Connect with us
no baners

Кариера

Нова ера во вработувањето: MKJOB ја лансира првата AI платформа за барање работа во Македонија

Објавено

на

no baners

Пазарот на труд денес е полн со понуди за работа и луѓе кои бараат работа, а сепак и компаниите и кандидатите сè почесто остануваат фрустрирани. Компаниите не можат да ги пронајдат вистинските луѓе, а кандидатите тешко доаѓаат до вистинските можности.

MKJOB (www.mkjob.com) се појавува токму во овој јаз меѓу понудата и побарувачката – не како уште едно место за објавување огласи, туку како платформа што го редефинира начинот на кој компаниите и кандидатите се поврзуваат.

Наместо класичниот пристап „објавување оглас – чекање апликации“, MKJOB воведува пристап базиран на вештачка интелигенција кој овозможува подлабока интеракција и попрецизно совпаѓање меѓу кандидатите и компаниите. Фокусот не е на бројот на апликации, туку на нивната релевантност.

Персонализирано искуство и поголема видливост за кандидатите

За кандидатите, тоа значи можност да креираат MKJOB профил кој јасно ги прикажува нивните вештини, искуство и кариерни цели. Врз основа на овие податоци, тие добиваат препорачани огласи кои одговараат на нивните преференции.

Дополнително, кандидатите можат да одлучат дали нивниот профил ќе биде видлив за компании што активно бараат вработени. Кога компанија ќе објави оглас за кандидат со одредени вештини или искуство, системот може да ги истакне профилите што најмногу одговараат, овозможувајќи кандидатите да бидат забележани дури и ако не аплицирале директно.

Целосна контрола и побрзи одлуки за компаниите

За компаниите, MKJOB нуди поефикасен пристап до таленти. Платформата располага со напреден систем за управување со процесот на вработување, кој овозможува јасен преглед на кандидати што навистина одговараат на барањата на позицијата, со увид во нивните клучни вештини, искуство и степен на усогласеност со огласот.

Ова им помага на работодавачите побрзо и посигурно да ги идентификуваат вистинските кандидати.

Дополнително, MKJOB овозможува директна комуникација меѓу кандидатите и компаниите преку вграден чет. Наместо чекање е-пошта или телефонски повици, двете страни можат веднаш да воспостават контакт, да разјаснат детали за позицијата или да разменат документи важни за следните фази од процесот.

MKJOB со мобилна апликација

За подобро корисничко искуство, платформата е достапна и како мобилна апликација на Google Play и App Store, овозможувајќи им на кандидатите постојано да бидат поврзани со можностите за работа, без разлика каде се наоѓаат.

MKJOB е веќе активен и отворен за кандидати и компании кои сакаат да го користат новиот, попаметен начин на поврзување на талентите и можностите.

no baners

Кариера

Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје

Објавено

на

Доколку сакате професионален и кариерен развој во финансиска институција со долгогодишна традиција, која определбата за стабилност, ефикасност и иновативност ја гради со успешен и посветен тим од професионалци, аплицирајте за вработување во Комерцијална банка АД Скопје.

Работна позиција: Инженер за сигурност на ИКТ.

Тип на вработување: На определено време од 12 месеци, со можност за продолжување на Договорот за вработување.

Работно време: 40 часа неделно.

Огласот важи до: 13.03.2026 година. 

Работни цели и задачи:

Работните задачи на Инженерот за сигурност на ИКТ вклучуваат: 

  • Oткривање и спречување напади на ИКТ системот (Intrusion Detection and Prevention);
  • Управување со централизирана endpoint заштита (Malware protection, Endpoint Detection and Response);
  • Превенција од напади на интернет изложените апликации (WAF-Web Application Firewall);
  • Следење сомнителни активности во базите на податоци (DAM-Database Activity Monitoring);
  • Следење сомнителни активности во корпоративната компјутерска мрежа, известување и блокирање настани (NDR-Network Detection and Response);
  • Скенирање и управување со ранливости (Vulnerability Scanning and Management);
  • Управување на системите за периметарска заштита на мрежа (NGFW-Next Generation Firewall);
  • Работа со системи за класификација на податоци и спречување одлевање на доверливи податоци (DLP-Data Loss Prevention);
  • Работа со систем за превентивно откривање закани на интернет (Тhreat Inelligence System);
  • Менаџмент на логови од ИКТ системите и следење алерти за невообичаени активности (SIEM);
  • Справување со сигурносни инциденти. 

Потребни квалификации и способности:

  • Високо стручно образование од областа на ИКТ науки со најмалку 180 ЕКТС кредити или VII /1 степен;
  • Одлично познавање англиски јазик;
  • Најмалку 7 години работно искуство;
  • Висок личен интегритет, доверливост и чесност;
  • Комуникациски вештини и способност за работа во тим;
  • Одговорност, точност, самоиницијативност и прецизност во извршување на работните задачи. 

Придобивки за Вас:

  • Пријатна и тимска работна атмосфера во современи работни услови;
  • Обуки од ментори со висок степен на стручност и искуство;
  • Можност за личен и професионален развој, стекнување нови вештини и компетенции;
  • Доброволно приватно здравствено осигурување;
  • Програма за спорт и рекреација;
  • Учество во општествено одговорни и спортски активности, корпоративни настани, користење библиотека и сл. 

Вие би биле одличен дел од тимот ако ги поседувате потребните вештини, се препознавате во овие вредности и имате силна мотивација за успех.

Аплицирајте на: веб-страницата на Банката на следниот линк, или преку e-пошта: [email protected], со назнака: „Oглас за вработување Инженер за сигурност на ИКТ во Скопје”

Телефон за контакт: (02) 3168-412 

На интервју ќе бидат повикани само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг.

Изборот ќе се изврши во рок од 45, 90 или 120 дена по истекот на рокот за пријавување, во зависност од бројот на пријавени кандидати. 

Напомена: Апликацијата за вработување ќе биде третирана како доверлива. Според Законот за заштита на личните податоци, со самото доставување на Вашата апликација за работа согласни сте Вашите лични податоци да се обработуваат во процесот на селекција на кадри во период од 1 година. Освен за наведениот случај, Вашите лични податоци нема да бидат користени за ниту една друга цел ниту, пак, достапни на трети лица.

Продолжи со читање

Кариера

Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје

Објавено

на

Централна кооперативна банка АД Скопје вработува кандидат за работнo местo: Раководител на експозитура Чаир.

Локација: Скопје

Работниот однос е на определено време, со можност за продолжување на неопределено време.

Дневно работно време: од 08:00 до 16:00 часот

Неделно работно време: понеделник – петок

Работното место воглавно ги опфаќа следните работни активности:
  • ја организира, координира, раководи, дава иницијативи за унапредување на работењето и е одговорен за целокупната работа во Експозитурата;
  • ја претставува експозитурата на позитивен и професионален начин на локално ниво при контакти со јавноста, органите и слично;
  • има активна улога во привлекување нови коминтенти и задржување на постоечките;
  • се грижи и предлага можности за зголемување на профитот на експозитурата за која е назначен;
  • одговорен е за генерирање на побарувачка за кредити и одржување на тековното кредитно портфолио;
  • решава сериозни поплаки од коминтенти, специјални барања и останати комплексни прашања во врска со коминтентите;
  • потпишува договори за кредит, договори за издавање банкарски гаранции, акредитиви и други производи на Банката, одобрени од надлежниот орган или лице со право на одлучување, во нејзино име и за нејзина сметка, a во својство на доверител/заложен доверител, согласно интерните акти на Банката и во рамките на дадените поединечни писмени овластувања;
  • врши менторирање и пренос на знаење на останатите ваботени во Експозитурата;
  • ја оценува работата на вработените во Експозитурата со која раководи и дава предлози до Управниот одбор за нивно унапредување, наградување и предлага изречување мерки за неисполнување работни обврски, кршење на работен ред и дисциплина, утврдени со закон, актите на Банката и договорот за вработување;
  • го контролира следењето и применувањето на процедурите и упатствата на Банката како и прописите од доменот на банкарството од страна на вработените на кои е претпоставен;
  • врши и други работи и работни задачи по налог и насоки на Управниот одбор поврзани со работното место согласно интерните акти на Банката.
Кандидатите треба да располагаат со следните квалификации и познавања:
  • Високо образование (Eкономски факултет или друго соодветно високо образование);
  • Најмалку 3 години работно искуство од конкретната област во банкарски сектор;
  • Одлично познавање на англиски јазик;
  • Одлично познавање на MS Office пакетот и работа со компјутери.
Избраниот кандидат треба да ги поседува следните компетенции и вештини:
  • Способност за продажба;
  • Комуникациски вештини;
  • Организациски способности;
  • Способности за раководење и работа со луѓе;
  • Поставување и одржување на позитивни работни врски со внатрешни и надворешни субјекти, за постигнување на целите на Банката;
  • Познавање на прописите поврзани со банкарството.

За ова работно места е предвидена основна нето плата во зависност од квалификациите и искуството на кандидатот.

Банката нуди одлични услови за работа и можност за стручно усовршување како и напредок и развој во кариерата. Доколку сакате да станете дел од успешниот тим на Централна кооперативна банка, , испратете CV и пропратно писмо на: [email protected]. Вашата апликација задолжително треба да го содржи работното место за кое аплицирате.

Огласот ќе биде активен заклучно со 06.03.2026 година.

Ненавремените и некомплетни апликации нема да бидат предмет на разгледување.  Само кандидатите со уредни и навремени апликации, а кои одговараат на условите наведени во огласот, ќе бидат поканети на тестирање, односно интервју кое претставува дел од процесот на селекција на кандидати за вработување во Банката.

Рокот за избор на кандидати е од 45 до 120 дена по истекот на рокот за пријавување во зависност од бројот на пријавени кандидати.

Продолжи со читање

Кариера

Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје

Објавено

на

НЛБ Банка АД Скопје го проширува својот тим и ја отвора следната работна позиција за амбициозни и мотивирани професионалци:

Специјалист за банкарски операции во сегментот на механичка, физичка и техничка безбедност 

Работни цели:
  • Планирање и управување со имплементација на безбедносни стандарди (технички, механички и физички) во сите сегменти на работењето на Банката;
  • Спроведување на процедурите и упатствата на безбедносните системи на Банката, редовна проверка на исправноста и функционалноста на техничката опрема поврзана со безбедност на Банката (видео надзор, алармни системи, системи за контрола на пристап и слично)  по потреба одржување/интервенции во итни случаеви;
  • Навремено реагирање при безбедносни инциденти и дефекти на опремата;
  • Соработка со надворешни добавувачи и сервисери на безбедносна опрема и контрола на квалитетот на услугите од нивна страна;
  • Изработка на технички извештаи и документација поврзана со безбедносните системи;
  • Вршење на контрола од подрачјето на безбедност уредени во интерните акти на Банката (Експозитури, Банкомати, Трезор, Граѓански сефови, останати локации);
  • Учество во изработката на идејни решенија на проектите за изградба, адаптација или реновирање на сите локации на Банката каде е потребно да се имплементираат мерки за техничка, механичка и физичка безбедност;
  • Следење на иновациите во областа на безбедносните решенија и подготовка на проекти за подобрување на нивото на безбедност во Банката;
  • Изработка на извештаи, известување и буџетски план од областа за безбедноста.
Потребни квалификации и компетенции:
  • Завршено средно или високо образование (безбедност, технички области);
  • Работно искуство на иста или слична позиција од областа на физичка, техничка и механичка безбедност;
  • Познавање и  следење  на стандардите  од областа на безбедноста и авање на системи за техничка безбедност;
  • Компетенции за изготвување на извештаи, упатства за работа и процедури и давање на стручни мислења и советување во однос на техничките, механичката и физичката безбедност на локациите на банката и преземените објекти;
  • Високо ниво на свесност за безбедносните процедури, доверливост, интегритет и комуникациски вештини;
  • Напредно користење на дигитални алатки (MS Office) и англиски јазик.
Мотив да се придружите на НЛБ тимот:
  • Препознатлив регионален бренд и современо работно опкружување;
  • Меѓусебната доверба и грижа за другиот се основни начела во работењето;
  • Напредна обука и индивидуален кариерен развој; менторство од врвни банкарски експерти;
  • Позитивна организациска култура и слободни денови за различни пригоди, вклучително и ден за роденден;
  • Континуирано учество во групациски корпоративни проекти;
  • Конкурентен пакет на плата и надоместоци (вклучително приватно здравствено осигурување, трет пензиски фонд);
  • Политика за наградување на високи перформанси и позитивен придонес кон тимот и организацијата;
  • Настани и активности за подобрување на благосостојбата на вработените;
  • Одбележување на значајни денови и фамилијарни настани;
  • Платено отсуство за татковство.

Заинтересираните кандидати своите кратки биографии можат да ги достават на: [email protected], најдоцна до 03.03.2026 година.

Само кандидатите кои ги исполнуваат основните критериуми ќе бидат контактирани за интервју.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange