Connect with us

Кариера

Оглас за вработување во Капитал Банка АД Скопје

Објавено

на

Заради проширување на тимот, Капитал Банка АД Скопје има потреба од ангажирање на едно лице за позицијата:

Eксперт за картички и ATM

Што може да очекувате:

  • Вклученост во процес на дигитализација и трансформација на процесите
  • Работа во средина со високи етички вредности, доверба и можност на раст и развој
  • Флексибилно работно време
  • Поддршка за личен и професионален развој, преку едукација и обука
  • Организација која поттикнува соработка во посветен тим, самостојна работа и фер однос кон сите
  • Средина во која секој придонесува за успех,а резлутатите се мерливи видливи и препознаени

Главни задачи и одговорности:

Главни задачи:
  • Учество во секојдневното оперативно работење поврзано со издавање, администрирање и одржување на платежни картички (дебитни, кредитни и припејд картички).
  • Следење и обработка на трансакции извршени преку АТМ-и и ПОС терминали, како и идентификација и евидентирање на неправилности и отстапувања.
  • Административна поддршка во процесите на инсталација, конфигурација и одржување на АТМ-и и ПОС терминали во соработка со интерни сектори и надворешни добавувачи.
  • Обработка на рекламации и приговори од клиенти поврзани со картично работење, АТМ и ПОС трансакции, согласно интерни процедури и законска регулатива.
  • Следење на усогласеноста на картичното работење со правилата на меѓународни картични шеми, интерни политики и безбедносни стандарди.
  • Учество во подготовка на извештаи, анализи и статистички податоци поврзани со користење на платежни картички, АТМ и ПОС мрежата.
  • Комуникација и координација со други организациски единици (ИТ, ризик, усогласеност, продажба) со цел навремено и квалитетно извршување на работните задачи.
  • Учество во имплементација на нови производи, услуги и подобрувања во доменот на картично работење и електронски плаќања.
  • Следење на новини и трендови во областа на електронски и безготовински плаќања и предлагање мерки за унапредување на процесите.
  • Почитување на прописите за заштита на лични податоци, безбедност на информациските системи и доверливост на податоците.
  • Активно учество во проекти поврзани со процесор, картични шеми и надворешни компании поврзани со картично работење.
Одговорности:
  • Точно и навремено извршување на доверените работни задачи.
  • Одржување високо ниво на професионалност и соработка со клиенти и колеги.
  • Почитување на интерните акти, процедури и законските прописи.

Квалификации:

  • Високо образование од областа на економија, финансии
  • Минимум 2 години релевантно работно искуство
  • Искуство во банкарски или финансиски институции ќе се смета за значајна предност
  • Напредно познавање на MS Excel и други алатки
  • Познавање на јазици   – Напредно Англиски јазик
  • Одлични организациски вештини, со фокус на планирање, рокови и квалитет
  • Одлични комуникациски  вештини
  • Високо ниво на професионален интегритет, одговорност и доверливост.

Банката нуди:

  • Динамична и пријатна работна средина;
  • Можност за професионален и личен развој;
  • Обука и континуирано стручно усовршување;
  • Работење во мал, експертски тим, со реално влијание врз клиентското искуство.

Доколку сакате да бидете дел од тимот на Капитал Банка АД Скопје, испратете ја вашата биографија на: [email protected].

Задолжително да се наведе за која позиција се аплицира.

Вашето резиме ќе биде внесено во базата на податоци и ќе биде земено предвид во процесот на селекција. Ќе бидат контактирани само кандидатите со уредни и навремени апликации кои ги исполнуваат условите од огласот.

Изборот на кандидатите ќе се изврши во рок од 10 дена по завршување на огласот, во зависност од бројот на пријави.

Апликацијата ќе биде третирана како доверлива. Со доставување на апликацијата, кандидатот дава согласност неговите лични податоци да се користат исклучиво за потребите на процесот на селекција, во согласност со Законот за заштита на лични податоци.

Повеќе информации можете да најдете во Политиката за приватност на веб-страницата на Банката.

Кариера

Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје

Објавено

на

Централна кооперативна банка АД Скопје вработува кандидат за работнo местo: Соработник за клиентска услуга во Експозитура во СКОПЈЕ.

Работниот однос е на определено време, со можност за продолжување на неопределено време.

Дневно работно време: од 08:00 до 16:00 часот

Неделно работно време: понеделник – петок

Работното место воглавно ги опфаќа следните работни активности:

  • Продажба на банкарски производи и услуги;
  • Промотивни активности на новите производи;
  • Обезбедување на дополнителни информации за производите и услугите;
  • Привлекување и комплетна услуга на клиенти кои Банката ќе ги категоризира како ВИП;
  • Ажурирање на податоци и досиеја во позадинското работење и фајловите поврзани со трансакциите;
  • Прием и постапување или проследување на одредени барања од коминтентите;
  • Следење на конкуренцијата;
  • Решавање на поплаки на коминтенти и останати комплексни прашања;
  • Вршење на благајнички работи, по потреба;
  • Претставување на Банката на позитивен и професионален начин, при комуникација со клиенти;

Кандидатите треба да располагаат со следните квалификации и познавања:

  • Високо образование;
  • Солидно познавање на англиски јазик;
  • Одлично познавање на MS Office пакетот и работа со компјутери.

Избраниот кандидат треба да ги поседува следните компетенции и вештини:

  • Самоиницијативност и тимска работа во динамично окружување;
  • Одлични комуникациски способности;
  • Позитивен пристап кон работата;
  • Висок степен на прецизност.

За ова работно места е предвидена основна нето плата во зависност од квалификациите и искуството на кандидатот.

Банката нуди одлични услови за работа и можност за стручно усовршување како и напредок и развој во кариерата. Доколку сакате да станете дел од успешниот тим на Централна кооперативна банка, испратете го Вашето CV на: [email protected]. Вашата апликација задолжително треба да го содржи работното место за кое аплицирате.

Огласот ќе биде активен заклучно со 20.09.2026 година.

Ненавремените и некомплетни апликации нема да бидат предмет на разгледување.  Само кандидатите со уредни и навремени апликации, а кои одговараат на условите наведени во огласот, ќе бидат поканети на тестирање, односно интервју кое претставува дел од процесот на селекција на кандидати за вработување во Банката.

Рокот за избор на кандидати е од 45 до 120 дена по истекот на рокот за пријавување во зависност од бројот на пријавени кандидати.

Продолжи со читање

Кариера

NLB Lease&Go вработува Советник за продажба

Објавено

на

NLB Lease&Go отвори оглас за вработување на позицијата Советник за продажба и ги повика заинтересираните кандидати да станат дел од компанијата.

Од NLB Lease&Go наведуваат дека бараат комуникативна, амбициозна и мотивирана личност, која е подготвена за нови професионални предизвици и работа во нивниот тим.

„Станете дел од тимот на NLB Lease&Go“, порачуваат од компанијата, охрабрувајќи ги заинтересираните кандидати да аплицираат за отворената позиција.

Продолжи со читање

Кариера

Комерцијална банка вработува Соработник за односи со клиенти (Loan officer) во Секторот за кредитирање на стопанство

Објавено

на

Доколку сакате да ги остварите Вашите желба и амбиција за професионален и кариерен развој во финансиска институција со долгогодишна традиција, која определбата за стабилност, ефикасност и иновативност ја гради со успешен и посветен тим на професионалци, аплицирајте за вработување во Комерцијална банка АД Скопје.

Работна позиција: Соработник за односи со клиенти (Loan officer) во Секторот за кредитирање на стопанство.

Тип на вработување: На определено време од 12 месеци

Работно време: 40 часа неделно.

Огласот важи до 10.09.2026 година. 

Работни цели и задачи:

  • Изработка на финансиска анализа на нефинансиски правни лица – кредитобаратели;
  • Оценка на кредитни барања и на инвестициони проекти со доставување предлог одлука за одобрување/неодобрување;
  • Управување со кредитно досие, комплетирање и ажурирање на документација во кредитно досие;
  • Редовно следење на работењето на клиентите и наплата на обврските по кредити;
  • Анализа на пазарот и привлекување нови клиенти. 

Потребни квалификации и способности:                           

  • Завршено високо образование од областа на економските науки (предност ќе имаат кандидатите со насока финансиски менаџмент и сметководство и ревизија);
  • Познавање англиски јазик и MS Office алатки;
  • Најмалку 3 години работно искуство во областа;
  • Висок личен интегритет, доверливост и чесност;
  • Прецизност во извршување на работните задачи;
  • Ориентираност кон потребите на клиентите;
  • Адаптибилност во динамична работна средина;
  • Комуникациски вештини за работа во тим. 

Придобивки за Вас:

  • Пријатна и тимска работна атмосфера во современи работни услови;
  • Обуки од ментори со висок степен на стручност и искуство;
  • Можност за личен и професионален развој, стекнување нови вештини и компетенции;
  • Доброволно приватно здравствено осигурување;
  • Програма за спорт и рекреација;
  • Учество во општествено одговорни и спортски активности, корпоративни настани, користење библиотека и сл. 

Вие би биле одличен дел од тимот ако ги поседувате потребните вештини, се препознавате во овие вредности и имате силна мотивација за успех.

Аплицирајте на веб страницата на Банката на следниот линк или преку адресата за електронска пошта: [email protected], со назнака: „Oглас за вработување Соработник за односи со клиенти (Loan officer)”.

Телефон за контакт: (02) 3168-412

На интервју ќе бидат повикани само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг.

Изборот ќе се изврши во рок од 45, 90 или 120 дена по истекот на рокот за пријавување, во зависност од бројот на пријавени кандидати.

Напомена: Апликацијата за вработување ќе биде третирана како доверлива. Според Законот за заштита на личните податоци со самото доставување на Вашата апликација за работа согласни сте Вашите лични податоци да се обработуваат во процесот на селекција на кадри во период од 1 година. Освен за наведениот случај, Вашите лични податоци нема да бидат користени за ниту една друга цел ниту, пак, достапни на трети лица.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange