Connect with us
no baners

Продукти

Купувај со мера, штеди со план – твој водич за паметно празнично трошење

Објавено

на

Празничните денови што следат носат промена во ритамот на секојдневието повеќе слободно време, дружења и активности надвор од вообичаените навики. Со тоа доаѓа и потребата за подобра организација, не само на времето, тукуи на личните финансии. Во вакви периоди, одлуките што гиносиме за тоа како, кога и каде трошиме добиваат уштепоголемо значење. Прашањето не е дали ќе потрошиме, тукудали ќе го направиме тоа паметно. Современите дигиталниалатки на Халкбанк им овозможуваат на корисниците токму тоа – контрола, прегледност и вредност при секоја трансакција, без разлика дали станува збор за штедење, награди или сигурно онлајн купување.

Микроштедење што се случува додека купуваш

Најдобриот начин да започнеш со штедење е токму преку секојдневните трансакции. Со е-Касичката на Халкбанк, секоe купување со платежна картичка автоматски придонесува кон твојата лична заштеда. Системот заокружува износи при плаќање, а разликата се префрла напосебна сметка. Овој едноставен, но ефикасен механизам овозможува штедење без да го почувствуваш товарот на традиционалните методи. Особено во празничен период, кога купувањата се почести, ваквиот начин на автоматизирано штедење може да направи вистинска разлика во твојата финансиска состојба.

Празнично пазарење со Бонус поени

Секоја трансакција со картичките на Халкбанк не е самокупување – тоа е и можност за награда. Преку програмата залојалност на Бонус поени, со секоја трансакција направена со кредитните картички, клиентите собираат поени коиможат да ги искористат за делумно или целосно плаќање во мрежата на партнери на банката. Овие поени можат дабидат одличен ресурс за купување велигденски подароциили покривање на неочекувани трошоци поврзани сопразничните прослави. На тој начин, дел од празничниотбуџет останува недопрен, додека клиентите сепак можат даподаруваат и израдуваат.

Онлајн купување – безбедно, практично и под контрола

Во време кога многу луѓе ја избегнуваат гужвата и сакаат дазаштедат време, онлајн купувањето станува сè попривлечно. Халкбанк преку својата платформа за E-commerceовозможува сигурно плаќање, заштита преку 3D Secureтехнологија и комплетна прегледност на трансакциите прекумобилно или интернет банкарство. Со ова, празничнотошопинг искуство станува не само удобно, туку и целоснопод твоја контрола – од потврда на трансакции до следењена трошоци во реално време.

Празнична радост со долгорочна финансиска грижа

Халкбанк не нуди само алатки за тековна удобност, туку и за долгорочна финансиска стабилност. Комбинирањето на микро штедење, паметно користење на поени и безбедно онлајн купување е пример за одржливи финансиски навики што може да се применуваат не само за празници, туку и во секојдневниот живот. Финансиската едукација е клучна – затоа Халкбанк ги охрабрува своите клиенти да ги користат овие алатки како начин за создавање здрав однос кон парите, каде што штедењето и трошењето не се спротивставени, туку комплементарни процеси.

Паметното празнично купување не значи откажување од задоволства – туку нивно планирање и уживање без грижа на совест. Со е-Касичка, Бонус поени и E-commerce, празниците можат да бидат исто толку убави, а сепак финансиски паметни.

Банки

ШПАРКАСЕ БАНКА: Потрошувачки кредит до 2,4 милиони денари со каматна стапка од 4,9% и рати по твој избор

Објавено

на

Шпаркасе Банка им нуди на своите клиенти потрошувачки кредит до 2.400.000 денари, со каматна стапка од 4,9% и можност за флексибилни рати за целиот период на отплата, преку моделот „Рати по твој избор“. Со ова решение, Банката им овозможува на клиентите кредит што се приспособува на нивниот буџет и на нивните реални месечни потреби.

Клиентите може да аплицираат за максимален износ на потрошувачки кредит до 2,4 милиони денари, што им овозможува да ги реализираат своите планови – од реновирање на домот, купување опрема или покривање поголеми лични трошоци, до други важни животни потреби.

Дополнителна предност е што поволната каматна стапка од 4,9% е достапна при
користење пакет-понуда на кредитна картичка Visa, дозволено пречекорување по платежна сметка и можност за бесплатен СМАРТ-пакет до крај на година, со што клиентите добиваат комплетно и интегрирано банкарско решение за управување со своите финансии.

„Потрошувачкиот кредит е креиран како целосно банкарско решение, кое на клиентите им овозможува поголема финансиска сигурност, фиксна каматна стапка, флексибилност и подобро планирање на личните трошоци“, изјави Ивана Петревска, директорка на дирекцијата за маркетинг и комуникации во Шпаркасе Банка.

Преку моделот „Рати по твој избор“ клиентите можат однапред да изберат периоди кога сакаат да плаќаат пониска или повисока месечна рата, во зависност од нивните финансиски обврски, сезонски трошоци или лични финансиски приоритети.

Со оваа понуда, Шпаркасе Банка уште еднаш ја потврдува својата посветеност кон креирање финансиски решенија што се развиваат според реалните потреби на потрошувачите, овозможувајќи им полесно и пофлексибилно управување со личните финансии.

За повеќе информации, клиентите можат да ја посетат најблиската експозитура на Банката, да се јават во Сервисниот центар на 02 15 050 или да се информираат на веб- страницата www.sparkasse.mk.

ПР објава

Продолжи со читање

Банки

Приспособи ја ратата според твојот буџет со новиот потрошувачки кредит на Шпаркасе Банка

Објавено

на

Шпаркасе Банка им нуди на клиентите потрошувачки кредит до 2.400.000 денари со каматна стапка од 4,9% и флексибилни рати преку моделот „Рати по твој избор“.

Со ова решение, клиентите можат однапред да го прилагодат износот на месечната рата според своите финансиски обврски, сезонски трошоци или лични приоритети.

Дополнителна предност е што поволната каматна стапка од 4,9% е достапна при користење пакет-понуда која вклучува Visa кредитна картичка и дозволено пречекорување по платежна сметка, со што клиентите добиваат комплетно и интегрирано банкарско решение за управување со своите финансии.

Кредитот е наменет за нови планови, реновирање, патување или другите значајни животни чекори.

Рати по твој избор – само во Шпаркасе Банка.

За повеќе информации, посетете ја најблиската експозитура, контактирајте го Сервисниот центар на бројот 02 15 050 или информирајте се преку официјалната веб-страница на Банката – www.sparkasse.mk

Продолжи со читање

Банки

Google Pay сега достапен и за корисниците на Силк Роуд Банка

Објавено

на

Корисниците на платежни картички на Силк Роуд Банка сега можат да плаќаат брзо и безбедно преку Google Pay на Android уреди.

Вашиот мобилен телефон отсега е ваш паричник

Со Google Pay, корисниците на Android уреди можат да извршуваат бесконтактни трансакции без потреба од физички паричник. Со оваа услуга, мобилниот телефон станува паричник – трансакции во продавници, ресторани и други објекти се извршуваат без контакт и без потреба од физичка картичка.

Google Pay е достапен за сите клиенти на Банката, а картичките може лесно да се дигитализираат по едноставна инсталација и активирање на апликацијата. Отворањето сметка во Силк Роуд Банка овозможува целосен пристап до сите дигитални привилегии.

Повеќе информации за Google Pay се достапни на официјалната веб-страница на Банката.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange