат дека процесот е поедноставен и без дополнителна документација, со цел клиентите побрзо да дојдат до потребните средства – било да станува збор за реновирање, набавка на опрема, едукација или покривање тековни и непредвидени трошоци.
Фиксната каматна стапка од 5,5 проценти овозможува стабилна месечна рата во текот на целиот период на отплата. Како пример, за кредит од 100.000 денари со рок на отплата од 12 месеци и фиксна камата од 5,5 проценти, месечната рата би изнесувала 8.584 денари, а вкупниот износ за враќање 103.004 денари. Од банката посочуваат дека примерот е информативен и не претставува обврзувачка понуда.
Кредитот нуди и можност за рефинансирање, односно спојување на повеќе постоечки обврски во една месечна рата, со што се поедноставува управувањето со финансиските обврски. Дополнително, клиентите можат да обезбедат и средства над износот потребен за затворање на старите кредити.
Љубин Наумовски, раководител на Одделот за физички лица во ПроКредит Банка, изјави дека целта е клиентите да добијат одржливо и транспарентно решение. Според него, при одобрување на кредитот се прави внимателна проценка на приходите и можностите на апликантот, со фокус на долгорочна финансиска стабилност.
Аплицирањето е можно преку веб-страницата на банката или во нејзините филијали низ земјата, а одлуката се носи во рок од еден ден.
Банки
Народната банка објави повик за трудови за 57. сесија на Клубот на истражувачите
Народната банка ги повикува истражувачите да се пријават за учество на 57. сесија на Клубот на истражувачите, која ќе се одржи на 27 март 2025 година (петок) со почеток во 13 часот, во просториите на Народна банка на Република Северна Македонија.
Од институцијата ги охрабруваат сите заинтересирани автори да достават свој работен материјал за презентација на сесијата најдоцна до 18 март 2025 година (среда), на електронската адреса [email protected].
Трудовите треба да бидат подготвени во согласност со современите научноистражувачки стандарди, што подразбираат примена на емпириска анализа и јасно систематизирани заклучоци. На Клубот може да се презентираат и истражувања во работна верзија, со цел поттикнување стручна дебата и размена на мислења.
Клубот на истражувачите функционира како отворена платформа за презентација и дискусија на научни трудови, со посебен фокус на монетарната политика и макроекономијата. Членството е од отворен карактер, а повеќе информации за условите и начинот на приклучување се достапни на веб-страницата на Народната банка.
Банки
Централна кооперативна банка: Исплатени пензиите за февруари
Централна кооперативна банка АД Скопје ги информира своите клиенти – пензионери дека средствата по основ на пензии за месец февруари 2026 година се префрлени на сметките на корисниците.
Пензионерите кои располагаат со дебитни картички можат да ги подигнат средствата на банкоматите на ЦКБ или да ги користат за безготовински плаќања во трговијата, почнувајќи од денес (2 март 2026 година).
-
Продуктипред 2 месециАЛТА Банка со нов потрошувачки кредит со најповолни услови на македонскиот пазар
-
Банкипред 2 месециПредности и поволности на новата Халки картичка за деца
-
Продуктипред 1 месецШтедењето како резолуција за 2026 – Промо депозитот на Халкбанк како прв чекор
-
Продуктипред 1 месецКомерцијална банка: Воведуваме ново ниво на сигурност при интернет плаќања со картичка и трансакции преку мБанка
-
Бизниспред 4 неделиУЈП започна со исплата на повратот од „Мој ДДВ“ за четвртиот квартал 2025
-
Останатопред 1 месецАЛТА банка АД Битола со стабилна капитална позиција, но значителен пад на профитабилноста во транзициската 2025 година
-
Банкипред 1 месецДобра вест за акционерите: Комерцијална банка со 8% повисока дивиденда за 2025 година
-
Продуктипред 4 неделиОтворете сметка во Халкбанк онлајн и добијте ваучер за гориво од Макпетрол

