Connect with us

Банки

Гувернерот Славески на средба со студентите практиканти во Народната банка

Објавено

на

Гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, ги отвори вратите на својот кабинет за студентите кои во текот на летниот период ја изведуваат својата практична работа во институцијата. На средбата, на којашто присуствуваше и вицегувернерката Ана Митреска, студентите имаа можност, во пријатна атмосфера, одблизу да се запознаат со работата и со одговорностите на гувернерот и со улогата на централната банка во економскиот систем.

Во своето обраќање, гувернерот Славески истакна дека за професионалниот развој, покрај теоретските знаења, особено значајно е стекнувањето практични искуства. Притоа, нагласи дека Народната банка, како носечка институција во земјава, е секогаш отворена за младите луѓе кои имаат желба да се надградуваат, да учат и да го прошират својот професионален и академски хоризонт.

„Народната банка постојано настојува да привлече млади и перспективни кадри, со високо образование и со потенцијал за аналитичка и истражувачка работа. За нашата институција, тоа претставува вложување во иднината – како во кадровска, така и во мотивациска смисла. Само преку развој на едуцирани и посветени професионалци, можеме да придонесеме за напредокот на економијата и на општеството“, истакна гувернерот.

Студентите ja искористија оваа средба за да постават прашања, да споделат свои размислувања и да изразат благодарност за можноста да бидат дел од институција каква што е Народната банка. Тие посочија дека преку практичната работа и соработката со стручните тимови ги применуваат своите знаења, ги унапредуваат своите вештини и добиваат вредно искуство за понатамошниот професионален пат.

no baners

Банки

МФ: Пласирани над 200 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка

Објавено

на

Министерството за финансии изврши исплата во износ од 785 милиони денари кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.

Станува збор за седмата транша што се префрла од централниот буџет кон Развојната банка, од средствата наменети за поттикнување инвестициски циклус во приватниот сектор, во вкупен износ од околу 300 милиони евра.

Со оваа транша, износот што државата го има инјектирано во домашната економија за поддршка на инвестиции надминува 200 милиони евра. Имено, преку шесте исплатени транши беа пласирани 190,5 милиони евра.

Средствата кои во Буџетот за 2025 година се проектирани на ниво од 250 милиони евра беа обезбедени по поволни услови од Унгарската експорт-импорт банка и, исто така, по поволни услови се пласираат кон крајните корисници, односно домашните компании. Каматната стапка изнесува 1,95% на годишно ниво, рок на отплата до 15 години и грејс-период до 3 години.

Продолжи со читање

Банки

Халкбанк АД Скопје дел од 20. јубилејна МАСИТ конференција: Фокус на податоците, иновациите и иднината на бизнисот

Објавено

на

Халкбанк АД Скопје и оваа година активно учествува на 20. јубилејна конференција на МАСИТ, која претставува водечки настан за дигиталната индустрија и ИКТ-заедницата во земјава. Конференцијата отвора значајни теми поврзани со управувањето со податоци, иновациските модели и трансформацијата на современиот бизнис-екосистем.

Во рамки на програмата, претставници на Халкбанк ќе споделат експертиза и практични искуства преку два значајни панела:

🔹 Панел: „Како ефикасната употреба на податоците создава вистинска бизнис вредност“
🕒 13:20 – 14:00 часот
Говорник: Др. Беркан Имери, Извршен директор на Халкбанк АД Скопје
Фокус: стратешка анализа на податоците, дигитална трансформација и начини на кои паметното користење информации создава конкурентска предност.

🔹 Панел: „Финансирање иновации: од идеја до реализација“
🕒 14:20 – 15:00 часот
Говорник: г. Мухаммед Хаџипази, Извршен директор на Халкбанк АД Скопје
Фокус: улогата на финансиските институции во поддршка на стартапи, технолошки развој и модерни бизнис-модели, како и инструментите што банките ги нудат за поттикнување иновативни проекти.

Со учеството на овие панел-дискусии, Халкбанк ја потврдува својата определба за поддршка на дигиталниот развој и иновациите на домашниот пазар. Банката продолжува активно да ги споделува своите знаења и добри практики со цел заеднички да придонесе кон посилна, посовремена и поиновативна економија.

Продолжи со читање

Банки

Доделени наградите од Конкурсот за ликовна и литературна творба по повод Светскиот ден на штедењето

Објавено

на

Во Народната банка се одржа традиционалната свеченост по повод доделувањето на наградите од Конкурсот за ликовна и литературна творба за основните и средните училишта, којшто Народната банка го организира во соработка со Министерството за финансии по повод Светскиот ден на штедењето. На настанот се обрати гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески и заменик-министерот за финансии, Николче Јанкуловски.

Гувернерот Славески, во своето обраќање, ги истакна посветеноста, знаењето и креативноста на младите генерации, нагласувајќи дека пристигнатите трудови ја потврдуваат значајната улога на финансиската едукација во градењето свесни, одговорни и финансиски писмени млади луѓе. „Штедењето не е само собирање средства. Тоа е филозофија на животот којашто ни овозможува да ги исполнуваме нашите желби, да обезбедиме сигурност за нашата иднина, но и да ги градиме стабилноста и благосостојбата на целото општество. Денес, овој пристап добива уште поголема важност, бидејќи живееме во време на брзи промени, дигитализација и нови финансиски предизвици и можности“, истакна гувернерот.

Заменик-министерот Јанкуловски поздравувајќи ги учесниците рече дека младите покажуват дека секое мало штедење може да биде почеток на голема цел. „Вие сте пример дека знаењето, вложениот труд и желбата да се мисли за иднината се вредности кои го движат општеството напред. Овој ден нека биде поттик да продолжиме сите заедно – ученици, наставници, родители и институции – да ја негуваме финансиската писменост, да развиваме здрави навики и да создаваме генерации кои ќе знаат да донесуваат мудри одлуки“, посочи Јанкуловски. 

Оваа година на Конкурсот пристигнаа неколку стотици трудови од ученици од основното и средното образование на теми посветени на важноста на штедењето, финансиската писменост и улогата на финансиските услуги во современата дигитална ера. Основците твореа на темата „Да штедиме за нашите желби, да штедиме за нашата иднина“, а средношколците на темата „Штедењето, парите и финансиските услуги во современата дигитална ера“.

Конкурсот, којшто се објавува од 2012 година, прерасна во значајна платформа за поттикнување на младите да размислуваат за финансиските концепти, штедењето и одговорното управување со средствата. Низ литературните творби, ликовните цртежи и есеите, учениците ги претставија своите погледи, знаења и лични цели.

Народната банка и понатаму активно ќе вложува во зајакнувањето на финансиската писменост, преку предавања, работилници, конкурси и натпревари, особено кај младите генерации. Секоја година илјадници ученици и студенти имаат можност да присуствуваат на едукативни активности во Народната банка, а ова ќе продолжи и во иднина.

Народната банка и Министерството за финансии им упатуваат благодарност на сите ученици кои учествуваа на Конкурсот, на менторите за нивната поддршка и на родителите за значајната улога во образовниот процес.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange