Банки
Народната банка им ги пренесува искуствата за изготвување статистика на финансиските сметки на другите централни банки
Народната банка, покрај тоа што е посветена на развојот на институционалниот капацитет на своите вработени, ги пренесува и своите знаења, професионално искуство и најдобри практики во областите коишто се предизвик за другите институции во земјите од Југоисточна Европа и пошироко. Директорката на Дирекцијата за статистика при Народната банка, Снежана Јанеска-Поповска, учествуваше како предавач на Работилницата за финансиската статистика, во организација на Центарот за извонредност во финансиите (ЦЕФ), меѓународна организација којашто функционира како центар за размена на знаења и соработка во нашата конституенца. Темите што се обработуваа на Работилницата се однесуваа на различните практични и концептуални аспекти на составувањето на статистиката на финансиските сметки, со осврт на секторите и финансиските инструменти, конзистентноста на националните секторски сметки, изворите на статистички податоци, изготвувањето податоци за состојбите и тековите, преку искуствата на неколку европски централни банки, ЕЦБ и ММФ.
Во своите презентации под наслов „Од кого на кого – практично решение за составување статистика на финансиските сметки“ и „Хартии од вредност по хартии од вредност ‒ за пресметување на должничките хартии од вредност и капиталот“, Јанеска-Поповска се осврна на клучните аспекти поврзани со статистиката на финансиските сметки којашто ја изготвува Народната банка. Се говореше за развојот на оваа статистика преку воспоставување модерен пристап „од кого на кого“ којшто овозможува детален преглед на финансиските врски врз основа на финансиските инструменти помеѓу секторите во националната економија, како и со секторот странство. Потоа, во рамките на презентациите се осврна на предизвиците и практичните решенија во процесот на составување на финансиските сметки, зајакнувањето на меѓуинституционалната соработка, методолошките аспекти, изворите на податоци и техничкиот систем. Во втората презентација беше истакнато значењето за интегрираниот и грануларниот пристап во прибирањето и составувањето на податоците за хартиите од вредност, со осврт на чекорите коишто ги презема Народната банка за обезбедување на овие податоци, како и практичните решенија за пресметка на два финансиски инструмента: должничките хартии од вредности и акциите.
На Работилницата имаше огромен интерес од страна на учесниците за практичните чекори за составување на финансиските сметки во Народната банка, при што во рамките на презентациите беа разменети мислења и искуства. Тоа овозможи продлабочување на знаењето на учесниците и даде поширока слика за понатамошните чекори за развој на финансиските сметки во повеќе централни банки во регионот.
Работилницата за финансиската статистика е еден од низата едукативни настани од областа на централнобанкарското работење во организација на ЦЕФ, а учеството на Народната банка претставува уште еден позитивен пример за долгогодишната успешна соработка помеѓу двете институции.
Банки
ПроКредит Банка со нов потрошувачки кредит: апликација само со лична карта и одлука за 24 часа
ПроКредит Банка воведе потрошувачки кредит што може да се аплицира само со лична карта, со одлука во рок од 24 часа и фиксна каматна стапка од 5,5 проценти. Кредитот е достапен и за лица кои не се постоечки клиенти на банката.
Од банката информираат дека процесот е поедноставен и без дополнителна документација, со цел клиентите побрзо да дојдат до потребните средства – било да станува збор за реновирање, набавка на опрема, едукација или покривање тековни и непредвидени трошоци.
Фиксната каматна стапка од 5,5 проценти овозможува стабилна месечна рата во текот на целиот период на отплата. Како пример, за кредит од 100.000 денари со рок на отплата од 12 месеци и фиксна камата од 5,5 проценти, месечната рата би изнесувала 8.584 денари, а вкупниот износ за враќање 103.004 денари. Од банката посочуваат дека примерот е информативен и не претставува обврзувачка понуда.
Кредитот нуди и можност за рефинансирање, односно спојување на повеќе постоечки обврски во една месечна рата, со што се поедноставува управувањето со финансиските обврски. Дополнително, клиентите можат да обезбедат и средства над износот потребен за затворање на старите кредити.
Љубин Наумовски, раководител на Одделот за физички лица во ПроКредит Банка, изјави дека целта е клиентите да добијат одржливо и транспарентно решение. Според него, при одобрување на кредитот се прави внимателна проценка на приходите и можностите на апликантот, со фокус на долгорочна финансиска стабилност.
Аплицирањето е можно преку веб-страницата на банката или во нејзините филијали низ земјата, а одлуката се носи во рок од еден ден.
Банки
Народната банка објави повик за трудови за 57. сесија на Клубот на истражувачите
Народната банка ги повикува истражувачите да се пријават за учество на 57. сесија на Клубот на истражувачите, која ќе се одржи на 27 март 2025 година (петок) со почеток во 13 часот, во просториите на Народна банка на Република Северна Македонија.
Од институцијата ги охрабруваат сите заинтересирани автори да достават свој работен материјал за презентација на сесијата најдоцна до 18 март 2025 година (среда), на електронската адреса [email protected].
Трудовите треба да бидат подготвени во согласност со современите научноистражувачки стандарди, што подразбираат примена на емпириска анализа и јасно систематизирани заклучоци. На Клубот може да се презентираат и истражувања во работна верзија, со цел поттикнување стручна дебата и размена на мислења.
Клубот на истражувачите функционира како отворена платформа за презентација и дискусија на научни трудови, со посебен фокус на монетарната политика и макроекономијата. Членството е од отворен карактер, а повеќе информации за условите и начинот на приклучување се достапни на веб-страницата на Народната банка.
Банки
Централна кооперативна банка: Исплатени пензиите за февруари
Централна кооперативна банка АД Скопје ги информира своите клиенти – пензионери дека средствата по основ на пензии за месец февруари 2026 година се префрлени на сметките на корисниците.
Пензионерите кои располагаат со дебитни картички можат да ги подигнат средствата на банкоматите на ЦКБ или да ги користат за безготовински плаќања во трговијата, почнувајќи од денес (2 март 2026 година).
-
Продуктипред 2 месециАЛТА Банка со нов потрошувачки кредит со најповолни услови на македонскиот пазар
-
Банкипред 2 месециПредности и поволности на новата Халки картичка за деца
-
Продуктипред 1 месецШтедењето како резолуција за 2026 – Промо депозитот на Халкбанк како прв чекор
-
Продуктипред 1 месецКомерцијална банка: Воведуваме ново ниво на сигурност при интернет плаќања со картичка и трансакции преку мБанка
-
Бизниспред 4 неделиУЈП започна со исплата на повратот од „Мој ДДВ“ за четвртиот квартал 2025
-
Останатопред 1 месецАЛТА банка АД Битола со стабилна капитална позиција, но значителен пад на профитабилноста во транзициската 2025 година
-
Банкипред 1 месецДобра вест за акционерите: Комерцијална банка со 8% повисока дивиденда за 2025 година
-
Продуктипред 4 неделиОтворете сметка во Халкбанк онлајн и добијте ваучер за гориво од Макпетрол

