Банки
Комерцијална банка ќе започне со исплата на дивиденда на 07.05.2025 година

Комерцијална банка АД Скопје ги известува своите акционери дека почнувајќи од 07.05.2025 година ќе врши исплата на дивиденда за 2024 година. Право на исплата на дивиденда за 2024 година имаат сите акционери на Комерцијална банка кои се евидентирани во книгата на акции на 22.04.2025 година.
Исплатата на дивиденда на правните лица ќе се врши со пренос на средствата на нивните платежни сметки во Комерцијална или во друга банка.
Согласно Законот за данокот на личен доход, Комерцијална банка, како исплатувач на доход по основ на дивиденда, пресметката и плаќањето на данокот на доход и исплатата на дивидендата на физички лица ќе ги врши со поднесување електронска пресметка за бруто-доходот и за данокот по одбивка (е-ППД) до Управата за јавни приходи преку системот е-Персонален данок.
Е-ППД системот не прифаќа неточни и непотполни податоци. Затоа се повикуваат сите акционери-физички лица кои не се запишани во евиденцијата на УЈП како даночни обврзници да превземат соодветни мерки за нивно запишување согласно процедурите на УЈП. Ова особено се однесува на малолетните лица и/или други лица кои досега не биле приматели на оданочив доход од кој било вид во Република Северна Македонија.
Средствата од дивидендата за 2024 година преку е-ППД системот ќе бидат уплатени на платежните сметки на физичките лица во Комерцијална банка АД Скопје. Исклучок ќе бидат лицата кои имаат дадено овластување/инструкција за пренос на дивидендата на платежна сметка во друга банка. Комерцијална банка во таков случај средствата од дивидендата преку е-ППД системот ќе ги уплати на назначената платежна сметка. Доколку некој акционер, резидент физичко лице, нема дадено такво овластување, а сака дивидендата да му биде исплатена на платежна сметка во друга банка, треба да го стори тоа преку доставување инструкции во електронска форма, а кои може да се најдат на веб-страницата на банката www.kb.mk, во делот „ЗА НАС \ Односи со инвеститори“.
Согласно член 85, став 11, од Законот за данокот на личен доход, пресметката на данокот на доход од дивиденда остваренa со учество во добивката во 2024 година, a исплатена во 2025 година, ќе биде доставена до секој акционер евидентиран во книгата на акции по извршената исплата на дивидендата.
Дополнителни информации може да се добијат на телефонските броеви: (02)3168-313, 3168-309, 3168-323 и 3168-311.
Банки
Успешeн прв квартал за НЛБ Банка – континуиран раст, поддршка на населението и бизнисот и значаен придонес во заедницата

НЛБ Банка успешно ги заокружи првите три месеци од годинава, покажува анализата на финансиските резултати на Банката за периодот од 01.01.2025 до 31.03.2025 година.
Работејќи согласно усвоената деловна политика, во првиот квартал од 2025 година, НЛБ Банка оствари нето добивка во износ од 719.468 илјади денари што претставува зголемување за 6,1% во однос на остварената нето добивка истиот период претходната година, како и раст на кредитите од 2,1% споредено со крајот од 2024 година. Во анализираниот период, вкупните депозити на Банката во однос на 31.12.2024 година се намалени за 5,8%, додека депозитите по видување на домаќинства бележат пораст за 7,7%.
Овие резултати на Банката се должат на успешно спроведената деловна стратегија, засилените продажни активности во сите сегменти од работењето, вклучително и ефикасното управување со ризиците, оперативната ефективност и постојаната ориентација кон подобрување на корисничкото искуство и одржливиот раст.
Во првиот квартал од годинава, непосредно по трагедијата во Кочани, НЛБ Банка Скопје донираше средства преку сметката на солидарноста на Црвениот крст на Република Северна Македонија за прва помош на повредените и семејствата на настраданите, а како оснoвач и донатор во Фондацијата „Заедно за едно“ на Македонската банкарска асоцијација, заедно со банките – членки на НЛБ Групацијата, ќе реализира донација од 350 илјади евра за рехабилитација и медицински третмани на повредените, како и поддршка во образовниот процес и професионалната реинтеграција на лицата и семејствата кои се соочија со загуба.
НЛБ Банка и натаму ќе продолжи да биде поддршка на населението и бизнис секторот во земјата, давајќи притоа значаен придонес во макроекономскиот и финансискиот амбиент на државата. Во фокусот на работењето на Банката како и до сега се унапредување на дигиталните канали во насока на зголемување на дигиталната пенетрација на клиентите, иновациите и примената на вештачката интелегенција, унапредување на клиентското искуство, проширување на портфолиото на производи и услуги со посебен акцент на „зелените“ продукти, како и на општествено одговорни проекти за грижа за своите вработени и заедницата во целост.
Банки
Комерцијална банка: Исплатата на пензиите за април започнува на 30 април

Комерцијална банка започнa со исплата на пензиите за април од денес (среда, 30.04.2025 година).
Пензионерите кои имаат активна дебитна картичка со својата пензија може да располагаат од денес (30.04.2025 година) и може да ја подигнат на банкомат или да ја користат за безготовинско плаќање низ трговската мрежа.
Пензионерите кои не користат дебитна картичка, пензијата од 30.04.2025 година ќе може да ја подигнат во широката мрежа на експозитури и филијали на Банката од понеделник до петок, а секако и во сабота, кога филијалите на Банката низ целата земја и дел од експозитурите во Скопје работат од 9 до 12 часот.
Банки
НЛБ Банка со нова практика: Подобри услови и поголема грижа за пензионерите

Во пријатна и конструктивна атмосфера, во просториите на НЛБ Банка се одржа настан со претставници од повеќе здруженија на пензионери, со цел запознавање со поволностите и банкарските услуги што Банката ги нуди за своите клиенти-пензионери.
Настанот беше посветен на дијалог и размена на мислења, при што НЛБ Банка ги слушна сугестиите и потребите на пензионерите и ја потврди својата заложба за континуирано подобрување на понудата, како и за засилена едукација за користење на дигиталните услуги.

Во рамки на настанот, претседателот на Управниот одбор на НЛБ Банка, Тони Стојановски, со особено задоволство ја најави новата можност од овој месец, пензионерите-клиенти на НЛБ Банка да можат да располагаат со својата пензија уште пред почетокот на месецот. Оваа промена ќе овозможи навремено и полесно користење на средствата, особено пред празници, преку мрежата на банкомати и експозитури, веднаш по потврдата од Фондот на пензиско и инвалидско осигурување.

Априлската пензија веќе е исплатена пред првомајските празници, како конкретен чекор во насока на подобра грижа за пензионерите, важна и заслужена категорија граѓани.
Како симболичен гест на благодарност, Управниот одбор на Банката им упати искрени честитки за 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот, со најдобри желби за здравје, мир и достоинствени пензионерски денови.



- Банкипред 3 недели
Шпаркасе Банка наскоро започнува со изградба на нова Централа во Скопје
- Интервјуапред 1 месец
Интервју | ЕМИЛИЈА НАЦЕВСКА: Вклучувањето на Македонија во СЕПА отвора ново поглавје во меѓународните плаќања
- Бизниспред 2 месеци
Награди за е-трговија: Ова се најдобрите за 2024 година!
- Вработувањепред 2 месеци
Оглас за вработување во Силк Роуд Банка АД Скопје
- Банкипред 2 месеци
“Сите врати се отворени” со промотивниот Потрошувачки пакет од ПроКредит Банка
- Советипред 3 недели
Водич за станбени кредити – Дел 1: Што треба да знаете пред да аплицирате?
- Банкипред 2 месеци
Пензионерски пакет на Халкбанк – Сигурна пензија, помалку трошоци и поголема удобност
- Вработувањепред 2 месеци
Оглас за вработување во Силк Роуд Банка АД Скопје