Банки
УНИБанка го заокружи првиот квартал на 2023 година со добивка од 2,1 милион евра
УНИБанка заклучно со првиот квартал од 2023 година оствари позитивни финансиски резултати преку реализација на низа активности поврзани со зголемување и подобрување на понудата за клиентите со нови атрактивни продукти вклучително и од областа на платните сервиси. И во овој период Банката продолжи со имплементација на нови технологии со цел пренасочување на клиентите кон дигиталните канали како побезбедни, поевтини и поедноставни начини на извршување на банкарските трансакции.
Повеќе од една година Банката се справува со предизвиците наметнати од енергетската криза и ескалацијата на руско-украинскиот конфликт кој предизвика силен раст и голема променливост на цените на примарните енергенси што предизвика раст на цените на сите останати производи и услуги. Во вакви услови основна цел на Банката е да се одржи и зачува ликвидната и солвентната позиција на банката, да се задржи континуитетот и квалитетот на услугите кои ги нуди како и да се обезбеди финансиска подршка на клиентите, притоа залагајќи се максимално за безбедноста на клиентите при користењето на услугите на Банката, како и за безбедноста на вработените.
Остварени приходи
Остварените вкупни приходи од работење во првиот квартал од 2023 година изнесуваат 491.2 милиони денари и во однос на истиот период од минатата година бележат зголемување од 12,6%.
Најголем придонес во остварувањето на позитивен финансиски резултат во износ од 132.1 милиони денари имаат приходите од камати како најзначаен елемент на банкарските приходи.
Имено, во структурата на вкупните приходи (приходи од камати, приходи од провизии и надомести, нето-приходи/расходи од курсни разлики и останати приходи од дејноста), најголемо учество од 65,2% имаат приходи од камати, кои во споредба со истиот период од 2022 година се зголемени за 20,3%, а анализата на секторската структура на приходите од камати покажува поголема ориентација на банката кон кредитирање на секторот население. Во вкупните приходи од дејноста на банката, треба да се истакне порастот на приходите од провизии од 7,4%, како резултат на растечкиот тренд на дигитализација во користењето на банкарските услуги и продукти и привлекувањето на нови клиенти корисници на наведените услуги.
Остварени расходи
Остварените расходи во првиот квартал од 2023 година изнесуваат 359.1 милиони денари и бележат намалување од 8,4% во однос на истиот период од 2022 година. Намалувањето на расходите се должи пред се на намалување на административните расходи и на помалиот износ на издвоени средства за зајакнување на резервациите по кредити.
Исполнување на планот и очекувања за претстојниот период
Податоците за остварување на билансните цели на банката се во согласност со очекуваните во првиот квартал од 2023 година. Растот на кредитното портфолио на банката е во рамките на планот, со акцент на порастот на кредитирањето на население, кое бележи пораст од 1% во однос на Декември 2022 година.
Анализата на структурата на пасивата на билансот на состојба на 31.03.2023 година и нејзината споредба со планираната укажуваат на надминување на планираните извори на финансирање од секторот корпоративно и секторот население, кои се зголемени за 4,9% и 2,6% респективно во однос на 31.12.2022 година. Воедно, и прибраните средства од финансискиот сектор бележат зголемување од 8,2% во однос на 31.12.2022 година што е согласно планираната стратегија на Банката за одржување на прифатливо ниво на ликвидност.
Во претстојниот период банката очекува да продолжи тенденцијата на зголемување на активата, континуиран раст и задржување на квалитетот на кредитното портфолио на банката, кој би бил подржан со зголемен раст на депозитната база преку имплементација на нови депозитни продукти, во насока на зголемување на учеството на нефинансиските извори на финансирање, со посебен акцент на зголемување на учеството на трансакциските сметки, оптимизирање на административните трошоци, зголемување на пазарното учество по различни сегменти во банкарскиот сектор во зависност од преземениот ризик, влијанието на адекватноста на капиталот и профитабилноста, подобрување на квалитетот на услугите, усовршување на дигиталните сервиси и канали за плаќање, развој на знаењето и вештините на човечките ресурси како главен столб на доброто работење и исполнување на сите зацртани цели во Бизнис планот на Банката за 2023 година, а се со цел да излеземе во пресрет на различните потреби и интереси на клиентите.
Банки
Двојна победа на НЛБ Банка Скопје на наградите за банкарство на EMEA Finance Europe 2025
НЛБ Банка e добитник на две престижни признанија на финансискиот магазин EMEA Finance Europe од Лондон – осми пат „Најдобра банка“ во Македонија и за прв пат, „Најдобра дигитална банка“ во регионот на Централна и Источна Европа. Признанијата се потврда за извонредните перформанси и отпорноста, иновациите и трансформативната улога на Банката кон дигиталните технологии и вештачката интелигенција, како и обликувањето на иднината на банкарството во земјата и споменатиот регион.
Признанието за „Најдобра банка“ во Македонија ги одразува одличните финансиски перформанси, стабилноста и отпорноста во справувањето со динамичните и предизвикувачки услови на домашниот и меѓународните пазари, како и посветеноста на НЛБ Банка на супериорна услуга ориентирана кон клиентите, со истовремено одржување на највисоки стандарди за транспарентност, интегритет и одржливост.
Сепак, како што наведува EMEA Finance Europe, овогодишните признанија ја нагласуваат не само способноста на банките да се снајдат во сложени пазарни средини, туку и нивната посветеност на иновативни банкарски решенија и унапредување на дигиталната трансформација. Препознавајќи ја како лидер во дигитализацијата, благодарение на револуционерните иновации и реализацијата на бројни трансформативни проекти кои го редефинираат банкарството и ја приближуваат Банката кон остварување на нејзината амбициозна „Стратегија 2030“, токму НЛБ Банка Скопје е носител на признанието „Најдобра дигитална банка“ во регионот на Централна и Источна Европа.
„Искрена благодарност до EMEA Finance Europe за овие престижни признанија и огромна благодарност до нашиот посветен тим, клиентите и партнерите чија доверба и поддршка го овозможуваат нашиот успех. Двојното признание за НЛБ Банка е потврда за успешното работење на Банката, нашето континуирано инвестирање во најсовремени дигитални решенија и вештачка интелигенција, и нашиот непоколеблив фокус на обезбедување вредност за нашите клиенти. Подеднакво горди на двете признанија, со особена радост ја примивме веста за „Најдобра дигитална банка“ за Централна и Источна Европа. Ова е значајна пресвртница која ја позиционира нашата Банка на врвот на регионалната извонредност во дигиталното банкарство и го зајакнува угледот на Банката како лидер во дигиталната трансформација.“- истакнува Претседателот на Управниот одбор на НЛБ Банка Скопје, Тони Стојановски.
Инаку, ЕМЕА Finance Europe e реномиран магазин кој во финансискиот свет е познат како „независен глас на финансиската заедница, нејзините клиенти и партнери“ во регионите на Централна и Источна Европа, Блискиот Исток и Африка. Наградите за финансии на EMEA се сметаат за едно од највисоките признанија во банкарската индустрија, со кое се признаваат институции кои поставуваат стандарди во оперативната извонредност, дигиталните иновации и одржливото финансирање. За потсетување, кон крајот на минатата година, на престижната церемонија на финансискиот магазин „The Banker“ во Лондон, НЛБ Банка по дванаесетти пат, ја понесе и титулата „Банка на годината“. Наградата претставува репер за квалитет и достигнувања во глобалната банкарска индустрија – признание за водечките банки ширум светот кои покажале исклучителни перформанси и лидерство на нивните пазари.
Банки
Гувернерот Славески: Монетарната политика обезбедува стабилен денар, контролирана инфлација и стабилен банкарски систем
Во гостувањето во емисијата „Вин-вин“ на телевизија „Телма“, гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, истакна дека монетарната политика успешно ја исполнува својата основна цел – одржувањето на ценовната и финансиската стабилност во земјата.
Гувернерот посочи дека стабилноста на девизниот курс на денарот и натаму е цврсто закотвена. Стабилниот курс на денарот во однос на еврото претставува важен фактор за зачувувањето на довербата во економијата, финансиската стабилност и конкурентноста на домашната економија.
Во однос на инфлацијата, беше нагласено дека се бележи стабилизирање на ценовните движења, а во одредени месеци во текот на минатата година има и намалување на ценовното ниво на месечно ниво. Народната банка очекува дека во текот на оваа година инфлацијата и натаму ќе се намалува, што е во согласност со среднорочната цел за ценовна стабилност и приближување кон инфлацијата во еврозоната.
Гувернерот информира дека Народната банка воведе нова и поефикасна оперативна монетарна рамка, со што се унапредува преносот на сигналите од монетарната политика кон финансискиот систем. Во новата рамка, банките имаат можност да пласираат средства кај Народната банка на седум дена со каматна стапка од 4%, со дефиниран каматен коридор за краткорочните операции. Со ваквата поставеност се овозможува појасна насока за движењето на каматните стапки и се придонесува за одржување на стабилноста на финансискиот систем.
Беше истакнато дека банкарскиот систем располага со значителен вишок ликвидност, како и дека бележи постојан раст на штедењето кај населението. Во последните години се забележува и позитивен тренд на денаризација, односно раст на штедењето во домашна валута, што уште повеќе ја зајакнува стабилноста на денарот и довербата во домашниот финансиски систем.
Гувернерот нагласи дека девизните резерви се одржуваат на високо и сигурно ниво од околу 4,9 милијарди евра, што претставува силна гаранција за стабилноста на девизниот курс и за отпорноста на економијата на надворешни шокови.
Во гостувањето беше истакнато и дека постои широк општествен и економски консензус за придобивките од фиксниот девизен курс, што со децении успешно придонесува за стабилноста на македонската економија и претставува важен столб во процесот на европска интеграција и идното воведување на заедничката европска валута.
Народната банка и во иднина внимателно ќе ги следи економските движења и ќе спроведува политики насочени кон одржување на ценовната и финансиската стабилност, како важен предуслов за одржлив економски раст и за стабилност на економијата.
Банки
ХАЛКБАНК СО АТРАКТИВНА ДИГИТАЛНА КАМПАЊА: Отвори сметка онлајн и добиј 1.000 денари за гориво
Халкбанк АД Скопје од 1 февруари 2026 година започна нова кампања за онлајн отворање платежни сметки, реализирана во соработка со Макпетрол, со цел унапредување на дигиталното банкарство и поедноставување на пристапот до банкарските услуги.
Новите клиенти можат да станат дел од Халкбанк со само неколку клика, преку креирање електронска идентификација со мобилната апликација OneID, по што сметката се отвора целосно онлајн преку официјалната веб-страница на Банката.
Како дополнителен бенефит, првите 200 нови клиенти кои успешно ќе отворат сметка ќе добијат ваучер за гориво во вредност од 1.000 денари, кој може да се искористи на бензинските станици на Макпетрол. Деталите за подигнување на ваучерот ќе бидат доставени по електронски пат во рок од неколку дена.
Кампањата важи до исцрпување на предвидените 200 ваучери и се однесува исклучиво на лица кои досега немале отворена сметка во Халкбанк АД Скопје.
Со оваа иницијатива, Халкбанк продолжува да инвестира во дигитални решенија и корисничко искуство, овозможувајќи брз, безбеден и модерен пристап до банкарските услуги.
-
Продуктипред 2 месециХалкбанк денес официјално стартува со Apple Pay
-
Продуктипред 2 месециПразници со 0% камата – Мастеркард кредитна картичка од ПроКредит Банка
-
Интервјуапред 2 месециИнтервју | СИЛВАНА МИЛЕНКОВА И РАДИСАВ БУЛАТОВИЌ: Најважни се добрата комуникација, емоционалната интелигенција, искреноста и создавање на долгорочни односи на доверба со клиентите
-
Продуктипред 2 месециХалки картичка за деца – прва платежна картичка за деца на македонскиот пазар
-
Банкипред 2 месециФатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје
-
Продуктипред 2 месециПразничен промо депозит од ПроКредит Банка – Повеќе добивка за одличен старт на 2026
-
Кариерапред 2 месециОглас за вработување во Комерцијална банка
-
Банкипред 2 месециКомплетиран новиот Управен одбор на НЛБ Банка Скопје: Значајна пресвртница на патот кон стабилност и стратешки раст



