Connect with us
no baners

Банки

Естонската групација Иуте го доби државниот тендер во Украина за основање на дигитална банка

Објавено

на

Групацијата Иуте – дигитална банкарска групација основана во Естонија под чијашто капа работи Иуте Македонија, го доби државниот тендер во Украина за преземање на средства и депозитни обврски на RWS Bank Украина, банка со повеќе од 30 години историја која во минатото беше дел од Swedbank групацијата, со што официјално го означува својот влез на украинскиот пазар и отпочнување на процесот за основање целосно дигитална банка, по официјалното регулаторно одобрување кое следи наскоро.

IuteBank ќе биде основана како целосно лиценцирана дигитална банка, изградена од темел и под супервизија на Народната Банка на Украина. Вкупната инвестиција на Иуте во Украина ќе изнесува 15 милиони евра.

Финализирањето на трансакцијата, вклучително и преносот на околу 13.000 клиенти, ќе биде спроведено по финалното одобрување од Народната банка на Украина, кое се очекува до крајот на месецов. 

Според Извршниот директор на групацијата, Тармо Силд, овој чекор е дел од долгорочната стратегија на групацијата за поставување на темелите на дигитална банка, при што географската експанзија претставува природна еволуција на бизнисот.

Влезот во Украина се темели на нашата доверба во иднината на земјата и нејзината интеграција во европскиот економски простор. Украина ја гледаме како значајна можност за раст – и за Иуте и за Европа. Војната ја трансформираше земјата во еден од најдигитализираните финансиски пазари, со шеста најголема популација во Европа и со значајна промена во националниот менталитет. Верувам дека Украина ќе го предводи растот во следните пет години, благодарение на храброста на нејзиниот народ,“ изјави Силд.

IuteBank ја градиме од почеток – преземаме внимателно селектирани средства и соодветни депозитни обврски од RWS Bank. Овој пристап резултира со ниска почетна актива, под 10 милиони евра,“ појасни Силд.

Новата банка ќе работи под името IuteBank и ќе биде под супервизија на Народната Банка на Украина, со целосна банкарска лиценца што овозможува нудење на основни банкарски услуги за физички и правни лица, вклучувајќи сметки, картички, депозити, кредити, плаќања, девизно работење, како и готовински и клиринг услуги.

IuteBank ќе ја предводи Артур Муравицки, искусен банкарски професионалец од Украина со повеќе од 22 години искуство во финансискиот сектор. Според Муравицки, фокусот е на изградба на целосно дигитална банка уште од првиот ден.

Следните чекори вклучуваат докапитализација на банката, формирање на клучниот тим и исполнување на сите барања на Народната Банка на Украина за започнување со редовно работење. Од самиот почеток, процесот е поддржан од Фондот за гарантирање на депозити и од Националната банка на Украина, чија соработка беше од суштинско значење за напредокот на проектот,“ изјави Муравицки.

Во првата година, фокусот ќе биде ставен на лансирање на дигиталната апликација и клучните финансиски производи, како и на иницијално привлекување клиенти. Во следната фаза, банката ќе се насочи кон еволуирање на бизнисот, зголемување на обемот и проширување на понудата на производи и услуги.

Иуте нагласува дека експанзијата во Украина се спроведува со истата дисциплина во управувањето со ризикот, како и на сите други пазари на кои групацијата е присутна.

Ризиците во Украина ги третираме на ист начин како и во секоја друга земја. Поставивме внатрешен праг според кој вкупната инвестиција во Украина нема да надмине 15 милиони евра, сè додека не се постигнат одредени прагови на приходи и профитабилност и додека не заврши војната. За 2026 година, очекуваме нето-загубата на банката да не надмине 3 милиони евра,“ додаде Силд.

Започнува ново поглавје за групацијата Иуте и сите земји подружници.

Банки

Старее населението во земјава: расте бројот на пензионери, здравствениот систем под притисок

Објавено

на

Македонија се соочува со сериозни демографски и здравствени предизвици, покажуваат најновите наоди на Државниот завод за ревизија, презентирани од главниот државен ревизор Максим Ацевски.

Според податоците, се бележи континуиран пад на младото и работоспособното население, што резултира со состојба во која бројот на пензионери веќе го надминува бројот на вработени. Овој тренд отвора прашања за одржливоста на пензискиот систем и ја нагласува потребата од системски реформи, како и од развој на услуги за грижа и нега на постарата популација.

Ревизорите укажуваат и на сериозни слабости во здравствениот систем, особено во делот на раното откривање на малигни заболувања. Според извештајот, пациентите чекаат со месеци за резултати од испитувања, а во одредени случаи и до половина година.

Како особено проблематично се издвојува чекањето за мамографски прегледи, каде што од моментот на скрининг до реализација на прегледот поминуваат повеќе од 150 дена.

Од ДЗР потенцираат дека се неопходни итни мерки за подобрување на состојбите, вклучително и зголемување на бројот на медицински кадар, соодветно вреднување на нивниот труд и поефикасно користење на постојната медицинска опрема, дел од која во моментов не е целосно искористена.

Продолжи со читање

Банки

Трка за нов претседател на ЕЦБ: Кои се фаворити и што ќе одлучи

Објавено

на

Во европските финансиски кругови веќе започна трката за наследник на актуелната претседателка на Европската централна банка, Кристин Лагард, иако нејзиното повлекување сè уште не е официјално потврдено.

Се шпекулира дека Лагард би можела да ја преземе водечката позиција во Светски економски форум, што дополнително ги засили позиционирањата и лобирањата меѓу земјите од еврозоната.

Одлуката за новиот прв човек на Европската Централна Банка ќе ја донесат лидерите на 21 земја членка на еврозоната, во период кога се очекуваат и пошироки кадровски промени во институцијата, вклучително и на позициите главен економист и потпретседател.

Како главни кандидати се издвојуваат Клаас Нот, Пабло Ернандез де Кос и Хоаким Нагел. Нивните кандидатури не се само личен избор, туку одраз на пошироката борба за влијание меѓу државите членки.

Процесот е обележан со сложен баланс меѓу „големите“ и „малите“ економии, но и меѓу различните пристапи во монетарната политика – од построги мерки за контрола на инфлацијата до пофлексибилни политики за поттикнување раст.

Според неформалните правила, во раководството на ЕЦБ мора да има претставници од најголемите економии Германија, Франција, Италија и Шпанија, што дополнително го ограничува изборот. Франција веќе двапати ја имала водечката позиција, додека избор на германски кандидат би можел да отвори политички дилеми поради влијанието на Берлин во европските институции.

Во вакви околности, како најсериозни опции се посочуваат Клас Нот, кој има поддршка од северните земји, но важи за „јастреб“ во монетарната политика, и Пабло Ернандез де Кос, кој се смета за поумерен кандидат со силно меѓународно искуство.

Конечниот избор, сепак, нема да зависи само од биографиите, туку од политички договори и распределба на клучните функции, особено позицијата главен економист, која може да биде клучен инструмент за баланс меѓу земјите членки.

Иако процесот веќе е во тек, исходот останува неизвесен, бидејќи ваквите одлуки вообичаено се носат во последен момент, како резултат на комплексни политички компромиси што ќе го одредат идниот правец на монетарната политика во еврозоната.

Продолжи со читање

Банки

Избрани нови вицегувернери на Народна банка: Митреска со втор мандат, Величковски првпат на функцијата

Објавено

на

Собранието, по предлог на гувернерот на Народна банка Трајко Славески, ги избра Ана Митреска и Игор Величковски за вицегувернери, со мандат од седум години.

Ана Митреска доби втор мандат на функцијата, откако првпат беше именувана во 2018 година. Таа е магистер по монетарна економија и има повеќе од 25 години работно искуство во Народна банка. Во својата кариера работела на макроекономски анализи, среднорочни проекции и истражувачка дејност, а учествувала и во комуникацијата со меѓународни финансиски институции и агенции за кредитен рејтинг. Авторка е на повеќе научни и стручни трудови од областа на монетарната и фискалната политика.

Игор Величковски, кој првпат е избран за вицегувернер, е долгогодишен професионалец во областа на платните системи и финансиските пазари. Тој е доктор по монетарна економија на Универзитетот во Стафордшир, Велика Британија, и повеќе од три децении работи во Народна банка. До изборот ја извршуваше функцијата директор на Секторот за операции на финансиските пазари и платни системи, каде беше вклучен во клучни реформи и модернизација на платната инфраструктура, како и во приклучувањето на земјава кон СЕПА во 2025 година.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange