Connect with us
no baners

Банки

ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ ОД НЛБ БАНКА: Лажен профил го злоупотребува логото на Банката – ВНИМАВАЈТЕ НА ИЗМАМИ‼

Објавено

на

НЛБ Банка АД Скопје ги информира своите клиенти и пошироката јавност дека на социјалните мрежи е забележан лажен профил под името „Narodna banka“, кој објавува содржини во кои се злоупотребени името, логото и визуелниот идентитет на НЛБ Банка. Во објавата лажно се претставува наводна поврзаност со Банката, што претставува обид за измама и доведување во заблуда на граѓаните.

НЛБ Банка категорично демантира каква било поврзаност со овој лажен профил и апелира до сите граѓани да бидат исклучително внимателни при следење на информации на социјалните мрежи, особено кога се работи за содржини што нудат банкарски услуги, бараат лични податоци или ветуваат парични надоместоци.

Сите официјални соопштенија и информации од НЛБ Банка се објавуваат исклучиво преку официјалната веб-страница www.nlb.mk, како и преку верификуваните профили на Банката на социјалните мрежи.

Во случај да наидете на сомнителна објава или профил кој лажно се претставува како поврзан со НЛБ Банка, пријавeте до Банката или до надлежните институции, а дополнително избегнувајте било каква комуникација со такви профили.

Заштитата на безбедноста и довербата на клиентите е врвен приоритет на НЛБ Банка.

no baners

Банки

НЛБ Банка ја одбележа успешната 2025 година и 40 години посветеност кон клиентите и заедницата

Објавено

на

Традиционалната новогодишна корпоративна забава на НЛБ Банка беше прилика за свечено заокружување на една навистина успешна и значајна година за Банката.

Настанот на кој присуствуваа вработени од сите сектори, беше посветен не само на успехот во 2025 година, туку и на јубилејот – 40 години стабилен раст, доверба, иновации и посветеност кон клиентите и заедницата.

Во своето обраќање, раководството на Банката истакна дека токму тимската работа, вредностите врз кои е изградена Банката и јасната визија се клучни за одржување на долгогодишниот успех и за продолжување на развојот во наредните години.

Вечерта ја збогатија и специјалните културни моменти – извонредниот настап на Тамара Тодевска ја донесе магијата на музиката, додека програмата ја водеше шармантната Миа Костова. Ова беше уште една потврда дека НЛБ Банка континуирано ја поддржува македонската уметничка сцена и создава незаборавни искуства за вработените и гостите.

Со поглед кон иднината, раководството на Банката ја истакна посветеноста кон развој на дигитални услуги, иновации, врвно корисничко искуство и одржлив раст, со што НЛБ Банка и во наредната година ќе остане лидер во финансискиот сектор.

40 години стабилен раст, доверба и посветеност – НЛБ Банка продолжува да ја потврдува својата улога како една од најсилните и најиновативните финансиски институции во земјата.

Во продолжение, погледнете дел од атмосферата од оваа незаборавна вечер…

Продолжи со читање

Банки

Комерцијална банка донираше интерактивна табла за ООУ „Др. Трифун Пановски“ во Битола

Објавено

на

Комерцијална банка донираше интерактивна табла на едно од најстарите основни училишта во Битола со цел поквалитетен образовен процес и поголемо внимание кај децата. Учениците во ООУ „Др. Трифун Пановски“, кое почнало со работа во далечната 1932 година, добија можност да се образуваат на современ и интересен начин.

Во ова училиште покрај редовна, се одвива и настава за деца со посебни потреби. Комерцијална банка со оваа донација овозможува учениците да добијат подинамични и ангажирани часови, а наставниците да имаат можност полесно и покреативно да ја реализираат наставната содржина.

Во текот на своите 70 години постоење, Банката континуирано вложува во најзначајните општествени сегменти, меѓу кои е и образованието, затоа што Комерцијална банка верува дека придонесот кој го дава за заедницата е инвестиција која носи голем општествен поврат.

Продолжи со читање

Банки

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Објавено

на

Халкбанк АД Скопје и Ракометната федерација на Македонија официјално го продолжија своето партнерство и за 2026 година, со што банката и понатаму останува еден од клучните поддржувачи на македонскиот ракомет.

Со продолжувањето на соработката што започна во 2018 година, Халкбанк уште еднаш ја потврдува својата долгорочна посветеност на развојот на еден од најуспешните и најпрепознатливи спортови во земјата. Партнерството е насочено кон поддршка на активностите и настапите на македонските машки и женски ракометни репрезентации, кои континуирано ја претставуваат државата на меѓународната спортска сцена и остваруваат значајни резултати.

Договорот беше потпишан во просториите на Халкбанк АД Скопје, од страна на директорот на Халкбанк АД Скопје, Фатих Шахбаз и претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Алесандар Стефанов.

„Горди сме што и во 2026 година ја продолжуваме соработката со Ракометната федерација на Македонија. Ракометот е спорт со длабока традиција и огромна поддршка кај јавноста, а Халкбанк со ова партнерство останува дел од успехот, емоциите и вредностите што ги носи македонскиот ракомет. Нашата поддршка е израз на доверба во спортот, спортистите и идните генерации“, – изјави Фатих Шахбаз, генерален директор на Халкбанк АД Скопје.

Од Ракометната федерација на Македонија посочија дека продолжувањето на партнерството има особено значење за федерацијата и националните селекции.

„Продолжувањето на соработката со Халкбанк е уште една потврда за заемната доверба и заедничката визија што ја градиме со години. Халкбанк е стабилен и сериозен партнер на македонскиот ракомет, а нивната поддршка од 2018 година, наваму, има значајна улога во развојот на националните селекции, натпреварувачките системи и целокупната ракометна инфраструктура. Со овој договор заокружуваме уште една важна година за Федерацијата и испраќаме јасна порака дека македонскиот ракомет има сигурни партнери и јасна насока за иднината. Благодарни сме за довербата на Халкбанк и веруваме дека заедно ќе продолжиме да создаваме услови за нови успеси и напредок на сите нивоа“, – истакна Александар Стефанов, претседател на Ракометната федерација на Македонија.

На настанот присуствуваа и македонските ракометари, кои со своето присуство ја заокружија атмосферата и ја потврдија блиската врска меѓу федерацијата, спортистите и поддржувачите на ракометот. Во рамки на неформалниот дел од настанот, ракометарите се задржаа на дружење со присутните и потпишуваа дресови.

Со договорот за 2026 година, Халкбанк уште еднаш ја потврдува својата определба да биде активен и одговорен поддржувач на националниот спорт. Поддршката на ракометот е дел од поширокиот пристап на Банката кон општествено одговорно делување, насочено кон развој на спортот, младите и вредностите што ја поврзуваат заедницата.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange