Connect with us

Банки

Колкав износ на дивиденда ќе добијат акционерите на Комерцијална банка!?

Објавено

на

Комерцијална банка денеска ги објави предлог Одлуките за претстојното Собрание на акционери на Банката, кое ќе се одржи на ден 29.03.2023 година.

Износот на дивиденда, согласно Предлог-одлуката за употреба и распоредување на нераспределената добивка до 31.12.2022 година, донесена од Надзорниот одбор на Банката на 22.02.2023 година, изнесува:

– за 1 обична акција бруто-износ од 500,00 денари, односно 50,0% во однос на номиналната вредност од 1.000,00 денари.

Вкупниот бруто износ на дивиденда што ќе го исплати Комерцијална банка изнесува 18,5 милиони евра.

Ова значи дека акционерите на Комерцијална банка ќе добијат по 450 денари нето износ на дивиденда (откако банката за нив ќе ги одбие и исплати на државата 10 проценти персонален данок).

Правото на дивиденда ќе го остварат над 5.600 акционери, според актуелната состојба на Централниот регистар на РСМ. Тие ќе поделат меѓусебе 7,74 милиони евра нето дивиденда.

За предложениот износ на дивидендата за 2022 година, акционерите ќе се известат преку Повикот за учество на Годишното собрание на акционери на Банката.

Собранието на акционерите на Комерцијална банка АД Скопје ќе се одржи на 29.03.2023 година, а датумот на евиденција според кој ќе се определи листата на акционери кои имаат право на дивиденда за 2022 година е 18.04.2023 година.

Последен ден на тргување со право на дивиденда за 2022 година е 12.04.2023 година. Прв ден на тргување без право на дивиденда за 2022 година е 13.04.2023 година.

Исплатата на дивиденда за 2022 година ќе започне на 04.05.2023 година.

Дивидендата за 2022 година ќе се исплатува во готово.

Банки

Комерцијална банка започна со исплата на пензиите за месец октомври

Објавено

на

Комерцијална банка ја информира јавноста дека исплатата на пензиите за октомври започна од денес – (петок, 31 октомври 2025 година).

Пензионерите кои користат дебитна картичка можат да располагаат со своите средства веднаш истиот ден, без потреба од посета на филијала. Банката ги охрабрува клиентите да ја користат картичката за безготовински плаќања во продавници, онлајн купувања, или за подигнување готовина од банкоматите на Комерцијална банка, кои се достапни низ целата земја.

За оние кои претпочитаат исплата на шалтер, подигнувањето на пензијата ќе биде можно од 31 октомври (петок), како и во секој нареден работен ден.

Мапата со локациите на Комерцијална банка е достапна на следниот линк: https://www.kb.mk/lokacii-kb.nspx?type=branch

Продолжи со читање

Банки

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на штедењето со едукативни активности за учениците и посета на музејот на НБРМ

Објавено

на

Халкбанк и годинава Светскиот ден на штедењето го посвети на финансиска едукација на најмладите. Банката го заокружи октомври – месецот на штедењето со два настани во кои беа вклучени ученици од основните училишта од повеќе општини во Скопје, како и со активности во речиси сите филијали низ Македонија.

Дел од учениците го посетија Музејот на Народната банка каде што се запознаа со историјата на монетите и развојот на паричниот систем. Имаа можност да ја погледнат најбогатата збирка на монети во државата и да поставуват прашања за историјата на парите. За втората група ученици беше организиран забавно – едукативен настан во едукативниот центар во Дирекцијата на Халкбанк. Тие се запознаа со основните финансиски поими и се дружеа со слончето Халки, кое е симбол на детското штедење на Халкбанк.

„Наша цел е да ги поттикнеме децата од најрана возраст, уште додека се во училишните клупи, да развијат позитивни навики за финансиска одговорност и штедење. Денешните активности се дел од долгорочната посветеност на Халкбанк за финансиска едукација и поддршка на младите генерации“, изјави Маја Наумовска Савеска, директор на корпоративни и маркетинг комуникации во Халкбанк.

Сите ученици кои присуствуваа на двата настани, како и на активностите низ цела Македонија, го добија на подарок „Букварот на Халки“, кој на едноставен и интересен начин им ги доближува на децата најважните и најчесто користени финансиски термини.

Детското штедење Халки нуди поволни услови за родителите да инвестираат во посигурна иднина на своите деца, овозможувајќи им да создадат финансиска основа и да ги развиваат позитивните навики за штедење уште од најмала возраст. За секоја новоотворена штедна книшка следува подарок креативен подарок од слончето Халки.

Продолжи со читање

Банки

„Финансиска училница“ на Комерцијална банка преполна со ученици во Месецот на штедењето

Објавено

на

„Финансиската училница“ на Комерцијална банка и овој октомври беше преполна со ученици, љубопитни прашања и вредно знаење. Во Месецот на штедење, Комерцијална банка повторно ги отвори вратите на финансискиот свет за најмладите преку едукативниот проект „Финансиска училница“.

Во повеќе основни училишта низ земјава на интересен и сликовит начин учениците дознаа зошто е важно да штедат, како да управуваат со парите и со мала промена во секојдневието да создадат голема вредност, што значи финансиската одговорност од најмала возраст и зошто е важно да се грижат за своите финансии.

Преку проектот „Финансиска училница“, Комерцијална банка има активен и континуиран ангажман за зголемување на финансиската писменост кај младите и во целото општество. 

Вработените во Комерцијална банка со задоволство го споделуваат своето знаење и искуство со најмладите затоа што веруваат дека никогаш не е рано за создавање добри финансиски навики и за стекнување вредно знаење.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange