Connect with us
no baners

Останато

Минималната плата од март ќе биде 20.175 денари или повисока за 12,55 проценти

Објавено

на

Зголемувањето на минималната плата ќе биде за 12,55 проценти, односно истата од март ќе изнесува 20.175 денари. Ова значи дека граѓаните добиваат повисоки плати за над 2.000 денари, информираат од Министерството за труд и социјална политика.

Со измените на законот за минимална плата, донесени во март 2022 година, се воспостави нова методологија, која е системско решение и кое значи постојан раст на минималната плата.

„Секоја година во март минималната плата се усогласува согласно податоците од Државниот завод за статистика, и тоа 50% од порастот на трошоците за живот и 50% од порастот на просечната плата од измината година”, посочуваат од МТСП.

Од 2017 година имаме континуирано зголемување на минималната плата и тоа во 2017/2018 година на 12.000 ден, во 2019 година на 12.507 ден, во 2020 на 14.500 денари, во 2021 на 15.194 денари. Во март 2022 година минималната плата достигна 18.000 денари за разлика од 2016 кога минималната плата изнесуваше 10.080 денари.

Во март месец 2023 година минималната плата достигнува 20.175 денари, што е за над 10.000 денари повеќе. „Носиме системски решенија, од кои граѓаните имаат директни придобивки”, се вели во соопштението од МТСП.

Останато

Америка заплени иранска криптовалута вредна милијарда долари

Објавено

на

Соединетите Американски Држави запленија иранска криптовалута во вредност од околу една милијарда долари, во период кога се водат интензивни дипломатски активности поврзани со можен нов договор меѓу Вашингтон и Техеран.

Изјавата ја даде американскиот министер за финансии Скот Бесент, непосредно откако американскиот претседател Доналд Трамп одржа состанок со претставници на националната безбедност. На средбата бил разгледан предлог-рамка за потенцијален договор со Иран, кој би предвидувал продолжување на примирјето за дополнителни 60 дена, објави Скај њуз.

Во меѓувреме, иранските медиуми, повикувајќи се на неименувани извори, пренесоа дека Техеран бара ослободување на 12 милијарди долари замрзнат ирански имот како предуслов за продолжување на понатамошните преговори.

Засега не се соопштени дополнителни детали за запленетите дигитални средства, ниту за тоа на кој начин тие биле поврзани со ирански институции или субјекти.

Продолжи со читање

Бизнис

Кражба од холивудски размери: Како хакер потрошил половина милион фунти од банкарската картичка на Џони Деп без актерот да забележи!?

Објавено

на

Унгарската полиција уапси 27-годишен државјанин на Јордан под сомнение дека незаконски користел банкарски податоци на холивудскиот актер Џони Деп и потрошил речиси половина милион фунти од неговата сметка.

Според информациите објавени од странските медиуми, истрагата била покрената откако американска финансиска институција пријавила сомнителни трансакции до унгарската филијала на ФБИ. Подоцна било утврдено дека станува збор за сметката на Џони Деп, при што биле евидентирани 308 трансакции во периодот од јануари 2024 до декември 2025 година, во вкупна вредност од околу 619.500 евра.

Она што дополнително го привлекува вниманието е фактот што актерот, според извештаите, не забележал дека средствата исчезнуваат во период подолг од две години, сè додека банката не ги означила трансакциите како потенцијално сомнителни.

Осомничениот бил лоциран преку следење на IP адреси, е-мејл комуникација и телефонски броеви користени за онлајн купувања и резервации. Тој бил приведен во изнајмен стан во Будимпешта, каде што полицијата запленила електронски уреди за кои постои сомневање дека биле користени во измамата.

Истражните органи соопштија дека осомничениот ги негира обвиненијата, но му е одреден притвор, додека истрагата продолжува. Во тек е утврдување на начинот на кој биле компромитирани банкарските податоци на актерот, при што не се исклучуваат можности за кражба на податоци или злоупотреба при онлајн трансакции.

Случајот повторно ја отвора темата за дигиталната безбедност и заштитата на финансиските податоци, особено во услови на сè почести онлајн трансакции и глобална поврзаност на платежните системи.

Продолжи со читање

Останато

УЈП: Само 3% од граѓаните ја провериле годишната даночна пријава за 2025

Објавено

на

Само три проценти од граѓаните ја провериле својата годишна даночна пријава за 2025 година, информираат од Управата за јавни приходи (УЈП).

Според податоците на институцијата, од вкупно 862.896 генерирани годишни даночни пријави, заклучно со вчера биле потврдени само 27.788 пријави.

Од УЈП посочуваат дека иако институцијата ја изготвува годишната даночна пријава врз основа на расположивите податоци, законската обврска за пријавување на доходот е на секој граѓанин.

„Бројките покажуваат дека свеста за личната даночна одговорност сè уште не е на потребното ниво“, велат од УЈП.

Во насока на информирање на јавноста, УЈП испратила 493.182 лични пораки преку порталот „мојДДВ“, а комуницирала и со 1.349 буџетски корисници, 339 големи даночни обврзници, како и со стопански комори, со цел граѓаните да ги проверат своите даночни пријави.

Од институцијата предупредуваат дека непроверена пријава може да значи нецелосни или неточни податоци, што може да доведе до дополнителни постапки, одговорност и трошоци.

УЈП апелира граѓаните да ја проверат, потврдат или коригираат својата годишна даночна пријава најдоцна до 1 јуни.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange