Продукти
Diners Club Македонија со голема наградна игра „КОГА ПОВЕЌЕ ЗНАЧИ ПОВЕЌЕ“
Diners Club Македонија, во пресрет на својот 30-годишен јубилеј, ја наградува вашата доверба и лојалност! По тој повод започна големата наградна игра „Кога повеќе значи повеќе“.
Доколку сакаш нов автомобил или пак да добиеш вредни парични награди, учествувај во наградната игра која трае од 15.05.2024 до 26.12.2024 година.
Во наградната игра можат да учествуваат сите полнолетни физички лица, постоечки и нови членови на Diners Club, кои ќе направат трансакција на рати во износ еднаков или поголем од 3.000 денари, а со тоа добиваат неограничен број на шанси за учество во тековниот месец. Доколку едно лице биде добитник на награда во тековниот месец, следниот месец може повторно да учествува со трансакциите од тековниот месец, а сите трансакции од целиот период учествуваат во главното извлекување.
Покрај главната награда „Peugeot 208“, ќе бидат доделени неделни и месечни парични награди за времетрaење на наградната игра:
• 26 награди по 3.000 денари
• 13 награди по 20.000 денари
• 7 награди по 30.000 денари
Правилата за учество во наградната игра може да ги погледнете на следниот линк, а доколку сѐ уште немате Diners Club картичка, можете да аплицирате ТУКА.
Добитниците на наградната игра ќе бидат извлечени по електронски пат, преку компјутерска селекција. Извлекувањето за главната награда ќе се спроведе на 27 декември, во просториите на Diners Club Македонија. Добитниците на наградите ќе бидат објавени во рок од 24 часа од извлекувањето на наградите на нивната контакт имејл адреса и контакт телефон, како и на веб-страницата на организаторот www.diners.mk.
Не пропуштајте ја шансата да станете добитник на една од многуте награди, колку повеќе трансакции, толку повеќе шанси за добивка.
30 години Diners Club Македонија ‒ „Кога повеќе значи повеќе“!
Банки
Прокредит банка со нова, модерна и едноставна мобилна апликација
ПроКредит Банка ја унапредува дигиталната понуда со нова мобилна апликација, која овозможува едноставно, брзо и безбедно управување со личните финансии директно од паметниот телефон.
Новата апликација им овозможува на корисниците целосна контрола врз сметките, заштедите и платежните картички, со 24/7 пристап и без дополнителни провизии. Посебен акцент е ставен на Flex Save штедната сметка, со можност за пренос и повлекување средства со само еден клик, без пенали.

Преку апликацијата, клиентите можат за неколку минути да плаќаат комунални услуги и да вршат домашни плаќања, како и да имаат целосен увид во трансакциите, салдата и лимитите на картичките.
Меѓу клучните функционалности се:
- Преглед на состојба на сите Ваши сметки;
- Историја на сите трансакции;
- Блокада/деблокада на картичка;
- Промена на лимит за плаќања со Вашата картичка;
- Плаќања во земјата;
- Пренос и повлекување од Вашата онлјан штедна сметка FlexSave;
- Креирање на листа за налогопримачи.

Мобилната апликација на ПроКредит Банка е достапна за преземање на App Store и Google Play, овозможувајќи им на клиентите модерно, брзо и сигурно банкарско искуство, секогаш и насекаде.
Банки
„Рати по твој избор само во Шпаркасе Банка!“ – за потрошувачки, станбен и хипотекарен кредит
Ти го избираш темпото: кредит со рати по твој избор
Повеќе контрола, помалку грижи – нов кредитен модел на Шпаркасе Банка. Со „Рати по твој избор!“, Шпаркасе Банка на своите клиенти им нуди вистинска финансиска флексибилност и чувство на сигурност кога им се најпотребни. Оваа флексибилност на клиентите им овозможува да направат избор на висината на ратата во оние месеци во кои тие имаат потреба и/или можност да плаќаат повисока или пониска месечна рата. Наместо фиксна висина на рата што не се менува, клиентите може претходно да изберат периоди кога сакаат пониска или повисока рата, а со фиксна камата.
„Рати по твој избор!“ важи во фиксниот каматен период, а тоа овозможува јасна предвидливост и сигурност во планирањето.
Кај потрошувачките кредити со фиксна каматна стапка во текот на целото времетраење на кредитот, клиентите имаат можност да изберат пониски или повисоки рати во кој било дел од периодот на отплата ‒ на почетокот, во одредени месеци од годината или на крајот на отплатата. Доколку се избере сезонски распоред во одредени месеци од годината, тој се повторува секоја наредна година во текот на договорниот период. Ова е идеално решение за нов почеток, реновирање, преселба, заминување во пензија, промена на работната позиција, непланирано патување или други поголеми животни потреби.
„Рати по твој избор!“ се достапни за:
„Со оваа понуда, Шпаркасе Банка покажува дека ги разбира реалните потреби на клиентите. Наместо клиентот да се приспособува на кредитот, кредитот се приспособува на клиентот. Овој модел нуди краткорочно олеснување во периоди кога трошоците се зголемени или приходите се намалени, без да се наруши дисциплината на редовна отплата. Иако вкупната обврска може да се разликува од класичен кредит со еднаков ануитет, придобивката е јасна – поголема слобода, поголема флексибилност и поголема приспособливост во месечното и во секојдневното планирање“, изјави Ивана Петревска, директорка на дирекцијата за маркетинг и комуникации.
Рати по твој избор – само во Шпаркасе Банка.
За повеќе информации, посетете ја најблиската експозитура, контактирајте го Сервисниот центар на бројот 02 15 050 или информирајте се преку официјалната веб-страница на Банката – www.sparkasse.mk.
ПР објава
Банки
Таткото троши – ќерката плаќа: смена на улогите во новата реклама за картичката за деца на Халкбанк
Замислете кога во одреден момент со парите би управувале децата. Тие да можат да одлучат што да се купи, а што не или колку може да се потроши за чоколади и за слатки. Тие да кажат дали овој месец ќе заштедат или ќе го потрошат целиот буџет.
Во ваква улога се најдоа познатиот македонски актер Сашко Коцев и неговата 9-годишна ќерка Јоана, на снимањето на рекламата за првата платежна картичка за деца на Халкбанк. Станува збор за иновативен производ, наменет за деца од 9 до 15 години, кој ним им овозможува да стекнат финансиски навики, додека родителите имаат целосна контрола на тоа каде и колку трошат нивните деца.
Рекламата за картичката Халки се случува во слаткарница. Таткото е возбуден и сака да нарача сè од менито, но за тоа мора да побара дозвола од ќерката. Таа, од друга страна, е смирена и рационална и не дозволува да се претера со нарачките, но и конзумирање на слатко. На крајот, ќерката ја плаќа сметката со својата Халки картичка.
„Целта на кампањата е на забавен начин, со доза хумор, да покажеме дека децата знаат да се однесуваат одговорно кон финансиите доколку им се дозволи и им се покаже како да го прават тоа. Практично, идејата за креирање на првата картичка за деца и тинејџери до 15 години во Македонија е токму тоа – да им помогне да научат како да располагаат со одредена сума пари, да го планираат неделниот или месечниот џепарлак и да стекнат навики за штедење. Секако, со помош и со контрола на родителите“, вели Маја Наумовска Савеска, директор на корпоративни и маркетинг комуникации во Халкбанк.

Mastercard Junior дебитната картичка овозможува низа поволности како повлекување готовина без надоместок од сите банкомати во Македонија и во странство, бесплатен трансфер на средства од сметката на родителот или старателот на сметката на детето. Исто така, родителот има можност за поставување лимити на платежната сметка на детето, блокирање на картичката преку електронско банкарство во случај на губење, СМС инфо без надоместок на мобилниот број на законскиот застапник/старател и можност за дигитализирање на картичката на Google Pay или Apple Pay.
Процедурата за аплицирање за картичката за деца е едноставна и може да се направи во сите филијали на Халкбанк, а сите апликации до крајот на март годинава се ослободени од трошоци за издавање на картичката.
-
Продуктипред 2 месециХалки картичка за деца – прва платежна картичка за деца на македонскиот пазар
-
Интервјуапред 2 месециFinSight со Слободан Трендафилов (ССМ): Што ако минималната плата не се зголеми до Нова година?
-
Интервјуапред 2 месециСлавески за FinSight: Пониски провизии и повеќе бесплатни услуги за граѓаните од следната година
-
Банкипред 2 месециНЛБ Банка ја трансформира својата продажна мрежа подготвувајќи ја за иднината – во 2025 обновени осум експозитури на Банката
-
Продуктипред 1 месецАЛТА Банка со нов потрошувачки кредит со најповолни услови на македонскиот пазар
-
Банкипред 2 месециГувернерот Славески: Во 2026 година се очекува забрзување на економскиот раст, со зачувување на ценовната и на стабилноста на девизниот курс
-
Банкипред 2 месециАЛТА Банка со предвремена исплата на пензии
-
Банкипред 2 месециГолема празнична кампања на НЛБ Банка проследена со донација





