Бизнис
Голема наградна игра на Иуте Македонија – Со Иуте секогаш повеќе
Иуте Македонија уште еднаш покажува дека финансиската поддршка може да биде истовремено и возбудлива!
Со новата голема наградна игра „Со Иуте секогаш повеќе“, компанијата им овозможува на сите свои корисници можност не само полесно да ги остварат своите финансиски цели, туку и да добијат вредни награди.
Со секој одобрен потрошувачки кредит во периодот од 10 октомври до 30 ноември, корисниците стануваат потенцијални добитници на многу награди:
- Apple iPhone 16 Pro Max 256 GB
- Apple iPad A16
- Ваучери за патување од туристичка агенција Магелан Травел (со слободен избор на дестинација и термин)
Во наградната игра учествуваат сите полнолетни државјани на Р. Северна Македонија кои ќе аплицираат за ненаменски потрошувачки кредит од 150.000 до 600.000 денари, со рок на отплата од 24 до 60 месеци и на коишто кредитот ќе им биде одобрен и исплатен во наведениот период.
Дополнително, Иуте во моментов нуди потрошувачки кредит со фиксна каматна стапка од само 2,9% и најповолни услови на пазарот – што jaправи оваа понуда уште поатрактивна.
Аплицирањето е достапно онлајн, преку мобилната апликација Myiute, со посета на најблиската експозитура на Иуте, или преку контакт центарот за корисници на 13 333.
Повеќе информации за наградната игра, како и правилата на учество се достапни тука.
Остварете ги своите цели. Со Иуте секогаш добивате повеќе.
ПР објава
Бизнис
НИШТО ОД ЗНАЧИТЕЛНОТО ЗГОЛЕМУВАЊЕ – Минималната плата се зголемува за минимални 1.667 денари согласно законското усогласување
Минималната плата ќе се зголеми за 1.667 денари во нето износ согласно законското усогласување што се прави во март. Тоа значи дека работниците во април ќе земат зголемена минимална плата за овој износ или поточно 26.046 денари во нето износ.
Според министерот за економија и труд Бесар Дурмиши, направено е зголемување на минималната плата согласно законски утврдените критериуми во Законот за минимална плата.
„Ова е системско и законско решение кое предвидува зголемување на минималната плата согласно економските движења, штитејќи го животниот стандард на работниците и водејќи сметка за економијата на нашата држава“, изјави министерот Дурмиши на прес-конференција.
Бизнис
Странските директни инвестиции во Македонија паднаа на 468 милиони евра во 2025 година
Странските директни инвестиции (СДИ) во Северна Македонија изнесувале 467,5 милиони евра во 2025 година, што претставува значителен пад во споредба со 1,2 милијарди евра во 2024 година, покажуваат податоците на централната банка објавени во петокот.
Во текот на 2025 година, нето-приливите биле поттикнати главно од реинвестирана добивка во износ од 295,5 милиони евра и вложувања во капитал од 288,1 милиони евра. Истовремено, тие биле делумно намалени поради нето-одлив од меѓукомпаниски заеми во висина од 116,1 милиони евра.
Само во четвртиот квартал од 2025 година, вкупните директни инвестиции во земјата забележале нето-прилив од 269,9 милиони евра, што е помалку во однос на 351,4 милиони евра регистрирани во истиот период од 2024 година.
Според наведените податоци, курсот на конверзија изнесува 1 американски долар = 0,847 евра.
Бизнис
Може ли новиот финансиски пакет од ММФ да ја стабилизира украинската економија?
„Одборот на директори на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) одобри нов четиригодишен продолжен финансиски аранжман за Украина во вредност од 8,1 милијарда долари“, соопшти премиерката Јулија Свириденко.
Првата транша од околу 1,5 милијарди долари ќе пристигне во блиска иднина.
Средствата ќе се користат за финансирање на буџетскиот дефицит и поддршка на макрофинансиската стабилност, како дел од пошироката фискална рамка предвидена да покрие проектираниот дефицит од 136,5 милијарди долари за четири години.
Според Свириденко, новата програма на ММФ претставува „сидро“ за целокупната меѓународна финансиска поддршка, вклучително и кредитот од 90 милијарди евра од Европската унија.
„Важно е да се нагласи дека новата програма за соработка на ММФ за Украина е „сидро“ за сета меѓународна финансиска поддршка, особено за добивање на кредитот од 90 милијарди евра од Европската унија“, истакна Свириденко.
Програмата, исто така, ја продолжува серијата реформи кои во претходните години ја обезбедија финансиската стабилност на Украина.
-
Продуктипред 2 месециАЛТА Банка со нов потрошувачки кредит со најповолни услови на македонскиот пазар
-
Банкипред 2 месециПредности и поволности на новата Халки картичка за деца
-
Продуктипред 1 месецШтедењето како резолуција за 2026 – Промо депозитот на Халкбанк како прв чекор
-
Продуктипред 1 месецКомерцијална банка: Воведуваме ново ниво на сигурност при интернет плаќања со картичка и трансакции преку мБанка
-
Бизниспред 4 неделиУЈП започна со исплата на повратот од „Мој ДДВ“ за четвртиот квартал 2025
-
Банкипред 2 месециНародна банка: Натамошен динамичен раст на дигиталните плаќања
-
Останатопред 4 неделиАЛТА банка АД Битола со стабилна капитална позиција, но значителен пад на профитабилноста во транзициската 2025 година
-
Банкипред 1 месецДобра вест за акционерите: Комерцијална банка со 8% повисока дивиденда за 2025 година

