Connect with us
no baners

Банки

Средба со висок претставник на Трезорот на САД: Народната банка има клучна улога во одржувањето на финансиската стабилност

Објавено

на

no baners

Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска оствари средба со Лујен Д. Тран, заменик-помошник секретар во Канцеларијата за техничка помош во Трезорот на САД, на која се зборуваше за зајакнувањето на финансиската стабилност и унапредувањето на билатералната соработка. Преку оваа средба беше нагласена поддршката од САД за економскиот развој и зајакнувањето на отпорноста и финансискиот интегритет на земјава.

На почетокот на средбата беше нагласена клучната улога на Народната банка во зачувувањето на финансиската стабилност во сложеното глобално окружување, полно со неизвесности. Гувернерката Ангеловска-Бежоска истакна дека Народната банка преку преземените мерки му овозможи на финансискиот систем да се справи со економските предизвици. Беше истакнато и дека Народната банка дејствува како столб на севкупната макроекономска стабилност.

Гувернерката Ангеловска-Бежоска и високиот претставник на администрацијата на САД, Тран, ги разгледаа можностите за техничка помош и соработка за унапредување на регулативните рамки и финансиската стабилност. Преку користење на експертизата од оваа важна финансиска институција на САД, Народната банка може уште повеќе да ги зајакне своите капацитети за управување со ризиците, за супервизија и дигитализација на финансиите, коишто се исклучително важни за јакнењето на отпорноста. Преку соработката на двете институции ќе се добие увид и во новите алатки и практики за справување со предизвиците од неизвесното окружување, како и за можностите за пренесување на знаењето и поврзување со светскиот финансиски пејзаж.

no baners

Банки

Шпаркасе Банка воведе нова услуга – онлајн депозит за брзо отворање штедни влогови без посета на експозитура

Објавено

на

Шпаркасе Банка воведе нова услуга за своите клиенти – онлајн депозит, која овозможува брзо и едноставно отворање на депозит без потреба од посета на експозитура.

Како што информираат од Банката, корисниците сега можат да отворат депозит во само неколку чекори преку мобилната апликација S-Banka или преку Net Banking. Процесот е целосно дигитализиран и овозможува клиентите лесно да управуваат со своите финансии од каде било.

За користење на услугата потребна е автентикација преку OneID, со што се обезбедува сигурен и непречен пристап до банкарските услуги.

Со воведувањето на онлајн депозитот, Шпаркасе Банка продолжува да ги унапредува дигиталните услуги и да им овозможува на клиентите побрз, поедноставен и поудобен начин за користење на банкарските производи.

Продолжи со читање

Банки

УНИ Банка со нова понуда: Бизнис кредити со вклучено ризико животно осигурување

Објавено

на

Компаниите и претприемачите добиваат нова можност за финансиска поддршка преку бизнис кредити со вклучено ризико животно осигурување што ги нуди УНИ Банка, наменети за инвестирање и развој на деловните активности.

Овие кредити овозможуваат финансирање на различни деловни потреби, меѓу кои купување или изградба на објект, дополнителни инвестиции во бизнисот, рефинансирање на кредити од други банки, обезбедување обртни средства, набавка на нови машини или покривање на тековните деловни трошоци.

Понудата вклучува кредити до 50.000 евра без хипотека со каматна стапка од 5,7 проценти и рок на отплата до седум години. Корисниците имаат можност и за грејс период до шест месеци, а нема трошоци за разгледување на барањето. Во пакетот е вклучено и ризико животно осигурување на сопственикот на бизнисот.

За поголеми инвестиции, достапни се и кредити до 100.000 евра со хипотека и каматна стапка од 4,7 проценти. Рокот на отплата во овој случај е до десет години, со можност за грејс период до шест месеци, без дополнителни трошоци за разгледување на барањето, како и со вклучено ризико животно осигурување.

Дополнително, овозможено е и онлајн аплицирање, како и електронско потпишување на целокупната документација, што го поедноставува и забрзува процесот на добивање на кредитот.

Со оваа понуда, УНИ Банка има за цел да им помогне на компаниите полесно да инвестираат и да го развиваат својот бизнис, со поголема финансиска сигурност и поедноставени процедури.

Продолжи со читање

Банки

Вицегувернерката Митреска: Континуитет на политиката на стабилен девизен курс и одржување на макроекономската стабилност

Објавено

на

„Народната банка внимателно ги следи сите поместувања поврзани со конфликтот на Блискиот Исток и е подготвена да реагира со соодветни инструменти доколку се појават поизразени и подолготрајни ефекти врз домашната економија“, истакна вицегувернерката Ана Митреска во интервју за ТВ „Телма“.

„Засега, најверојатните сценарија се умерени, со оцени за побрзо смирување на воените операции, ограничени ефекти врз снабдувањето и цените на енергентите и помали економски последици. Доколку дојде до ескалација и ако се покаже дека ефектите од конфликтот се подолготрајни, со посилни притисоци врз инфлацијата и девизните резерви, централната банка има простор да реагира со повеќе инструменти за стабилизација што ѝ стојат на располагање“, нагласи Митреска. 

Митреска посочи дека каналите преку коишто може да се пренесе растот на светските цени на енергентите и кај нас се директни и индиректни. Директните се однесуваат на пренесувањето на овој раст директно врз домашните цени, како и врз вкупниот увоз. Индиректните ефекти би ги почувствувале преку промените на економските изгледи на нашите трговски партнери, односно земјите од Европската Унија. Досегашните оцени за последиците од конфликтот за европската економија посочуваат на ограничени ефекти врз инфлацијата и растот или, со други зборови, нема очекувања за некои големи промени во надворешното окружување за домашната економија гледано низ оваа перспектива.

„Народната банка постојано ги следи состојбите и можните ефекти врз македонската економија. Во изминатите години, напоредно со справувањето со кризите, градевме дополнителен простор и капацитет за ублажување на можните нови шокови. Девизните резерви во моментов се околу 70% над нивото пред пандемијата, а отпорноста на банкарскиот, систем според сите параметри, дополнително зајакна во изминативе неколку години. Оттука, нема дилема околу континуитетот во одржувањето на стабилноста на девизниот курс и на вкупната макроекономска стабилност“, порача Митреска.

Целото интервју е на следната врска: https://www.youtube.com/watch?v=t_fzRC_VC6A

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange