Останато
Кривична пријава против скопјанка за сторена „измама при добивање кредит или друга погодност”
Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.С.(33) од Скопје, осомничена за сторено кривично дело „измама при добивање кредит или друга погодност” по член 249 од Кривичниот законик.
Пријавената, во текот на 2018 година, во три различни банки приложила фалсификувана документација, лажно прикажувајќи дека е кредитоспособна и дека е во редовен работен однос во Министерството за транспорт и врски и на тој начин успеала да ги доведе во заблуда службените лица од трите банки да ѝ одобрат кредити.
„На тој начин пријавената се стекнала со противправна имотна корист во вкупен паричен износ од 907.561 денари, измамувајќи ги банките за паричен износ од 300.000, 307.561 и 300.000 денари”, соопштија од МВР.
Останато
Северна Македонија ќе понуди државни хартии од вредност во износ од околу 31 милион евра на 5 мај
Министерството за финансии на Северна Македонија на 5 мај ќе им понуди на инвеститорите државни хартии од вредност во вкупен износ од 1,9 милијарди денари, што е приближно 31 милион евра, покажуваат податоци на Народната банка.
Станува збор за редовна аукција на државни записи и обврзници, преку која државата обезбедува средства за финансирање на буџетските потреби.
Интересот за ваквите инструменти традиционално доаѓа од домашни институционални инвеститори, како банки, пензиски и инвестициски фондови, кои ги користат како сигурна форма на вложување.
Останато
„Iute Pay“ го лансира првиот студентски иновациски предизвик – младите ја креираат иднината на дигиталните плаќања
Во време кога дигиталните решенија сè повеќе го обликуваат начинот на кој управуваме со пари, „Iute Pay“ го отвора својот прв студентски иновациски предизвик во Македонија – иницијатива што има за цел да им даде глас на младите во креирањето на иднината на плаќањата.
Преку овој предизвик, студентите добиваат можност не само да развијат креативни идеи, туку и да ги претворат во концепти со реален потенцијал за примена.
Фокусот е ставен на тоа како дигиталниот паричник „Iute Pay“ може да стане дел од секојдневието –прилагодено на потребите на новата генерација корисници.
Предизвикот е отворен за тимови од студенти кои ќе треба да креираат концепт за позиционирање и користење на „Iute Pay“, да ја раскажат својата идеја преку кратко видео од 60 секунди и да ја дополнат со едноставна презентација.
Процесот е дизајниран да биде динамичен и достапен, оставајќи простор за креативност, иновативно размислување и различни пристапи – од маркетинг стратегии, до продукт идеи.
Најдобрите концепти ќе бидат избрани преку јавно гласање, што дополнително ја отвора можноста за видливост и вклучување на пошироката јавност.
Победничките тимови ќе освојат награди до 3.000 евра, но уште поважно – ќе добијат шанса нивната идеја да биде разгледана како дел од реални кампањи и развојни процеси.
„Веруваме дека најдобрите идеи доаѓаат кога ќе им се даде простор на младите да размислуваат слободно и храбро. Овој предизвик е покана тие да не ја чекаат иднината, туку сами да ја создадат“, вели Александар Петковски, Извршен Директор на „Iute Pay“.
Овој повик и студентски предизвик е реализиран во партнерство со Факултетот за електротехника и информациски технологии при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“(ФЕИТ), кој ја препозна вредноста на оваа иницијатива, преку активна вклученост на студентите во развојот на платформата за јавно гласање. Нивниот придонес овозможи функционално и современо дигитално искуство, преку кое најдобрите идеи ќе бидат избрани токму од публиката.
Иницијативата има за цел да поттикне нова генерација на креативци, иноватори и идни финтек професионалци, кои ќе размислуваат практично, дигитално и со фокус на корисничко искуство. Воедно, претставува и чекор напред кон градење подлабока врска помеѓу индустријата и младите таленти, отворајќи простор за нивно активно учество во креирање на современи финансиски решенија.
Пријавувањето на тимови е отворено до 18. мај на платформата futurefinance.iute.mk.
Повеќе за отворениот повик, правилата, условите и целосниот бриф се достапни тука.
Останато
МФ: Нови 2,9 милиони евра за поддршка на бизнисите, над 227 милиони евра веќе пласирани
Министерството за финансии информира дека нова транша од 176,6 милиони денари, односно околу 2,9 милиони евра, е префрлена од централниот Буџет кон Развојната банка со цел поддршка на домашните компании.
Станува збор за втора транша во текот на оваа година, која преку Развојната банка се канализира кон комерцијалните банки, а потоа и до крајните корисници – компаниите. Со ова, вкупниот износ на средства пласирани во домашната економија достигнува 14 милијарди денари или 227,3 милиони евра.
Средствата се обезбедени преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка и се наменети за поддршка на приватните инвестиции. Целта е да се поттикне развојот на компаниите и да се забрза економскиот раст.
Кредитната поддршка се одобрува по поволни услови – со каматна стапка од 1,95 проценти годишно, рок на отплата до 15 години и грејс период до три години. Средствата се пласираат преку деловните банки.
Според податоците, вкупниот буџет за оваа намена изнесува 250 милиони евра, додека вкупната вредност на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра.
-
Банкипред 2 месециНЛБ Банка со информација за исплатата на паричната помош од социјална, детска и цивилна заштита за февруари 2026 година
-
Продуктипред 1 месецДо 120.000 денари финансиска поддршка од Easy Finance – брзо и со транспарентни услови
-
Интервјуапред 2 месециГацов во FinSight: Една неиздадена сметка значи над 60% загуба за државата
-
Кариерапред 1 месецНародна банка бара аналитичари: плата до 83 илјади денари и двегодишен договор
-
Кариерапред 1 месецОглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје
-
Кариерапред 1 месецАна Митреска и Игор Величковски предложени за нови вицегувернери на Народната банка
-
Банкипред 2 месециХалк банка нуди потрошувачки кредит до 2,5 милиони денари
-
Анализипред 2 месециКаде е најпрофитабилно да се инвестираат пари во 2026 година?





