Connect with us

Банки

РАСТАТ ДЕВИЗНИТЕ РЕЗЕРВИ – во февруари достигнале близу 5 милијарди евра

Објавено

на

Девизните резерви на Македонија во февруари изнесуваат 4,86 милијарди евра, покажуваат податоците на Народната банка.

Моменталната вредност е пониска во однос на историскиот максимум достигнат на крајот од минатата година, кога изнесуваа повеќе од пет милијарди евра. Сепак, растот на девизните резерви претставува солидна основа за обезбедување на монетарната стабилност.

Најголемиот дел од девизните резерви или точно 76,2 проценти, се вложени во хартии од вредност, додека пак монетарното злато сочинува 12,5% од вкупните девизни резерви. Валутите и депозитите, пак сочинуваат 11,3% од резервите.

Како што посочуваат од Народната банка, сигурноста и ликвидноста во управувањето со девизните резерви се обезбедува преку пласмани во финансиски инструменти со висок кредитен рејтинг, кои овозможуваат брза достапност до ликвидни средства.

Банки

УНИБанка го одбележа месецот на штедење со финансиска едукација за деца и млади

Објавено

на

Во рамки на октомври – месецот на штедење, УНИБанка и оваа година организираше серија интерактивни активности насочени кон финансиска едукација на децата и младите.

Кампањата опфати различни категории на образовни институции, градинки, основни и средни училишта, како и факултети низ целата држава.

Активностите беа насочени кон подигнување на свеста за важноста на штедењето и управувањето со финансиите, запознавање со основните концепти на финансиска одговорност и развивање општествено одговорна свест. Преку практични примери, учениците и студентите активно учествуваа, поставуваа прашања и учеа за планирање на трошоците, рационално трошење и поставување финансиски цели.

Во рамки на активностите, овој октомври беше промовиран и пакетот за млади UniQ со цел да се поттикне финансиска самостојност и да им се овозможи на младитеполесен пристап до банкарски услуги.

Како дел од иницијативата, децата и младите добија тематски подароци, кои не само што служат за учење, туку и ги поттикнуваат на одговорно размислување за животната средина и општествената улога на секој поединец.

Со овие активности, УНИБанка продолжува да вложува во иднината на младите, промовирајќи вредности на финансиска писменост, одговорност и одржлив развој.

Банката останува посветена на својата мисија, да создава финансиски свесно и одговорно општество, во кое секоја генерација знае како да управува со своите финансии.

Заедно создаваме основа за подобра финансиска иднина!

ПР објава

Продолжи со читање

Банки

Комерцијална банка започна со исплата на пензиите за месец октомври

Објавено

на

Комерцијална банка ја информира јавноста дека исплатата на пензиите за октомври започна од денес – (петок, 31 октомври 2025 година).

Пензионерите кои користат дебитна картичка можат да располагаат со своите средства веднаш истиот ден, без потреба од посета на филијала. Банката ги охрабрува клиентите да ја користат картичката за безготовински плаќања во продавници, онлајн купувања, или за подигнување готовина од банкоматите на Комерцијална банка, кои се достапни низ целата земја.

За оние кои претпочитаат исплата на шалтер, подигнувањето на пензијата ќе биде можно од 31 октомври (петок), како и во секој нареден работен ден.

Мапата со локациите на Комерцијална банка е достапна на следниот линк: https://www.kb.mk/lokacii-kb.nspx?type=branch

Продолжи со читање

Банки

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на штедењето со едукативни активности за учениците и посета на музејот на НБРМ

Објавено

на

Халкбанк и годинава Светскиот ден на штедењето го посвети на финансиска едукација на најмладите. Банката го заокружи октомври – месецот на штедењето со два настани во кои беа вклучени ученици од основните училишта од повеќе општини во Скопје, како и со активности во речиси сите филијали низ Македонија.

Дел од учениците го посетија Музејот на Народната банка каде што се запознаа со историјата на монетите и развојот на паричниот систем. Имаа можност да ја погледнат најбогатата збирка на монети во државата и да поставуват прашања за историјата на парите. За втората група ученици беше организиран забавно – едукативен настан во едукативниот центар во Дирекцијата на Халкбанк. Тие се запознаа со основните финансиски поими и се дружеа со слончето Халки, кое е симбол на детското штедење на Халкбанк.

„Наша цел е да ги поттикнеме децата од најрана возраст, уште додека се во училишните клупи, да развијат позитивни навики за финансиска одговорност и штедење. Денешните активности се дел од долгорочната посветеност на Халкбанк за финансиска едукација и поддршка на младите генерации“, изјави Маја Наумовска Савеска, директор на корпоративни и маркетинг комуникации во Халкбанк.

Сите ученици кои присуствуваа на двата настани, како и на активностите низ цела Македонија, го добија на подарок „Букварот на Халки“, кој на едноставен и интересен начин им ги доближува на децата најважните и најчесто користени финансиски термини.

Детското штедење Халки нуди поволни услови за родителите да инвестираат во посигурна иднина на своите деца, овозможувајќи им да создадат финансиска основа и да ги развиваат позитивните навики за штедење уште од најмала возраст. За секоја новоотворена штедна книшка следува подарок креативен подарок од слончето Халки.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange