Банки
Комерцијална банка и Mastercard одбележаа значаен јубилеј – 30 години од воведувањето на првата платежна картичка во Македонија
Комерцијална банка и Mastercard со јубилеен настан одбележаа 30 години од воведувањето на првата платежна картичка во Македонија. Како пионер и лидер во иновативните платежни решенија, Комерцијална банка пред три децении ја издаде првата меѓународно брендирана картичка во земјата, со што засекогаш ги промени начинот на плаќање и навиките на македонските граѓани.
Во присуство на високи претставници од Комерцијална банка и од Mastercard, како и на бројни претставници на медиумите, овој значаен јубилеен настан понуди сликовито навраќање на развојот на довербата и иновациите и визија за иднината на дигиталните плаќања.

Преку краток документарен видео приказ, присутните го видоа патувањето од првата платежна картичка во Македонија, воведена од Комерцијална банка, до модерните дигитални паричници, бесконтактни плаќања и иновативни решенија, кои денес се нашето секојдневие.
Во рамки на панел дискусијата „30 години партнерство, 30 години иновации“, беа истакнати довербата, соработката, визијата и улогата на долгорочното партнерство помеѓу Комерцијална банка и Mastercard во градењето сигурен, модерен и кориснички ориентиран платежен систем.
„Кога зборуваме за лидерството на Комерцијална банка во сегментот на иновативни платежни решенија, не зборуваме само за технологија. Зборуваме за искуство. За тоа како клиентите се чувствуваат секој ден кога плаќаат, купуваат, патуваат или управуваат со своите финансии. Почнавме пред 30 години со првата платежна картичка. Тогаш тоа беше голем чекор напред. Денес е секојдневие. Но, нашата мисија остана иста – да им нудиме повеќе вредност и поголемо задоволство на клиентите“, истакна на панелот д-р Никола Џамбазовски, Главен директор за продажба и развој и член на Управниот одбор на Комерцијална банка.
Џамбазовски го најави и следниот новитет од Комерцијална банка – дигиталната картичка, која постои веднаш, подготвена е за плаќање во дигиталниот свет од првиот момент и секогаш е достапна.
„Комерцијална банка се етаблираше како вистински двигател на промените на македонскиот пазар преку низа иновации со кои прва излегуваше на пазарот и преку разновидна понуда на производи. Во дигиталниот свет, довербата не е опција, таа е основа на секоја значајна активност. Во Комерцијална банка гледаме доверлив и одржлив партнер кој со импресивна брзина ги доближува глобалните трендови во плаќањата до секојдневните потреби на македонските потрошувачи и бизниси“, изјави Бартош Чиолковски, Генерален директор на Mastercard за Југоисточна Европа.

Според Киро Чадиковски, директор на Дирекцијата за банкарски картички и платежни сметки во Комерцијална банка, и директен сведок на сите клучни чекори од првата картичка до модерните платежни решенија на Банката, промената на навиките на клиентите е процес без крај.
„Кога ја започнав мојата кариера, имаше околу 1.000 трансакции месечно, денес за само 2-3 минути има над 1.000 трансакции преку системите на Комерцијална банка. Денес сме најголем прифаќач на картички со пазарно учество од над 33% во физичкиот свет и над 44% во виртуелниот свет. Ова се само дел од фактите кои навистина го покажуваат патот кој го одевме заедно со Mastercard, но ја покажуваат и динамиката на развојот“, изјави Чадиковски.
Платежните картички за македонските граѓани денес не се само инструмент за плаќање, туку и вредно искуство, забава и удобност при задоволување на секојдневните желби и потреби. Ексклузивната анализа на Mastercard Economic Institute, презентирана од Вања Манова, Регионален директор на Mastercard за Бугарија, Македонија, Албанија и Косово, покажа дека користењето картички во Македонија бележи силен раст во изминатите 30 години, од околу 130.000 картички во 2005 година до една картичка по жител денес.

„Купoвната моќ на домаќинствата е зголемена за околу 83% од 2003 година досега, а потрошувачките навики се значително променети. Денешните потрошувачи сѐ почесто се насочуваат кон практични и алтернативни производи. Забележлив е трендот „искуство наместо материјално добро“, при што трошоците за забава се речиси двојно зголемени во однос на 2000 година. Македонија се вбројува меѓу земјите во регионот со највисока потрошувачка во ресторани, а потрошувачите сè повеќе даваат приоритет на убавина, уживање, вкусни задоволства и удобност“, истакна Манова.
Јубилејниот настан заврши со пораката дека 30-годишното партнерство помеѓу Комерцијална банка и Mastercard е цврста основа за градење иднина на силно корисничко искуство што се случува едноставно, природно, сигурно и дигитално..
Банки
Комерцијална банка: Исплатата на пензиите за август започнува на 1 септември
Комерцијална банка АД Скопје информира дека исплатата на пензиите ќе започне во вторник, 1 септември.
Пензионерите кои користат дебитна картичка ќе можат да располагаат со својата пензија истиот ден. Од банката препорачуваат средствата да се користат безбедно и удобно, преку безготовинско плаќање во продавници или онлајн, како и преку подигнување готовина од банкомат.
За пензионерите кои сакаат да ја подигнат пензијата во филијала или експозитура, исплатата ќе биде достапна од 1 септември и во секој работен ден после тоа..
Од Комерцијална банка посочуваат дека мапата со локациите на филијалите и експозитурите е достапна на нивната веб-страница.
Банки
НЛБ Банка: Исплатени пензиите за август, средствата се достапни веднаш
НЛБ Банка Скопје ги извести пензионерите дека пензиите за месец август се исплатени и средствата се веќе достапни за користење.
Од Банката ги советуваат корисниците, со цел да заштедат време, да ја користат мрежата на банкомати, како и можностите за безготовинско плаќање во продажните места.

Пензионерите средствата можат да ги користат и преку електронското и мобилното банкарство на НЛБ Банка.
Банки
Северна Македонија во ноември се приклучува на новата платформа за инстант плаќања во Западен Балкан
Новата платформа TIPS Clone за порамнување на инстант плаќања официјално започна со работа на 20 јули 2026 година, соопшти Банката на Италија. Платформата е развиена за земјите од Западен Балкан и е базирана на истата технологија што ја користи европската инфраструктура TARGET Instant Payment Settlement, позната како TIPS.
Први институции што се приклучија на новиот систем се Централната банка на Босна и Херцеговина и Централната банка на Црна Гора.
Платформата овозможува порамнување на инстант плаќања во реално време во валутите на земјите учеснички, во пари на централните банки, како и во евра преку комерцијални банки. Според Банката на Италија, решението е безбедно, технолошки напредно и економично.
Вториот бран на приклучување е предвиден за ноември 2026 година, кога се очекува кон системот да се приклучат централните банки на Албанија, Косово и Северна Македонија. Со тоа, сите земји кои учествуваат во иницијативата ќе бидат поврзани на платформата.
Иницијативата е започната од Банката на Италија со поддршка на Европската централна банка и Евросистемот, како дел од пошироката соработка со земјите од Западен Балкан.
Целта е модернизација и зголемување на ефикасноста на платежната инфраструктура во регионот, како и нејзино постепено усогласување со европските стандарди.
Иако функционира како самостоен и независен систем, TIPS Clone ја користи истата технологија како европскиот TIPS, што овозможува примена на напредните функционалности на системот и идно воведување на новите технолошки решенија што ќе се развиваат во рамки на Евросистемот.
Од Банката на Италија оценуваат дека стартот на платформата претставува уште еден чекор кон посилна регионална соработка и кон економска и финансиска интеграција на Западен Балкан со Европската Унија.
Извор: Banca d’Italia
-
Продуктипред 2 месециИднината на банкарството е во доброто корисничко искуство
-
Банкипред 2 месециСтопанска банка со промотивна камата од 4,9 отсто за Mastercard Platinum картичката
-
Кариерапред 2 месециСтопанска банка Скопје вработува трезорист, отворен оглас за апсолвенти и дипломирани економисти
-
Анализипред 1 месецДали Македонија ќе ги следи Унгарија, Полска и Литванија и ќе го укине вториот пензиски столб?
-
Продуктипред 2 месециНулта толеранција за измами: Владата усвои нова Стратегија за заштита на финансиските интереси на ЕУ во земјава до 2030 година
-
Банкипред 4 неделиПремиум дебитната картичка на Стопанска банка овозможува пристап до над 1.800 аеродромски деловни зони
-
Советипред 2 месециКБ Прво пензиско друштво: Вториот столб е лична заштеда за посигурна пензија
-
Кариерапред 1 месецАлта банка со активен оглас за стручен соработник во банкарска експозитура во Велес





