Connect with us
no baners

Продукти

Единствено со ПроКредит Банка – повлекувај евра директно од банкомат

Објавено

на

Во екот на летната сезона и зголемениот број патувања, ПроКредит Банка нуди едноставно, сигурно и флексибилно решение за управување со готовина – уплата и повлекување на евра и денари директно од банкомат, 24/7, без провизија.

Услугата е достапна за сите клиенти на ПроКредит Банка кои поседуваат трансакциска сметка во евра и дебитна картичка MasterCard. Картичката, која е мултивалутна и поврзана со сметки во денари и евра, им овозможува на клиентите директен пристап до средствата во секое време,дури и за време на викенди, празници и неработни денови.

Преку банкоматите на ПроКредит Банка, клиентите можат:

• Да подигнат евра директно од својата девизна сметка

• Да уплатат евра или денари на сопствена трансакциска или штедна сметка

• Да искористат дигитална менувачница преку мобилната апликација, при што прво се извршува размена на валута (од денари во евра или обратно), а потоа следува повлекување на средствата

Сите овие трансакции се реализираат без дополнителни провизии, со максимална брзина и безбедност.

Дополнително, оваа услуга овозможува и напредна дигитална контрола преку мобилната апликација на ПроКредит Банка. Корисниците можат самостојно да ги прилагодуваат дневните лимити за подигнување готовина, со можност за повлекување до 300.000 денари дневно.

Функционалноста за повлекување и уплата во евра и денари е достапна во рамки на 24/7 зоните на ПроКредит Банка, опремени со најсовремените банкомати кои овозможуваат целосно самоуслужно банкарско искуство. 

ПроКредит е единствената банка на нашиот пазар која ја нуди оваа услуга. Со оваа услуга клиентите на банката имаат целосна контрола и флексибилност во управувањето со личните финансии, како и брз, лесен и безбеден пристап до средствата, во секое време и од каде било.

Повеќе информации за услугата се достапни на блогот на ПроКредит Банка.

Банки

НЛБ Банка со зголемен максимален износ на станбените кредити и нова промоција – Без манипулативни трошоци и трошоци за проценка

Објавено

на

НЛБ Банка воведува новини во понудата на станбени кредити со кои дополнително ја унапредува достапноста и атрактивноста на финансирањето за купување дом. Истовремено, Банката започна промотивна кампања, нудејќи дополнително олеснување и значајна заштеда за клиентите во процесот на кредитирање.

НЛБ Банка го зголемува максималниот износ на станбените кредити на 36.000.000 денари со максимален рок на отплата до 30 години и нуди фиксни каматни стапки почнувајќи од 3,05% за првите 5 години, овозможувајќи им на клиентите полесно да ги реализираат своите планови за купување или изградба на сопствен дом. Банката нуди и можност за станбени кредити со фиксна каматна стапка и за првите 10 години.

Воедно, НЛБ Банка започна и промотивна кампања во чии рамки клиентите ќе можат да аплицираат за станбен кредит без манипулативни трошоци и без трошоци за проценка.

Промотивната понуда достапна во периодот до 15 јули е уште една потврда на посветеноста на Банката кон креирање на практични и поволни решенија што одговараат на реалните потреби на клиентите. 

Зголемениот максимален износ на станбените кредити претставува уште еден чекор во унапредувањето на понудата на НЛБ Банка за станбено финансирање, додека пак актуелната промоција, значајна поддршка на Банката при носење на една од најважните животни одлуки.

Повеќе информации за станбените кредити и промотивната понуда се достапни на веб страницата на НЛБ Банка, во експозитурите и преку Контакт центарот на 02/15 600.

Продолжи со читање

Осигурување

Сава пензиско друштво нуди „Личен пензиски советник“ за поголема поддршка на осигурениците

Објавено

на

Сава пензиско друштво нуди услуга „Личен пензиски советник“ за своите членови, со цел да обезбеди директна и стручна поддршка за пензиското осигурување и управувањето со пензиската заштеда.

Преку оваа услуга, секој член со претходна согласност ќе добие личен пензиски советник кој ќе помогне во појаснување на функционирањето на македонскиот пензиски систем, проверка на редовноста на уплатите, како и информирање за приносите и надоместоците.

Советникот ќе овозможи и проверка и ажурирање на личните податоци, како и поддршка за електронско следење на пензиската заштеда.

Од Сава пензиско друштво велат дека со оваа услуга се воведува „човечки пристап“ во пензиското осигурување, со фокус на поголема информираност и сигурност за членовите.

Граѓаните можат преку веб-страницата на компанијата да проверат кој е нивниот личен пензиски советник со внесување на ЕМБГ.

Продолжи со читање

Банки

Халкбанк со кредитна линија за поддршка и развој на одржлива земјоделска активност во соработка со Европскиот фонд за Југоисточна Европа (ЕФСЕ)

Објавено

на

Халкбанк АД Скопје, во партнерство со Европскиот фонд за Југоисточна Европа (ЕФСЕ), нуди кредитна линија за поддршка на одржливо земјоделство и поттикнување на сигурен раст наменета за микро, мали и средни претпријатија, трговци поединци и индивидуални земјоделци.

Кредитната линија има за цел да обезбеди финансиска поддршка за работен капитал и инвестиции во одржливи земјоделски активности, со што се поттикнува модернизација на производството и зголемување на конкурентноста на домашните компании.

Услови на кредитната линија:

  • Износ од 5.000 до 250.000 евра
  • Рок на отплата до 5 години
  • Месечни, квартални или полугодишни ануитети
  • Варијабилна каматна стапка од 5,5% (до 36 месеци) и 5,75% (над 36 месеци), поврзана со 6-месечен EURIBOR
  • Надомест за обработка од 1,3% до 1,5%

Дополнителен бенефит на кредитот се обуки, работилници за фармери и грант компонента до 1.000 евра (до исцрпување на средствата).

Со оваа кредитна линија, Халкбанк продолжува да ја реализира својата стратегија за поддршка на зеленото финансирање и зајакнување на локалната економија преку обезбедување пристапни извори на средства за оние кои создаваат реална вредност и поддршка на одржливиот развој на земјоделскиот сектор, создавајќи можности за посилна економија и подобра иднина за домашните производители.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange