Connect with us
no baners

Банки

Халкбанк го посветува месецот на штедење на финанскиска едукација за деца и млади

Објавено

на

Буквар за финансиска писменост на деца и млади, видеа за финансиска едукација, мобилна учиница Халки се само дел од активностите кои ќе ги спроведе Халкбанк во текот на месецот на штедење – октомври. Целта на оваа кампања на банката е да им помогне на најмладите членови на нашето општество да стекнат основни знаења за најважните финансиски поими и да ги разберат позитивните аспекти на детското штедење.

„Наша обврска како банка е да им помогнеме на децата да научат нешто повеќе на оваа тема, која е особено важна, а не е доволно застапена во формалното образование. Токму затоа го одбравме октомври, меѓународниот месец на штедењето за да креираме неколку интересни активности и практично на забавен и интерактивен начин да придонесеме за поголема финансиска писменост. Важно е децата да се што е можно повеќе едуцирани, но и за нас банките,  важно е да градиме добро информирани нови генерации“, вели Маја Наумовска Савеска од Халкбанк.

Букварот за финансиска писменост ќе содржи 31 термин, по еден за секоја буква од азбуката, преку кои децата од школска возраст ќе можат да научат што значат зборовите кои најчесто се користат во финансиската област. Во активностите ќе се вклучи и слончето Халки, препознатливиот симбол на детското штедење, кој ќе учествува во мобилните училници што ќе се организираат во неколку градови – Битола, Гевгелија и Куманово. Кампањата за финансиска писменост на деца и млади ќе заврши со низа активности во Градскиот парк во Скопје, кои ќе се одржат на 31 октомври, Меѓународниот ден на штедењето. 

Дополнително, ќе биде распишан и литературен конкурс за деца, за најдобар краток расказ на тема „Мојата желба го обиколи светот“. На конкурсот право на учество ќе имаат сите ученици од петто до деветто одделение од основните училишта во Македонија. Најдобрите пет раскази ќе добијат Халки штедни книшки и почетна сума за штедење. 

Слончето Халки и Халкбанк се верни пријатели на децата и младите и постојано спроведуваат општествено одговорни активности за нивна поддршка, кои главно се насочени кон едукација на децата и поттикнување на нивната креативност и творечка енергија. Како дел од овие активности, досега се организирани повеќе од 100 работилници низ целата држава, на кои имаат учествувано илјадници деца.  

no baners
no baners

Банки

Кина затвори 670 банки за една година: Пекинг го прекројува банкарскиот сектор

Објавено

на

Кина ја забрзува консолидацијата на малите, претежно рурални банки, во обид да го зајакне финансискиот систем во услови на забавување на економскиот раст.

Според анализа на Fitch Ratings, во текот на 2025 година биле затворени рекордни 670 банки, што претставува околу една четвртина од вкупниот број банки во земјата. Кинеските власти ги интензивирале спојувањата и ликвидациите со цел да создадат помал број, но поголеми и подобро капитализирани финансиски институции.

Од Fitch посочуваат дека малите и руралните комерцијални банки се меѓу најранливите делови од кинескиот банкарски систем, поради послаб квалитет на активата, ниска капитализираност и недостатоци во управувањето, особено во помалку развиените региони.

Приносот на активата кај руралните банки во првата половина од годинава се намалил на 0,45%, од 0,56% во 2021 година. Истовремено, уделот на нефункционалните кредити пораснал на 2,8%, што е значително над просекот за банкарскиот сектор од 1,5%.

Овие банки имаат поголема изложеност кон мали компании, градежни и недвижносни фирми, како и кон финансиски субјекти поврзани со локалните власти.

Целта на консолидацијата е да се засили надзорот, да се намали регулаторната арбитража и да се подобри транспарентноста во секторот. Fitch оценува дека проблемите кај малите банки веројатно нема да предизвикаат поширока финансиска зараза, бидејќи нивното работење е претежно локализирано, а изложеноста кон други банки е ограничена.

Сепак, агенцијата предупредува дека структурните слабости кај дел од овие институции може да продолжат и во краток рок.

Консолидацијата доаѓа во период кога кинеската економија покажува знаци на забавување. БДП во вториот квартал пораснал за 4,3% на годишно ниво, што е најбавна стапка на раст од 2022 година, додека индустриската добивка во август пораснала за 4,2%, што е најслабото темпо на раст оваа година.

Продолжи со читање

Банки

Халкбанк со Макси депозит: Фиксна каматна стапка до 3,8%

Објавено

на

Халкбанк АД Скопје го промовира Макси депозитот, штеден производ со фиксна каматна стапка до 3,8%, во рамки на активностите по повод октомври – месецот на штедењето.

Корисниците можат да изберат различен период на орочување, во зависност од своите финансиски планови и потреби.

За депозит во денари, Банката нуди фиксна каматна стапка од 3,8% за период од 36 месеци, 3,7% за 25 месеци и 3,5% за 13 месеци.

Од Халкбанк посочуваат дека понудата е наменета за клиентите кои сакаат своите средства да ги орочат со однапред утврдена каматна стапка и да направат чекор кон остварување на своите финансиски цели.

Повеќе информации за условите на Макси депозитот се достапни на официјалната веб-страница на Халкбанк.

Продолжи со читање

Банки

NLB Next носи попусти за технологија кај повеќе познати брендови

Објавено

на

НЛБ Банка Скопје ја промовира понудата NLB Next, преку која корисниците можат да добијат попусти и дополнителни поволности кај повеќе партнери од областа на технологијата и електрониката.

Понудата е насочена кон купување мобилни телефони, компјутери, гејминг опрема, паметни часовници, слушалки и друга технолошка опрема.

Меѓу партнерите вклучени во NLB Next се Mega Mobil, iSTYLE, Neptun, Anhoch, My, Setec и Техномаркет.

Од Банката посочуваат дека целта на NLB Next е на клиентите да им овозможи дополнителни поволности при купување производи што се дел од нивното секојдневие, особено во сегментот на нови технологии и дигитални уреди.

Преку програмата, клиентите можат да ги користат достапните попусти кај партнерите и да изберат производи согласно своите потреби и интереси.

Продолжи со читање
no baners

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange