Connect with us
no baners

Кариера

Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје

Објавено

на

НЛБ Банка е една од водечките Банки во Р.С. Македонија и лидер на пазарот во делот на современи банкарски услуги. Својот успех го темели на тимот на посветени вработени, висококвалитетните стандарди во работењето, модерната инфраструктура на информатичката технологија и успешната пазарна стратегија.

Доколку сe стремите кон постигнување на дополнителни резултати и унапредување на процесите, НЛБ Банка ве мотивира да аплицирате за работното место во Службата за стратешки маркетинг, односи со клиенти и комуникации:

Советник за грижа на корисници
Сектор за развој на понуда и маркетинг

Улога во тимот:

  • Координирање и управување со сите поплаки пристигнати во Банката (complaint management);
  • Директно одговарање на поплаките на клиентите и координација со останатите стручни служби во Банката зависно од типот на поплаката, со цел подготовка на одговори и разрешување на поплаките;
  • Подготовка на извештаи од областа на управување со поплаките;
  • Следење на резултатите од сите истражувања на задоволството на клиентите на Банката;
  • Дефинирање стратегија и активности за унапредување на задоволството на клиентите и нивното корисничко искуство;
  • Подготовка и спроведување на анкети за мислењето / корисничкото искуство на клиентите од конретен продукт / услуга;
  • Употреба на разни алатки и спроведување на активности за унапредување на грижата за клиентите (Customer care).

Вашиот профил:

  • Универзитетско образование;
  • Минимум две години искуство во сегментот на грижа и односи на клиенти;
  • Развиени комуникациски вештини, проактивен пристап и мотивираност за ефикасно управување на барањата на клиентите;
  • Способност за тимска работа и самоиницијативност;
  • Способност за работа во динамична околина;
  • Одлично познавање на англиски јазик и МS Office.

Мотив да се придружите на НЛБ тимот:

  • Препознатлив регионален бренд и современо работно опкружување;
  • Меѓусебната доверба и грижа за другиот се основни начела во работењето;
  • Напредна обука и индивидуален кариерен развој;
  • Конкурентен пакет на плата и надоместоци;
  • Приватно здравствено осигурување.

Заинтересираните кандидати своите кратки биографии и мотивациски писма можат да ги достават на: [email protected], најдоцна до 05.03.2023 година (недела).

Кариера

Оглас за вработување во Шпаркасе Банка АД Скопје: Отворена позиција за работа со мали и средни претпријатија

Објавено

на

Доколку имаш желба да бидеш дел од динамичен банкарски тим кој со отворен ум ги прифаќа секојдневните предизвици имаш позитивен пристап во работата, покажуваш ентузијазам секогаш да бидеш најдобар во тоа што го работиш, имаш желба да учиш и да се развиваш преку организацијата и се трудиш да изнајдеш иновативни и креативни начини за реализација на задачите, а воедно ти е важно да работиш во средина во која се вреднува тимскиот дух и фер однесување, Шпаркасе Банка ве охрабрува да се придружите на нивниот тим и заедно, секојдневно да ги живеете корпоративните вредности!

Шпаркасе Банка, дел од групацијата Erste & Steiermärkische Sparkasse, има потреба од вработување на самостоен соработник за односи со мали и средни претпријатија (SME Relationship Senior Associate), Сектор за мали и средни претпријатија/ Оддел за мали и средни претпријатија во Експозитура Струмица.

Што ќе биде твојата улога?

  • Управување со портфолио на клиенти, следење на ризик профил и профитабилност, исполнување на годишни таргети и активно привлекување на нови клиенти.
  • Следење на пазарот и регулативата и примена на тарифникот, каматната политика, интерните правила и банкарските системи.
  • Опслужување на клиентите: платен промет, кредитни производи, документација, отворање сметки и подготовка на договори и известувања.
  • Поддршка на Регионалниот раководител за МСП и соработка со кредитна анализа и продажна
    поддршка, вклучително подготовка на кредитни апликации и финансиски анализи.
  • Проактивна идентификација и следење на ризици, пласмани и проекти, грижа за наплата и
    обезбедување ефикасна комуникација со клиенти и внатрешни служби.

Кои квалификации се потребни?

  • Минимум ВСС;
  • Работно искуство во продажба и промоција на производи и услуги, остварување на таргети и работа со
    клиенти во банкарскиот или друг сектор/индустрија ќе се смета за предност;
  • Активно познавање на работа со компјутер (MC Office);
  • Познавање на англиски јазик (конверзација, разбирање, пишување);
  • Одлични комуникациски и продажни вештини, одлични организациски вештини и способност за
    одредување приоритети, активна продажба, тимска работа, препознавање на ризикот во работењето и
    способност за работа под притисок.

Кои ќе бидат твоите придобивки?

  • Континуирана обука и можност за кариерен развој во банкарската групација Erste & Steiermärkische Sparkasse
  • Приватно здравствено осигурување
  • Конкурентна плата и дополнителни надоместоци
  • Мотивирачка организациска култура во која се почитува иницијативноста, анагажманот, но и тимскот дух
  • Настани и активности за добросостојбата на вработените (employee’s wellbeing).

Шпаркасе банка ве охрабрува да ја искористите оваа можност и да аплицирате на отворената позиција со испраќање на CV и мотивациско писмо на: [email protected] заклучно со 30.03.2026 година со назнака „Апликација
за Самостоен соработник за односи со мали и средни претпријатија“
.

Вашите апликации ќе имаат третман на строга доверливост. Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг на селекција ќе бидат повикани на интервју.

Шпаркасе банка Ве замолува за доставување на согласност Вашите податоци и поднесени документи да се чуваат во базата на податоци на Банката во период од 6 месеци, доколку сте согласни со истото. Оваа согласност кандидатот може да ја повлече во секое време со писмено барање.

За дополнителни информации, посети ја страницата www.sparkasse.mk.

ТИ ЈА ПРАВИШ РАЗЛИКАТА! #КариераБезБариера #ВерувајВоИднината

Продолжи со читање

Кариера

Ана Митреска и Игор Величковски предложени за нови вицегувернери на Народната банка

Објавено

на

Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, до Собранието доставил предлози за избор на двајца нови вицегувернери: актуелната вицегувернерка Ана Митреска и директорот на Секторот за операции на финансиските пазари и платни системи, Игор Величковски.

Митреска е предложена за втор мандат, откако првпат беше избрана на функцијата во октомври 2018 година со седумгодишен мандат. Таа е доктор по монетарна економија и долгогодишен експерт во Народната банка, каде што од 2011 година ја предводи Дирекцијата за монетарна политика и истражување, а претходно била заменик-директор и истражувач во истата институција.

Во својата кариера има клучна улога во подготовката на макроекономските проекции и анализи, како и во формулирањето на предлозите за монетарната политика, преку учество во Комитетот за оперативна монетарна политика. Активно учествува во соработката со меѓународните финансиски институции и рејтинг-агенции, а зад себе има и бројни научни и стручни трудови од областа на монетарната и фискалната политика.

Митреска дипломирала и магистрирала на Економскиот факултет во Скопје, со фокус на монетарната економија. Во својата професионална кариера има учество на бројни меѓународни семинари и конференции организирани од институции како Меѓународниот монетарен фонд, Европската централна банка и други централни банки, што дополнително ја зајакнува нејзината експертиза.

Вториот кандидат Игор Величковски е доктор по монетарна економија на Универзитет во Стафордшир во Велика Британија и долгогодишен експерт во областа на платните системи и финансиските пазари.

Во Народната банка се приклучува во 2012 година, а од 2013 година ја извршува функцијата директор на Дирекцијата за платни системи. Оваа функција ја извршува до октомври 2024 година, кога по институционална реорганизација е назначен за директор на Секторот за операции на финансиските пазари и платни системи.

Од 2012 година е вклучен во истражувачкиот проект на CERGE-EI и Global Development Network (GDN), на тема: „Дали европската интеграција го забрзува процесот на економска конвергенција на земјите во транзиција? Шокантна перспектива“. Во 2019 година ги објавува и научните трудови „Пренос на каматните стапки во три земји-кандидатки за ЕУ: Случајот на Албанија, Северна Македонија и Србија“ и „Големина, конкурентност и странски директни инвестиции: Мала или проклетство на земја во транзиција?“.

Величковски има значаен придонес во модернизацијата на регулативата за плаќања, вклучително и во подготовката на новиот Закон за платежни услуги и платни системи и донесувањето на бројни подзаконски акти што ја унапредија конкуренцијата, иновациите и заштитата на потрошувачите. Тој беше директно вклучен и во приклучувањето на земјата кон Single Euro Payments Area (SEPA) во октомври 2025 година.

Покрај својата работа во централното банкарство, од 2019 до 2024 година беше и професор на Универзитетот Американ Колеџ во Скопје.

Неговото долгогодишно искуство и придонес во развојот на платните системи резултираа со предлог да биде избран за нов вицегувернер на Народната банка.

Продолжи со читање

Кариера

Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје

Објавено

на

ТТК Банка АД Скопје е универзална банка – партнер за населението и за малите и средните претпријатија, којашто креира вредности за своите акционери, клиенти и вработени, со помош на претприемачкиот и профитабилниот начин на размислување, оперативната ефикасност и градењето долгорочно партнерство.

Банката има тековна потреба за вработување во Служба за Секретаријат и за таа цел, ТТК Банка АД Скопје објавува:

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА СЛЕДНОТО РАБОТНО МЕСТО
Раководител на Служба за Секретаријат
(1 извршител)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange