Connect with us
no baners

Банки

Делегација од Централната банка на Косово во посета на Народната банка за размена на искуства во областа на заштитата на потрошувачите

Објавено

на

Во рамките на постојаната соработка со централните банки во регионот, Народната банка беше домаќин на делегација од Централната банка на Косово. Делегацијата ја предводеше вицегувернерката Несрин Шилеку Шала, којашто оствари средба со вицегувернерот на Народната банка, Фадил Бајрами.

Целта на работната посета беше размената на искуства и знаења во доменот на заштитата на потрошувачите, како една од важните области во функционирањето на модерните централни банки. Се зборуваше за споделување на добрите практики, регулативните рамки и на оперативните процедури коишто се однесуваат на заштитата на потрошувачите корисници на финансиски услуги.

Оваа посета претставува важен чекор во јакнењето на билатералната соработка меѓу двете централни банки како значаен предуслов за унапредување на капацитетот на двете институции и ја истакнува посветеноста на Народната банка на постојаниот развој и усогласување со најдобрите меѓународни стандарди во сите области на своето делување, вклучувајќи ја и заштитата на потрошувачите. 

no baners

Банки

Алта Банка започна со исплата на февруарските пензии

Објавено

на

Алта Банка АД Битола ги информира своите клиенти дека исплатата на пензиите за февруари започна од 27 февруари 2026 година.

Средствата се веќе достапни на трансакциските сметки на пензионерите и можат да се подигнат во сите филијали на Банката, согласно вообичаената банкарска процедура.

Со оваа активност, Алта Банка обезбедува навремена, сигурна и ефикасна исплата на пензиите, со цел олеснет пристап до средствата за своите клиенти.

Продолжи со читање

Банки

Комерцијална банка: Започна исплатата на пензиите за февруари 2026 година

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје започна со исплата на пензиите за февруари од денес (петок, 27 февруари).

Пензионерите кои користат дебитна картичка можат да располагаат со средствата веднаш, овозможувајќи им безбедно и практично плаќање во продавници, онлајн или подигање пари од банкомат.

За оние кои повеќе сакаат да ја подигнат пензијата во филијала или експозитура, исплатата ќе биде достапна од 27 февруари и во секој работен ден после тоа.

Мапата со филијалите и експозитурите на Комерцијална банка е достапна на следниот линк: https://www.kb.mk/lokacii-kb.nspx?type=branch

Оваа мерка ја гарантира навремената и сигурна исплата на пензиите и ја олеснува пристапноста до средствата за сите корисници на услугите на Банката.

Продолжи со читање

Банки

Халкбанк известува: Пензиите за февруари се достапни на пензионерите

Објавено

на

Халкбанк АД Скопје ја известува јавноста дека пензиите за февруари 2026 година се веќе достапни за подигање.

Пензионерите можат да ги примат средствата на своите трансакциски сметки во сите филијали на Банката, преку банкомати, како и електронско и мобилно банкарство.

За корисниците кои дале согласност, подигањето на пензиите е можно и преку поштенските единици на Пошта на Северна Македонија.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange