Connect with us

Банки

Вицегувернерката Митреска: Континуитет на политиката на стабилен девизен курс и одржување на макроекономската стабилност

Објавено

на

„Народната банка внимателно ги следи сите поместувања поврзани со конфликтот на Блискиот Исток и е подготвена да реагира со соодветни инструменти доколку се појават поизразени и подолготрајни ефекти врз домашната економија“, истакна вицегувернерката Ана Митреска во интервју за ТВ „Телма“.

„Засега, најверојатните сценарија се умерени, со оцени за побрзо смирување на воените операции, ограничени ефекти врз снабдувањето и цените на енергентите и помали економски последици. Доколку дојде до ескалација и ако се покаже дека ефектите од конфликтот се подолготрајни, со посилни притисоци врз инфлацијата и девизните резерви, централната банка има простор да реагира со повеќе инструменти за стабилизација што ѝ стојат на располагање“, нагласи Митреска. 

Митреска посочи дека каналите преку коишто може да се пренесе растот на светските цени на енергентите и кај нас се директни и индиректни. Директните се однесуваат на пренесувањето на овој раст директно врз домашните цени, како и врз вкупниот увоз. Индиректните ефекти би ги почувствувале преку промените на економските изгледи на нашите трговски партнери, односно земјите од Европската Унија. Досегашните оцени за последиците од конфликтот за европската економија посочуваат на ограничени ефекти врз инфлацијата и растот или, со други зборови, нема очекувања за некои големи промени во надворешното окружување за домашната економија гледано низ оваа перспектива.

„Народната банка постојано ги следи состојбите и можните ефекти врз македонската економија. Во изминатите години, напоредно со справувањето со кризите, градевме дополнителен простор и капацитет за ублажување на можните нови шокови. Девизните резерви во моментов се околу 70% над нивото пред пандемијата, а отпорноста на банкарскиот, систем според сите параметри, дополнително зајакна во изминативе неколку години. Оттука, нема дилема околу континуитетот во одржувањето на стабилноста на девизниот курс и на вкупната макроекономска стабилност“, порача Митреска.

Целото интервју е на следната врска: https://www.youtube.com/watch?v=t_fzRC_VC6A

Банки

Тимот на Комерцијална банка подготвен за штафетниот предизвик од 42 километри

Објавено

на

Тимскиот дух се гради пред трката, а се докажува на патеката. Со оваа порака, Комерцијална банка АД Скопје го претстави својот штафетен тим кој на 4 октомври ќе се соочи со предизвикот да истрча вкупно 42 километри.

Тимот го сочинуваат Искра, Горан, Јована и Мартин, кои велат дека за успешна штафета не се доволни само физичката подготовка и брзината, туку и добра стратегија, меѓусебна поддршка и силен тимски дух.

„Кога се трча штафета, најважно е секој успешно да го заврши својот дел. За нас, успехот не се мери само во секунди и километри, туку во тоа сите да стигнеме на целта здрави, насмеани и задоволни од заедничкиот резултат“, велат членовите на тимот.

Според нив, поддршката започнува многу пред стартната линија, преку заедничките подготовки, мотивацијата и размената на совети.

„На самата трка секој е сам на својата делница. Затоа, најголемата поддршка ја градиме деновите претходно. А на денот на трката доволни се насмевките и аплаузот во моментите на размена на штафетата“, посочуваат тие.

За тимот на Комерцијална банка, штафетата претставува многу повеќе од спортски предизвик – таа значи заедничко планирање, споделување искуства и подготовка за секој следен предизвик.

Од Банката истакнуваат дека нивните колеги уште еднаш покажуваат дека зад секој успех стојат посветеност, добра подготовка и тим кој секогаш е тука еден за друг.

Продолжи со читање

Банки

НЛБ Банка ја исплати паричната помош за август од социјална, детска и цивилна заштита

Објавено

на

НЛБ Банка информира дека е извршена исплатата на паричната помош од социјална, детска и цивилна заштита за август 2026 година.

Корисниците на парична помош од социјална и детска заштита средствата можат да ги подигнат од банкоматите во секое време.

Од Банката потсетуваат дека клиентите имаат можност средствата да ги користат и безготовински, односно за плаќање во продажната мрежа, како и преку електронско и мобилно банкарство.

Продолжи со читање

Банки

Комерцијална банка со „Zipp-тември“: Попусти до 40 отсто, двојни поени и награди за членовите на Zipp Club

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје во текот на септември организира „Zipp-тември“, месец исполнет со дополнителни поволности, попусти, награди и забавни активности за членовите на Zipp Club.

Во рамки на промотивните активности, членовите на Zipp Club можат да користат дополнителни попусти до 40 отсто кај дел од Zipp партнерите.

За корисниците кои плаќаат со Zipp картичката е предвидена и можност преку BonusBox да собираат двојно повеќе поени, кои потоа можат да ги користат за дополнителни поволности и изненадувања.

Од Комерцијална банка најавуваат и цел месец дружења со изненадувања и подароци, како и доделување на наградите од Zipp наградната игра.

Како финале на „Zipp-тември“ е најавен и голем Zipp пикник.

Од Банката посочуваат дека повеќе детали за активностите и поволностите се достапни на веб-страницата kb.mk и на Instagram профилот на Zipp Club, а младите кои сè уште не се членови се повикуваат да се приклучат на клубот.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange