Connect with us
no baners

Останато

Доверителите се eдногласни: потребна е брза продажба на деловната зграда на Еуростандард Банка

Објавено

на

На вчерашното собрание на доверители одржано по повод третата лицитација за продажба на зградата на Еуростандард банка над 80% од доверителите биле катeгорични дека продажбата е чин кој треба да се случи час поскоро, и дека треба да се прифати доставената понуда.  Стечајниот управник заедно со судијата предложиле повторно да се прави проценка на вредноста на зградата, на што се спротивставиле доверителите, истакнувајќи дека со повторната проценка само се одолговлекува процесот и од тоа никој ништо не добива.

Законот е јасен, ако и третата лицитација не е успешна, се прави прераспределба на имотот, што значи дека доверителите добиваат на хартија потврда дека поседуваат процентуален дел од деловната зграда на Еуростандард Банка, која може да ја уновчат само од идна продажба, која е прашање дали ќе се случи во блиска иднина, и по која цена.  Објектот не може да се продава парцијално туку само интегрално. И имајќи го во предвид фактор дека станува збор за голем износ на средства кои треба да се издвојат, сосем е логично зошто доверителите се за побрза продажба.

Од непродавањето на деловната зграда на Еуростандард банка губат штедачите, доверителите, граѓаните и државата. Поминува време а објектот губи од својата вредност! Повеќе од две години зградата нема сопственик и истиот не се одржува.

Носителите на овој процес (стечајниот управник и стечајниот судија) треба да дадат одговор на  прашањето дали е добро и понатаму да се одолговлекува продажбата?  Дали со ваквото однесување се поттикнува единствениот понудувач да се откаже, и во некоја блиска иднина да се појави некој нов кој за багателна цена ќе ја купи зградата, а доверителите реално да добијат многу малку. Дали самиот чин на распределба е добар?

Работите се очигледни! Потребна е реакција од надлежните институции, и поголема одговорност. А на лицитации очигледно е дека нема голем интерес.

no baners
no baners

Останато

Iute отвори нова Living Room експозитура во центарот на Скопје

Објавено

на

Iute Македонија ја отвори новата Iute Living Room експозитура, прв flagship простор на компанијата од новата генерација, лоциран во центарот на Скопје.

Новиот концепт е замислен како поинаков пристап кон корисничкото искуство во финансискиот сектор, при што класичниот изглед на експозитура е заменет со простор кој, според компанијата, повеќе наликува на современа дневна соба.

Наместо традиционални шалтери и физички бариери меѓу клиентите и вработените, во новата експозитура акцентот е ставен на директна комуникација, советување и разговор во порелаксирана атмосфера. Просторот е наменет не само за реализација на финансиски услуги, туку и за поставување прашања, добивање совет и разговор за лични планови и идеи.

Од Iute посочуваат дека новиот формат има цел да ги поврзе технологијата и човечкиот пристап, без притоа да се намалува значењето на дигиталните услуги.

Дигиталното корисничко искуство и натаму останува во центарот на концептот на компанијата преку платформата Myiute, која е достапна 24 часа дневно, седум дена во неделата.

„Дигитално кога сакаме. Човечки кога ни треба“, е пораката со која Iute го претставува новиот концепт.

Новата Iute Living Room експозитура се наоѓа на ул. „Никола Вапцаров“ бр. 15/1-1 во Скопје.

Продолжи со читање

Останато

NLB Lease&Go со понуда за комерцијални возила: флотата да расте заедно со бизнисот

Објавено

на

NLB Lease&Go ја промовира својата понуда за финансирање комерцијални возила, наменета за компании на кои транспортот и испораката им се важен дел од секојдневното работење.

Од компанијата посочуваат дека преку лизинг решенијата бизнисите можат полесно да ја прошируваат својата комерцијална флота во согласност со растот на обемот на работа.

Според објавата, поголем број возила може да значи и поголем транспортен капацитет, подобра организација на испораките и поголема оперативна ефикасност.

Понудата е насочена кон компании кои сакаат да инвестираат во развој на флотата без притоа целосниот товар од набавката да го преземат од сопствени средства.

Од NLB Lease&Go порачуваат дека целта е флотата да го следи развојот на бизнисот и да обезбеди поголема флексибилност во работењето.

Продолжи со читање

Останато

22 стартапи се претставуваат во Тирана: fintech и AI во фокусот на Plug and Play Expo 2026

Објавено

на

Во Тирана денес и утре се одржува Plug and Play Expo 2026, на кој се претставуваат 22 стартапи од вториот регионален cohort, со посебен фокус на fintech, вештачка интелигенција, e-commerce и B2B SaaS решенија.

Настанот собира стартапи, инвеститори и компании од регионот, а вниманието е насочено кон нови технологии и бизнис-модели кои би можеле да најдат поширока примена на пазарите во Западен Балкан.

За финансискиот сектор најинтересни се fintech-сесиите, особено ако од нив произлезат конкретни инвестиции, нови производи или партнерства меѓу стартапите и банките, платежните компании или другите финансиски институции.

Ваквите настани сè почесто служат како место каде што традиционалните финансиски компании бараат технологии за побрзи плаќања, дигитално кредитирање, автоматизација, подобра анализа на податоци и примена на вештачка интелигенција.

Од македонска перспектива, поважно од самата конференциска програма е дали некој од проектите ќе добие регионална инвестиција или ќе склучи партнерство што би можело да се прошири и на домашниот пазар.

Затоа, клучниот сигнал од Plug and Play Expo 2026 нема да биде бројот на презентации, туку дали во Тирана ќе биде објавена конкретна fintech инвестиција, нов финансиски производ или регионално партнерство што може да влијае и врз пазарите во соседните земји.

Продолжи со читање
no baners

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange