Интервјуа
Нови трендови и стратешки насоки на ПроКредит Банка: Интервју со Стевче Кузмановски во најновата епизода на FinSight
Во најновата епизода на емисијата FinSight гостува Стевче Кузмановски, Член на Управниот одбор на ПроКредит Банка АД Скопје. Разговорот ги отвора најрелевантните теми за банкарскиот сектор, со акцент на плановите и визијата на банката за 2026 година.
Кузмановски открива кои ќе бидат стратешките приоритети на ПроКредит Банка во следната година, при што во фокус ќе бидат дигиталната трансформација, унапредувањето на услугите за физичките лица и понатамошната модернизација на банкарските процеси.
Особено внимание се посветува на тоа како клиентите ќе може да ги користат новите и постојните производи и услуги, преку подобрени дигитални функционалности, поедноставени алатки и уште поголема достапност. Банката подготвува и нови поволности за корисниците, меѓу кои и поповолни тарифни модели, олеснети процедури, како и нови можности за физички и правни лица.
Една од клучните теми е и прашањето дали и во кои случаи клиентите ќе треба да ја посетат филијалата. Дел од услугите остануваат да се извршуваат физички, но значаен дел се префрлаат онлајн, во насока на целосна дигитализација.
Разговорот ги отвора и широчините на банкарството на иднината, без филијали, дигитални екосистеми, модерни платформи и брза еволуција на инстант-плаќањата. Кузмановски потенцира и дека безбедноста останува императив, при што се дискутира за протоколите за заштита, верификациските механизми, сајбер-сигурноста и практичните совети за корисниците при користењето дигитални алатки.
Покрај дигиталната трансформација, се опфатени и други актуелни теми од банкарскиот екосистем, финансиска едукација и зелени финансии до современите трендови што ја обликуваат иднината на банкарството во Македонија.
Гледајте ја емисијата FinSight и останете во тек со најновите финансиски и банкарски трендови во земјата.
„Претплатете се на YouTube-каналот Банкарство: https://youtube.com/@portalbankarstvo и не пропуштајте нови емисии, анализи и финансиски вести.“
Интервјуа
FinSight | Малинка Силјановска Николиќ: Договорени цени и нарушена конкуренција
Картелското здружување, неоснованото зголемување на цените и притисокот врз добавувачите се сè почести теми во јавноста, особено во услови на висока инфлација и чувствителност на граѓаните на секое поскапување. Во новата епизода на FinSight, разговараме со Малинка Силјановска Николиќ, претставник на Комисијата за заштита на конкуренцијата (КЗК), за тоа дали и како се изигрува Законот за заштита на конкуренцијата во Македонија.
Во фокусот на разговорот се практиките на одредени маркети, осигурителни компании и авто школи, кои, според КЗК, преку договорено однесување и неприфаќање на ценовниците на добавувачите, директно ја нарушуваат конкуренцијата на пазарот. Таквото однесување, како што посочува Комисијата, не само што ги оштетува добавувачите, туку на крајот се рефлектира и врз граѓаните преку повисоки малопродажни цени.
Во емисијата се отвора и прашањето за ефикасноста на казнената политика, односно дали сегашните глоби за картелско здружување се доволно високи за да имаат одвраќачки ефект или сепак, постои простор за нивно дополнително зголемување. Се анализира и примената на Законот за трговски маржи, како и начините на кои добавувачите можат да пријават злоупотреби и нефер однесување на пазарот.
Посебен акцент е ставен на Законот за нефер трговски практики и дилемата дали неговата доследна примена би можела да доведе до пониски малопродажни цени во маркетите. Одговорите на ова прашање се клучни, особено во контекст на јавните очекувања за поголема заштита на потрошувачите.
Во разговорот се осврнуваме и на неодамнешните казни изречени на 10 осигурителни компании, поради сомнежи за договарање на цените на задолжителното авто-осигурување (АО). Гледачите ќе дознаат на кој начин КЗК дошла до информациите за ваквото однесување и какви се следните чекори.
Отворено се зборува и за случајот со авто школите, кои според наодите, договарале зголемување на цената за полагање за возачка дозвола – прашање што директно ги засега илјадници граѓани.
На крајот, ја отвораме и пошироката слика: што може да се очекува во 2026 година?
Дали пазарните играчи ќе „се вразумат“ и ќе почнат доследно да ги почитуваат законите, или КЗК ќе мора уште поинтензивно да интервенира?
Новата епизода на FinSight носи аргументи, факти и јасни пораки за тоа кој и како ја „убива“ конкуренцијата – и што значи тоа за граѓаните и економијата.
Новинар: Наташа Мерсовска
Интервјуа
Славески за FinSight: Пониски провизии и повеќе бесплатни услуги за граѓаните од следната година
Во оваа епизода на FinSight, разговараме со Трајко Славески, гувернер на Народната банка, за најавените промени во банкарските провизии, законските измени во платниот промет и очекувањата за инфлацијата и каматните стапки во нарниот период.
Банките ја разбраа пораката и најголем дел од нив веќе ги намалија провизиите што им ги наплаќаа на граѓаните. Но, од следната година се очекуваат уште поголеми поволности, најавува гувернерот Славески во интервјуто за FinSight.
Со предложените измени на Законот за платен промет, граѓаните ќе добијат можност четири пати месечно бесплатно да подигаат по 2.000 денари од банкомат на друга банка, да извршуваат одреден број трансакции со минимален надомест, како и да имаат дозволено пречекорување (минус) на трансакциската сметка.
„Направивме измени кои ги доставивме до Министерството за финансии, кое е законски надлежно да ги предложи до Собранието. Со тие измени се тргаат постојните ограничувања – ќе може да има пречекорување, да се користат и други сметки, а за фиксна и ниска месечна сума граѓаните ќе можат да извршуваат повеќе трансакции“, изјави гувернерот Славески.
Тој додава дека дополнителна значајна поволност ќе биде можноста, кога нема готовина на банкомат на сопствената банка, граѓаните четири пати месечно бесплатно да подигнат по 2.000 денари од банкомат на друга банка.
„Сметаме дека ова ќе биде значајна дополнителна поволност за граѓаните“, истакнува Славески.
Гувернерот најави дека во првите месеци од новата година ќе следи дијалог со Министерството за финансии, по што очекува предложените законски измени да бидат усвоени.
Осврнувајќи се на макроекономските движења, Славески посочува дека следната година се очекува пад на инфлацијата, доколку индексирањето на платите и пензиите се спроведува согласно законските правила. Во таков случај, можно е и релаксирање на монетарната политика и постепено намалување на каматните стапки.
„Доколку растот на платите е над законското усогласување, инфлацијата може повторно да забрза. Во таков случај, за да ја зачуваме ценовната стабилност, Народната банка ќе реагира соодветно“, порачува гувернерот на Народната банка.
Новинар: Наташа Мерсовска
Интервјуа
FinSight со Слободан Трендафилов (ССМ): Што ако минималната плата не се зголеми до Нова година?
Прашањето за растот на платите и минималната плата повторно е во фокусот на јавноста, во услови на зголемени трошоци за живот и притисок врз животниот стандард на работниците. Во најновото издание на емисијата FinSight, разговараме со Слободан Трендафилов, претседател на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) за позициите на синдикатите, аргументите зад барањата за повисоки плати и можните сценарија доколку не дојде до корекција на минималната плата до крајот на годината.
Во разговорот, Трендафилов детално ги образложува следните чекори на ССМ доколку изостане договор за зголемување на минималецот, како и економската логика зад синдикалните барања. Посебен акцент се става на честата теза за продуктивноста – дали македонскиот работник е навистина помалку продуктивен и дали платите се во сооднос со создадената вредност.
Епизодата отвора и пошироки прашања за односот меѓу трудот и капиталот, улогата на државата во процесот на усогласување на платите и долгорочните ефекти врз пазарот на труд.
Разговорот нуди јасни ставови и конкретни аргументи, во момент кога темата за платите не е само економско, туку и социјално прашање.
-
Продуктипред 2 месециНова поволност со HalkEZ пакетот за млади: Бесплатни FitKit кредити за секој нов корисник
-
Продуктипред 2 месециГолема наградна игра на НЛБ Банка: Со НЛБ Visa освојте го новиот Opel Frontera Hybrid
-
Продуктипред 2 месециХалкбанк денес официјално стартува со Apple Pay
-
Продуктипред 2 месециПразници со 0% камата – Мастеркард кредитна картичка од ПроКредит Банка
-
Интервјуапред 1 месецИнтервју | СИЛВАНА МИЛЕНКОВА И РАДИСАВ БУЛАТОВИЌ: Најважни се добрата комуникација, емоционалната интелигенција, искреноста и создавање на долгорочни односи на доверба со клиентите
-
Осигурувањепред 2 месециКЗК “удри” по осигурителните компании: Над 17 милиони денари казни за картелско однесување
-
Останатопред 2 месециУЈП започна засилени проверки на приливи од странство остварени од 2020 година досега
-
Продуктипред 1 месецХалки картичка за деца – прва платежна картичка за деца на македонскиот пазар




