Продукти
Нов начин за брз и безбеден трансфер на средства –директно на Visa картичка во земјата и странство!
УНИБанка АД Скопје, следејќи ги потребите на своите клиенти, воведе нова функционалност – трансфер на средства на Visa картичка. Ова е иновативна функционалност Visa+ со која се овозможува трансфер на средства на дебитна картичка во земјата или странство преку мобилен број.
Во услови кога живееме динамично, често патуваме, имаме бројни обврски и секогаш недостиг на време, можноста преку мобилна апликација да направиме брз и лесен трансфер на средства е нешто што би ни било од голема помош.
Со новата функционалност Visa+ можеме преку апликацијата за мобилно банкарство, едноставно и сигурно да испратиме средства до корисници на Visa картички, во земјата и во странство.
Станува збор за најнова функционалност во мобилното банкарство со која УНИБанка само ја потврдува својата позиција на лидер за напредни дигитални банкарски решенија, со кои се олеснува секојдневното функционирање и им се помага на клиентите да го трансформираат и поедностават начинот на кој управуваат со своите средства.
Целта е клиентите да можат да го реализираат трансферот самостојно, поекономично и без дополнителни документи, aкрајниот корисник да го добие вкупниот износ на средства.
Со новата услуга, границите веќе не се пречка, нема потреба од коресподентни банки, префрлувањето пари кон пријатели, семејство или деловни партнери станува полесно од кога било. Без граници, без чекање.
Не се потребни комплицирани податоци – доволни се само телефонскиот број на примачот со регистрирана картичка во Visa+, или бројот на Visa картичка, име презиме и адресана примачот.
Клучни придобивки од новата услуга:
• Брзина: Трансфер во реално време – средства за само неколку минути;
• Едноставност: Без пополнување на сметки, документи за намена и сл.;
• Безбедност: Заштитена технологија за обработка на трансакции;
• Достапност: Секогаш и секаде преку мобилната апликација;
Со Visa+, Вашиот трансфер на средства е побрз, побезбеден и поедноставен!
За повеќе информации, посетете ја нашата веб-страницаwww.unibank.mk
Продукти
Нова поволност со HalkEZ пакетот за млади: Бесплатни FitKit кредити за секој нов корисник
Халкбанк АД Скопје ја надградува понудата за млади со нова, корисна поволност која совршено го следи динамичниот и активен животен стил на генерацијата што сака флексибилност.
Од овој месец, секој нов корисник што ќе отвори HalkEZ пакет добива 10 FitKit кредити, кои може да ги искористи за пристап до широката FitKit мрежа – фитнес центри, теретани, јога студија, пилатес, рекреативни активности, велнес и спа простори.
Поволноста важи само за нови корисници на HalkEZ пакетот, а кредитите може да се користат во период од една година од датумот на отворање на сметката.
FitKit е платформа која им овозможува на корисниците слобода да изберат активност според расположението, местото и времето што им одговара, без долгогодишни членарини и притисок да бидат „совршено конзистентни“. Токму затоа поволноста природно се надоврзува на духот на HalkEZ пакетот креиран за младите кои учат, брзаат, експериментираат, грешат и постојано растат.
„Младите живеат динамично, а нивниот ден често изгледа различно од вчерашниот. Со FitKit поволноста сакаме да им понудиме уште една флексибилна опција за грижа за себе, без притисок и без губење време за планирање“, изјави Маја Наумовска Савеска, директор на корпоративни и маркетинг комуникации во Халкбанк.
Новата поволност го надополнува пакетот кој веќе нуди практични решенија за младите:
- Подигнување готовина од банкомати во земјата и во странство без провизија со Виза дебитна картичка за млади.
- Без надомест за водење на платежна сметка.
- Бесплатен пристап до електронско и мобилно банкарство.
- SmartSend – брзо и едноставно префрлање средства со еден клик на контактите од телефонскиот именик.
- SmartCash – подигање готовина од банкомати на Халкбанк без употреба на картичка.
- Е-касичка – можност за автоматско штедење на „кусурот“ при секое плаќање со картичка.
- Можност за бесконтактно плаќање со Garmin часовници.
- Низа дополнителни промоции и поволности специјално наменети за младите.
HalkEZ продолжува да го следи активниот живот на младите, нудејќи им банкарство што е функционално и прилагодено на нивното реално, несовршено совршено секојдневие.
Дознајте повеќе детали за новата поволност тука.
Останато
Започна исплатата на повратот од „Мој ДДВ“, средствата до крајот на ноември
Граѓаните кои скенирале фискални сметки преку апликацијата „Мој ДДВ“ во наредните денови ќе ги добијат повратните износи директно на своите трансакциски сметки, информира Управата за јавни приходи (УЈП), по реакциите во јавноста дека исплатата за последниот квартал доцни.
Од УЈП информираат дека обработката на податоците е во завршна фаза и дека најголем дел од барањата се веќе проверени и одобрени, а исплатите ќе се реализираат етапно за да се избегнат технички оптоварувања, при што целиот процес ќе биде завршен најдоцна до крајот на ноември.
„Сите граѓани кои ги исполнуваат условите за поврат на ДДВ и навремено ги имаат скенирано фискалните сметки ќе ги добијат средствата на своите сметки, без потреба од дополнителни постапки или пријави“, информираат од УЈП, апелирајќи граѓаните редовно да ги проверуваат податоците во апликацијата и точноста на внесените трансакциски сметки.
Исплатата доаѓа во пресрет на новогодишните празници и се очекува да придонесе за зголемена ликвидност кај домаќинствата и поинтензивна потрошувачка во последниот месец од годината.
Програмата „Мој ДДВ“ останува еден од клучните механизми за намалување на сивата економија и поттикнување на фискалната дисциплина, при што државата на граѓаните им враќа дел од платениот данок за пријавените фискални сметки, со што се стимулира користењето на безготовински плаќања и транспарентноста во прометот.
Продукти
Поволности за потрошувачки кредити во Халкбанк – што треба дазнаете?
Понекогаш човек знае точно што сака да направи, да вложи во нешто важно, да го олесни секојдневието, да поддржи нечија идеја или да создаде поголема удобност во својот дом. Но, исто така знае дека најтешко е да се најде финансиско решение што е стабилно, предвидливо и фер. Во вакви моменти, вистинска разлика прават понудите што носат јасни правила, фиксни услови и чувство на сигурност.
Токму таква е понудата со сет поволности за Промо потрошувачки кредити на Халкбанк кој е наменет за примателите на плата и пензионерите со примања во Банката.
Примателите на плата можат да аплицираат за кредит до 2.500.000 денари, со кредитна способност до 50% од месечните примања. Каматните стапки се фиксни, 5% за отплата до 95 месеци и 5,7% за отплата до 120 месеци, што значи дека месечната обврска останува непроменета во текот на целиот период. Во кредитот е вклучено и осигурување CPI или комбинација Живот + Незгода, како дополнителna безбедност ако се појават неочекувани ситуации.
Пензионерите имаат пристап до посебно прилагодени услови како што е кредит до 600.000 денари, фиксна камата од 5%, кредитна способност до 40% од месечната пензија и рок на отплата до 120 месеци. Овие услови се креирани со цел да создадат сигурност и рамнотежа, без оптоварување на месечниот буџет.
Трошоците се јасно дефинирани и познати уште на почеток, а задолжителното осигурување е дел од вкупната пресметка што дополнително го штити клиентот.
Промотивниот период им дава можност на клиентите да ја искористат стабилноста што оваа понуда ја нуди во време кога фиксните услови се особено вредни. Со вакви производи, Банката продолжува да создава практични и достапни решенија што се усогласени со секојдневните потреби на граѓаните.
-
Продуктипред 2 месециMastercard до 2030 ќе ги замени бројките на картичките со токени
-
Продуктипред 2 месециХалкбанк со Промо депозит по повод месецот на штедење
-
Осигурувањепред 2 месециДигитализацијата во осигурувањето: SignPlus како пример за модерно и безбедно е-потпишување
-
Банкипред 2 месециСЕПА во Македонија: Брзи, поевтини и дигитални плаќања во Европа од 7 октомври
-
Анализипред 2 месециАНАЛИЗА: Потрошувачките кредити повторно во фокус: пониски камати, промоции и полесно аплицирање
-
Банкипред 2 месециСрпската банка што ја купува Стопанска банка а.д. Битола најави изградба на облакодер од 35 ката за свое ново седиште!?
-
Банкипред 2 месециХалкбанк со промотивна понуда за потрошувачки кредит
-
Банкипред 2 месециЗа уште повеќе среќа – Потрошувачки кредит до 2.000.000 денари од Комерцијална банка со намалени каматни стапки





