Connect with us
no baners

Интервјуа

FinSight Интервју: Маја Стевкова Штериева | Комерцијална банка АД Скопје | Македонска банкарска асоцијација

Објавено

на

Со големо задоволство го најавуваме првото интервју на емисијата FinSight – нов проект на Bankarstvo.mk, кој ќе ги истражува трендовите, бројките и идеите што го движат финансискиот сектор во Македонија.

Во премиерното издание, по повод Светскиот ден на штедењето, се фокусираме на навиките на македонските граѓани кога станува збор за штедењето, тековните состојби со депозитите во банките и како довербата во финансискиот систем се менува со текот на времето.

Епизодата носи и актуелни теми – најавите на Народната банка за можноста за намалување на учеството при купување на прв стан, растечкиот тренд на купување недвижности во кеш, како и имплементацијата на СЕПА системот и намалувањето на трошоците за МИПС трансакциите.

Во понатамошниот разговор, ќе ги дознаеме и очекувањата за периодот што следува, како и влијанието на овие промени врз граѓаните и економијата во целина.

Новинар: Наташа Мерсовска.

Интервјуа

FinSight | Благица Петрески: Задолжување за стар долг, економија без вистински раст

Објавено

на

Македонија повторно се задолжи на меѓународните пазари со издавање на 10-тата еврообврзница, вредна една милијарда евра, со цел сервисирање на доспеаните обврски и стабилизирање на јавните финансии. Но, веќе во наредните месеци се очекува ново задолжување, овојпат преку кредити, за да се обезбедат средства за редовно плаќање на обврските.

Што значи ова за економијата, дали годинава може да се очекува раст или стагнација, како ќе се движи инфлацијата и што може да очекува бизнис-секторот?

Во новата епизода на FinSight, разговараме со Благица Петрески, извршна директорка на Finance Think – Институт за економски истражувања и политики. Анализираме каде завршуваат буџетските пари, колкав е товарот на јавниот долг, колку е реален проектираниот раст од 3,5 отсто и дали зголемувањето на платите може дополнително да ја подгрее инфлацијата.

Во фокусот се и продуктивноста на работниците, сивата економија, ефектите од проектот „Мој ДДВ“, како и клучните реформи што ѝ се потребни на економијата за одржлив раст и подобар животен стандард.

Новинар: Наташа Мерсовска

Продолжи со читање

Интервјуа

FinSight | Малинка Силјановска Николиќ: Договорени цени и нарушена конкуренција

Објавено

на

Картелското здружување, неоснованото зголемување на цените и притисокот врз добавувачите се сè почести теми во јавноста, особено во услови на висока инфлација и чувствителност на граѓаните на секое поскапување. Во новата епизода на FinSight, разговараме со Малинка Силјановска Николиќ, претставник на Комисијата за заштита на конкуренцијата (КЗК), за тоа дали и како се изигрува Законот за заштита на конкуренцијата во Македонија.

Во фокусот на разговорот се практиките на одредени маркети, осигурителни компании и авто школи, кои, според КЗК, преку договорено однесување и неприфаќање на ценовниците на добавувачите, директно ја нарушуваат конкуренцијата на пазарот. Таквото однесување, како што посочува Комисијата, не само што ги оштетува добавувачите, туку на крајот се рефлектира и врз граѓаните преку повисоки малопродажни цени.

Во емисијата се отвора и прашањето за ефикасноста на казнената политика, односно дали сегашните глоби за картелско здружување се доволно високи за да имаат одвраќачки ефект или сепак, постои простор за нивно дополнително зголемување. Се анализира и примената на Законот за трговски маржи, како и начините на кои добавувачите можат да пријават злоупотреби и нефер однесување на пазарот.

Посебен акцент е ставен на Законот за нефер трговски практики и дилемата дали неговата доследна примена би можела да доведе до пониски малопродажни цени во маркетите. Одговорите на ова прашање се клучни, особено во контекст на јавните очекувања за поголема заштита на потрошувачите.

Во разговорот се осврнуваме и на неодамнешните казни изречени на 10 осигурителни компании, поради сомнежи за договарање на цените на задолжителното авто-осигурување (АО). Гледачите ќе дознаат на кој начин КЗК дошла до информациите за ваквото однесување и какви се следните чекори.

Отворено се зборува и за случајот со авто школите, кои според наодите, договарале зголемување на цената за полагање за возачка дозвола – прашање што директно ги засега илјадници граѓани.

На крајот, ја отвораме и пошироката слика: што може да се очекува во 2026 година?

Дали пазарните играчи ќе „се вразумат“ и ќе почнат доследно да ги почитуваат законите, или КЗК ќе мора уште поинтензивно да интервенира?

Новата епизода на FinSight носи аргументи, факти и јасни пораки за тоа кој и како ја „убива“ конкуренцијата – и што значи тоа за граѓаните и економијата.

Новинар: Наташа Мерсовска

Продолжи со читање

Интервјуа

Славески за FinSight: Пониски провизии и повеќе бесплатни услуги за граѓаните од следната година

Објавено

на

Во оваа епизода на FinSight, разговараме со Трајко Славески, гувернер на Народната банка, за најавените промени во банкарските провизии, законските измени во платниот промет и очекувањата за инфлацијата и каматните стапки во нарниот период.

Банките ја разбраа пораката и најголем дел од нив веќе ги намалија провизиите што им ги наплаќаа на граѓаните. Но, од следната година се очекуваат уште поголеми поволности, најавува гувернерот Славески во интервјуто за FinSight.

Со предложените измени на Законот за платен промет, граѓаните ќе добијат можност четири пати месечно бесплатно да подигаат по 2.000 денари од банкомат на друга банка, да извршуваат одреден број трансакции со минимален надомест, како и да имаат дозволено пречекорување (минус) на трансакциската сметка.

Направивме измени кои ги доставивме до Министерството за финансии, кое е законски надлежно да ги предложи до Собранието. Со тие измени се тргаат постојните ограничувања – ќе може да има пречекорување, да се користат и други сметки, а за фиксна и ниска месечна сума граѓаните ќе можат да извршуваат повеќе трансакции“, изјави гувернерот Славески.

Тој додава дека дополнителна значајна поволност ќе биде можноста, кога нема готовина на банкомат на сопствената банка, граѓаните четири пати месечно бесплатно да подигнат по 2.000 денари од банкомат на друга банка.

Сметаме дека ова ќе биде значајна дополнителна поволност за граѓаните“, истакнува Славески.

Гувернерот најави дека во првите месеци од новата година ќе следи дијалог со Министерството за финансии, по што очекува предложените законски измени да бидат усвоени.

Осврнувајќи се на макроекономските движења, Славески посочува дека следната година се очекува пад на инфлацијата, доколку индексирањето на платите и пензиите се спроведува согласно законските правила. Во таков случај, можно е и релаксирање на монетарната политика и постепено намалување на каматните стапки.

Доколку растот на платите е над законското усогласување, инфлацијата може повторно да забрза. Во таков случај, за да ја зачуваме ценовната стабилност, Народната банка ќе реагира соодветно“, порачува гувернерот на Народната банка.

Новинар: Наташа Мерсовска

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange