Берза
New York SEC го акредитираше Prime Capital powered by Adora како прва инвестициска консултанска компанијасо Македонски капитал со седиште на Вол Стрит

Со отворањето на “Prime Capital powered by Adora” наВолстрит во Њујорк, македонскиот бизнис доби своја прваинституција во самото срце на светските финансии. Ова е првата инвестициска консултантска компанија сомакедонско потекло и капитал што ја има стекнатопрестижната акредитација од U.S. Securities and Exchange Commission (SEC) — водечкото регулаторно тело за хартииод вредност во САД. Со тоа, Prime Capital се приклучува конврвот на глобалните финансиски играчи.
Базирана на Волстрит, компанијата работи со лиценца којаовозможува соработка со клиенти ширум целиот свет. Веќегради активно портфолио и партнерства со инвеститори одБлискиот Исток, Азија и Европа. Во тек е и завршната фазаод подготовките за купување и ребрендирање на постоечкиинвестициски фонд во Северна Македонија, со што ќе сеовозможи директен и професионален пристап замакедонските инвеститори кон глобалните можности.
“Prime Capital powered by Adora” претставува ново поглавјево приказната на Adora Business Group — една однајуспешните и најдинамични бизнис групации во земјата. Со над една милијарда евра инвестирани во банкарството, енергетиката, недвижностите и финансиските пазари, Adora веќе одамна се позиционираше како синоним наинституционалниот и економскиот развој.
Портфолиото на Адора вклучува над 500.000 м² недвижности, позиција како најголем акционер воКомерцијална Банка Скопје, како и сопственост врзцелосното регулирано производство на топлинска енергијаза градот Скопје. Дополнително, групацијата има докажаноприсуство и на домашните и на меѓународните пазари нахартии од вредност, како и сопственички удели во другирегионално значајни компании.
Во Prime Capital се спојуваат две силни и комплементарнивизии кои стојат зад нејзиниот успех и глобална амбиција.
Компанијата е ко-основана од Душко Чифлиганец и ИванИвановски — двајца докажани лидери од различни сфери, кои заедно ја обликуваат нејзината стратешка и технолошканасока.
Душко Чифлиганец, заменик-претседател на Adora Business Group, е етаблиран инвеститор и визионер соповеќе од една деценија искуство во трансформација набизниси и градење долгорочна вредност. Под негововодство, Adora од градежен лидер прерасна воинтернационална групација со стратешки инвестиции вобанкарството, недвижностите, енергетиката и глобалнитефинансиски пазари.
Иван Ивановски, пак, е докажан технолошки инвеститор и претприемач, кој носи глобално искуство и напреднаекспертиза во високорастечки инвестиции, финтек и вештачка интелигенција. Тој е основач на Venikom, компанија која соработувала со глобални брендови какоHeineken, AXN, Nike, T-Mobile, Samsung и други, и добитник на престижната Apple Design Award. Прекунеговата едукативна платформа MasterClass.mk, Ивановскидосега има обучено над 2.000 студенти, унапредувајќи јафинансиската писменост во регионот. Дополнително, неговата општествена одговорност е докажана прекуиницијативата Support Kochani, која помогна на стотицисемејства во неговиот роден град.
Prime Capital е независна инвестициска консултантскакомпанија со јасно дефиниран фокус на стратешки капитал, технолошка експертиза и управување со ризик. Портфолиото опфаќа инвестиции во области како вештачкаинтелигенција, финтек, енергетска транзиција и одржливитехнологии — сектори што ја обликуваат иднината.
Како што истакнуваат од компанијата, Prime Capital нее само нов играч на пазарот, туку визионерскаплатформа изградена врз искуство, иновација и мисија— да обезбеди стабилен и сигурен раст на капиталот, совисоко ниво на доверба и безбедност за инвеститорите.
Според информациите на официјалната веб-страница накомпанијата, Prime Capital применува детално осмисленастратегија за распределување на капиталот, обезбедувајќиодржлив и стабилен раст. Средствата се алоцираатстратешки на избрани пазарни нивоа, со што се оптимизирауправувањето со ризикот и се зголемува профитабилноста.
Со оваа визија, “Prime Capital powered by Adora” не е самоуште една консултантска компанија. Таа е платформа што гиспојува глобалните пристапи и практики со локалниотпотенцијал, создавајќи уникатни и профитабилни можностиза инвеститорите од Северна Македонија и пошироко.
Повеќе информации: https://theprime.capital
Банки
СИГНАЛ ЗА ДОВЕРБА – Член на Надзорен одбор купи акции од Комерцијална банка во вредност од речиси пола милион евра!

Овој период се покажува како сè поатрактивен за инвестирање во Комерцијална банка АД Скопје, што дополнително се потврдува со најновите активности на самите членови на нејзиното раководство.
Имено, според соопштението објавено на Македонска берза, г-н Горан Антевски, генерален менаџер на „Раде Кончар – ТЕП“ и член на Надзорниот одбор на Комерцијална банка АД Скопје, се стекнал со 1.000 обични акции на Банката.
„Комерцијална банка АД Скопје известува дека г-н Горан Антевски, член на Надзорниот одбор на Банката, се стекна со 1.000 обични акции издадени од Комерцијална банка АД Скопје“, се вели во соопштението објавено на Македонска берза.
Според пресметките на Банкарство.мк, а врз основа на податоците од Македонска берза, просечната цена по акција на ден 06.05.2025 година изнесувала 29.398,73 денари, што значи дека вкупната вредност на трансакцијата се проценува на речиси 30 милиони денари, односно приближно 478.000 евра.
Ова не е првпат Антевски да го зголеми својот удел во Комерцијална банка, бидејќи во изминатиот период тој неколку пати купуваше акции, вклучително и неодамнешна трансакција на дополнителни 100 обични акции.
Купувањето на акции од страна на членови на менаџментот е јасен сигнал за силна внатрешна доверба во идниот развој и стабилноста на институцијата. Тоа истовремено упатува порака и до јавноста и до инвеститорите дека Комерцијална банка е позиционирана како солиден и профитабилен избор за вложување.
Комерцијална банка АД Скопје, како една од водечките банки во земјата и понатаму е меѓу најликвидните и највреднуваните хартии од вредност на домашниот пазар на капитал.
Анализи
Пари во џебот, не само на екран: Швајцарците се против укинувањето на готовината!

Во последните години, дигиталните пари бележат експоненцијален раст на глобално ниво, процес кој беше дополнително забрзан за време на пандемијата на коронавирусот. Швајцарија, како високо дигитализирана економија, не е исклучок од овој тренд.
Мобилната апликација за плаќање „Twint“, развиена од швајцарските финансиски институции, стана клучен двигател на промената во навиките на потрошувачите. Во 2023 година, преку „Twint“ се реализирале над 773 милиони трансакции, што претставува раст од 31% во споредба со претходната година. За илустрација, во 2017 година, кога апликацијата штотуку беше лансирана, биле регистрирани само 4 милиони трансакции, податок кој говори за нејзиниот импресивен раст и прифаќање.

Сепак, и покрај овој дигитален напредок, истражувањата покажуваат дека Швајцарците сè уште покажуваат силна наклонетост кон готовината. Студија спроведена од Универзитетот за применети науки во Цирих (ZHAW) и Универзитетот во Сент Гален открива дека и во 2023 година, физичките пари биле позастапени во споредба со дигиталните за одредени типови на трансакции, тренд кој се променил дури неодамна.
Швајцарската јавност стравува од сценарио слично на она во нордиските земји, особено Шведска, каде што готовината практично исчезна од секојдневната употреба. Во тој контекст, движењето „Швајцарска слобода“, кое се појави како реакција на мерките во време на пандемијата, официјално поднесе иницијатива до властите со барање за уставна гаранција за опстанокот на готовината. Целта е да се обезбеди дека швајцарскиот франк ќе остане достапен во физичка форма, без оглед на технолошкиот напредок.
Овие грижи не се неосновани. Анкета спроведена од Швајцарската национална банка (SNB) открива дека дури 95% од жителите на Швајцарија сакаат готовината да остане достапна. Причината? Флексибилноста и слободата што ја нуди готовината, нешто што многу граѓани не се подготвени да го жртвуваат во корист на дигиталната удобност.
Во споредба со другите европски земји, Швајцарија има значително пофлексибилен режим за користење и транспорт на готовина. Во земји како Франција и Италија, постои лимит од 1.000 евра за готовински плаќања, а во Грција тој лимит изнесува 500 евра. Иако Австрија, Кипар и Луксембург сè уште немаат такви ограничувања, Европската Унија планира да воведе лимит од 10.000 евра за готовински трансакции почнувајќи од 2027 година, како дел од засилената борба против перење пари и финансирање на тероризам.
Швајцарија, иако не е членка на ЕУ, го задржува својот суверенитет во однос на ова прашање. Единствениот услов е обврска за идентификација при готовински плаќања над 100.000 швајцарски франци, додека за носење готовина преку граница потребна е документација само ако тоа го побара царинската служба, и тоа за износи над 10.000 франци.
Заклучок:
Иако Швајцарија технолошки напредува и го прифаќа дигиталното плаќање, нејзините граѓани и институции и понатаму ја вреднуваат слободата и сигурноста што ја нуди готовината. Дискусијата за иднината на физичките пари останува жива – а во Швајцарија, барем засега, франкот во хартиена форма е тука да остане.
Берза
ДОЛАРОТ СЕ ВРАЌА НА СЦЕНА – трговскиот мир со Кина го разбуди заспаниот џин!?

На девизните пазари, вредноста на американскиот долар забележа раст втора недела по ред, поттикната од намалувањето на трговските тензии меѓу САД и Кина, како и од намалувањето на очекувањата дека Федералните резерви (ФЕД) наскоро ќе пристапат кон намалување на каматните стапки.
Индексот на доларот (DXY), кој ја мери вредноста на доларот во однос на шесте главни светски валути, се зголеми за 0,45 проценти, достигнувајќи 100,04 поени. Истовремено, еврото ослабе за 0,6 проценти, па курсот се намали на 1,1295 долари за едно евро. Американската валута зајакна и во однос на јапонскиот јен, за 0,9 проценти, достигнувајќи ниво од 144,95 јени за еден долар.
Во поголемиот дел од април, доларот беше под притисок поради трговската војна меѓу САД и нејзините најголеми трговски партнери, пред сè Кина. Сепак, во последните две недели се забележува одредено смирување на тензиите. Откако неколкумина високи американски претставници упатија повици за продолжување на дијалогот, Пекинг сигнализираше подготвеност за повторно отворање на трговските преговори.
Иако, аналитичарите оценуваат дека овие преговори ќе бидат долги и неизвесни, самото враќање на разговорите се смета за позитивен сигнал за глобалната економија, во споредба со продолжување на ескалацијата и нови царински мерки.
Пазарот, исто така, внимателно ги следи сигналите од Федералните резерви во однос на идната монетарна политика. Во текот на минатата недела се засилија шпекулациите дека ФЕД би можел да започне со намалување на каматните стапки со цел да го поттикне економскиот раст. Причина за тоа беа објавените податоци за неочекувано намалување на американскиот БДП во првиот квартал, првпат по речиси три години, како и дополнителниот пад на индексот PMI во производствениот сектор во април.
Сепак, овие очекувања делумно беа ублажени во петокот, по објавувањето на извештајот за вработеноста, според кој во април биле отворени 177 илјади нови работни места. Иако ова претставува забавување во однос на претходниот месец, сепак бројката е повисока од прогнозите на аналитичарите, што го намали притисокот врз ФЕД да реагира со итно олеснување на монетарната политика.
Пазарните очекувања сега укажуваат на приближно 50 проценти веројатност дека Федералните резерви ќе ја намалат основната каматна стапка за 0,25 процентни поени на состанокот во јуни, што претставува пад во однос на 60-процентната веројатност што преовладуваше пред извештајот за вработеноста.
Американскиот долар го продолжува трендот на зајакнување под влијание на геополитичките и економските фактори, при што инвеститорите со зголемено внимание ги следат сигналите за идните потези на ФЕД, како и развојот на трговските односи меѓу САД и Кина. Останува да се види дали овие услови ќе доведат до стабилизација или до нова волатилност на девизните пазари во текот на наредните недели
- Банкипред 4 недели
Шпаркасе Банка наскоро започнува со изградба на нова Централа во Скопје
- Интервјуапред 1 месец
Интервју | ЕМИЛИЈА НАЦЕВСКА: Вклучувањето на Македонија во СЕПА отвора ново поглавје во меѓународните плаќања
- Банкипред 2 дена
НЛБ Банка Скопје e првата банка во земјата со формална апликација кон СЕПА, единствената област за плаќање во евра
- Бизниспред 2 месеци
Награди за е-трговија: Ова се најдобрите за 2024 година!
- Вработувањепред 2 месеци
Оглас за вработување во Силк Роуд Банка АД Скопје
- Советипред 1 месец
Водич за станбени кредити – Дел 1: Што треба да знаете пред да аплицирате?
- Банкипред 2 месеци
“Сите врати се отворени” со промотивниот Потрошувачки пакет од ПроКредит Банка
- Банкипред 2 месеци
Пензионерски пакет на Халкбанк – Сигурна пензија, помалку трошоци и поголема удобност