Connect with us

Кариера

Оглас за вработување во Комерцијална банка

Објавено

на

Доколку сакате да ги остварите Вашите желба и амбиција за професионален и кариерен развој во финансиска институција со долгогодишна традиција, која определбата за стабилност, ефикасност и иновативност ја гради со успешен и посветен тим на професионалци, аплицирајте за вработување во Комерцијална банка АД Скопје.

Работна позиција: Помлад соработник – CASHIER во експозитурa на Банката во Скопје.

Тип на вработување: На определено време од 12 месеци.

Работно време: 40 часа неделно.

Почетна основна нето-плата28.670,00 денари.

Огласот важи до: 09.03.2023 година.

Работни цели и задачи:

  • Извршување готовински и безготовински платежни трансакции во денарскиот платен промет;
  • Понуда на депозитни производи;
  • Промоција и продажба на банкарски производи;
  • Брз трансфер на пари;
  • Менувачко работење;
  • Учество во промотивни кампањи.

Потребни квалификации и способности:                           

  • Завршено високо образование од областа на економските науки;
  • Познавање на англиски јазик и MS Office алатки;
  • Со или без работно искуство;
  • Висок личен интегритет, доверливост и чесност;
  • Прецизност во извршување на работните задачи;
  • Ориентираност кон потребите на клиентите;
  • Адаптибилност во динамична работна средина;
  • Комуникациски вештини за работа во тим.

Придобивки за Вас:

  • Пријатна и тимска работна атмосфера во современи работни услови;
  • Обуки од ментори со висок степен на стручност и искуство;
  • Можност за личен и професионален развој, стекнување нови вештини и компетенции;
  • Доброволно приватно здравствено осигурување;
  • Учество во општествено одговорни и спортски активности, корпоративни настани, користење библиотека и сл.

Вие би биле одличен дел од тимот ако ги поседувате потребните вештини, се препознавате во овие вредности и имате силна мотивација за успех.

Аплицирајте на: [email protected], или на адреса: Сектор за човечки ресурси и општи работи, Комерцијална банка АД Скопје, ул. Орце Николов бр. 3, 1000 Скопје, со назнака: „Oглас за вработување на Помлад соработник – CASHIER во експозитурите на Банката во Скопје“.

Телефон за контакт: (02) 3168-467

На интервју ќе бидат повикани само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг.

Изборот ќе се изврши во рок од 45, 90 или 120 дена по истекот на рокот за пријавување, во зависност од бројот на пријавени кандидати.

Напомена: Апликацијата ќе биде третирана како строго доверлива, согласно Законот за заштита на личните податоци. Со самото доставување на Вашата апликација за работа, согласни сте Вашите лични податоци да се обработуваат во процесот на селекција на кадри во период од 1 година.

Банки

Шпаркасе Банка вработува специјалист за развој на процеси за население во Скопје

Објавено

на

Доколку имаш желба да бидеш дел од динамичен банкарски тим кој со отворен ум ги прифаќа секојдневните предизвици имаш позитивен пристап во работата, покажуваш ентузијазам секогаш да бидеш најдобар во тоа што го работиш, имаш желба да учиш и да се развиваш преку организацијата и се трудиш да изнајдеш иновативни и креативни начини за реализација на задачите, а воедно ти е важно да работиш во средина во која се вреднува тимскиот дух и фер однесување, Шпаркасе Банка ве охрабрува да се придружите на нивниот тим и заедно, секојдневно да ги живеете корпоративните вредности!

Шпаркасе Банка АД Скопје има потреба од Специјалист за развој на процеси за население, Служба за развој на процеси за население во Скопје.

Што ќе биде твојата улога?

  • Дизајнирање на нови процеси и активно учество во развој, унапредувањe и оптимизација на процесите за работа со население – физички лица;
  • Редовно следење на процесите и учество во изработка и ажурирање на интерни процедури и
    инструкции за продажната мрежа;
  • Подготовка и спроведување на обуки поврзани со процесите за вработените во експозитурите;
  • Учество во проекти, тестирање и имплементација на нови софтверски и дигитални решенија кои ќе го унапредат работењето на банката;
  • Следење на законски и регулаторни измени, препораки од интерна ревизија и нивна имплементација во процесите;

Кои квалификации се потребни?

  • Минимум ВСС;
  • Познавање на процеси во финансиски институции и високо ниво на бизнис свесност;
  • Одлични аналитички способности и способности за работа со алатки за моделирање (BPMN, flowcharts, task-tracking софтвери);
  • Одлични организациски вештини, способност за одредување приоритети, тимска работа;
  • Проактивност и иницијатива;
  • Активно познавање на работа со компјутер (MC Office);
  • Познавање на англиски јазик (конверзација, разбирање, пишување);

Кои ќе бидат твоите придобивки?

  • Континуирана обука и можност за кариерен развој во банкарската групација Erste & Steiermärkische Sparkasse;
  • Приватно здравствено осигурување;
  • Конкурентна плата и дополнителни надоместоци;
  • Мотивирачка организациска култура во која се почитува иницијативноста, анагажманот, но и тимскот дух;
  • Настани и активности за добросостојбата на вработените (employee’s wellbeing).

Шпаркасе банка ве охрабрува да ја искористите оваа можност и да аплицирате на отворената позиција со испраќање на CV и мотивациско писмона: [email protected] заклучно со 12.03.2026 година со назнака „Апликација
за Специјалист за развој на процеси за население“
.

Вашите апликации ќе имаат третман на строга доверливост. Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг на селекција ќе бидат повикани на интервју.

Шпаркасе банка Ве замолува за доставување на согласност Вашите податоци и поднесени документи да се чуваат во базата на податоци на Банката во период од 6 месеци, доколку сте согласни со истото. Оваа согласност кандидатот може да ја повлече во секое време со писмено барање.

За дополнителни информации, посети ја страницата www.sparkasse.mk.

ТИ ЈА ПРАВИШ РАЗЛИКАТА! #КариераБезБариера #ВерувајВоИднината

Продолжи со читање

Банки

Силк Роуд Банка вработува Full Stack Developer за работа на банкарски системи

Објавено

на

Силк Роуд Банка објави оглас за вработување на Full Stack Developer со искуство во банкарски или финансиски системи, кој ќе работи на развој и унапредување на апликативни решенија и интеграции со core banking системи.

Од банката информираат дека позицијата е наменета за кандидати кои сакаат да работат на реални продукциски системи, вклучувајќи интеграции, автоматизации, backend логика, API комуникации и оптимизација на бази на податоци.

Работната позиција опфаќа развој и одржување на веб и backend апликации, развој на интеграции со интерни и надворешни системи, како и оптимизација на SQL перформанси. Во описот на работните задачи се вклучени и анализа и решавање на продукциски инциденти.

Во текот на работата, избраниот кандидат ќе користи повеќе технологии, меѓу кои PHP за backend развој, SQL за комплексни барања и оптимизација, REST и SOAP веб-сервиси, како и HTML, CSS и JavaScript. Работата ќе вклучува и API интеграции и развој на апликации базирани на бази на податоци.

Повеќе информации за огласот и условите за аплицирање се достапни на веб-страницата на банката: https://www.srb.mk/Vrabotuvanje?id=43.

Продолжи со читање

Кариера

Оглас за вработување во Шпаркасе Банка АД Скопје

Објавено

на

Доколку имаш желба да бидеш дел од динамичен банкарски тим кој со отворен ум ги прифаќа секојдневните предизвици имаш позитивен пристап во работата, покажуваш ентузијазам секогаш да бидеш најдобар во тоа што го работиш, имаш желба да учиш и да се развиваш преку организацијата и се трудиш да изнајдеш иновативни и креативни начини за реализација на задачите, а воедно ти е важно да работиш во средина во која се вреднува тимскиот дух и фер однесување, Шпаркасе Банка ве охрабрува да се придружите на нивниот тим и заедно, секојдневно да ги живеете корпоративните вредности!

Шпаркасе Банка АД Скопје има потреба од Соработник за односи со население, Сектор за Население/ Оддел мрежа на експозитури во Скопје/ Експозитура Сарај.

Што ќе биде твојата улога?

  • Подготовка на понуда со целосна палета на продукти и услуги на Банката согласно потребите и можностите на клиентите;
  • Сеопфатно сервисирање (финансиски и сите останати банкарски услуги) на клиенти – од моментот на продажба на одреден производ до понатамошно сервисирање на клиентот, со постојан мониторинг на односот, неговото задоволство и антиципирање на идните потреби;
  • Преземање на мерки со цел искористување на потенцијалот на постојното портфолио, зголемување на бројот на производите кои ги користи клиентот (cross sell/ up-sell)
  • Одговорност за реализација на зададените комерцијални цели согласно насоките на деловната политика на ниво на експозитура;
  • Одговорност за одржување професионални и стабилни релации со клиентите вклучувајќи и советодавна улога и исклучителен квалитет на услуга.

Кои квалификации се потребни?

  • Минимум ССС;
  • Познавање на Албански Јазик ќе се смета за предност;
  • Работно искуство во продажба и промоција на производи и услуги, остварување на таргети и работа со клиенти во банкарскиот или друг сектор/индустрија ќе се смета за предност;
  • Активно познавање на работа со компјутер (MC Office);
  • Познавање на англиски јазик (конверзација, разбирање, пишување);
  • Одлични комуникациски и продажни вештини, одлични организациски вештини и способност за одредување приоритети, активна продажба, тимска работа, препознавање на ризикот во работењето и способност за работа под притисок.

Кои ќе бидат твоите придобивки?

  • Континуирана обука и можност за кариерен развој во банкарската групација Erste & Steiermärkische Sparkasse;
  • Приватно здравствено осигурување;
  • Конкурентна плата и дополнителни надоместоци;
  • Мотивирачка организациска култура во која се почитува иницијативноста, ангажманот, но и тимскот дух;
  • Настани и активности за добросостојбата на вработените (employee’s wellbeing).

Шпаркасе банка ве охрабрува да ја искористите оваа можност и да аплицирате на отворената позиција со испраќање на CV и мотивациско писмо на: [email protected] заклучно со 09.03.2026 година со назнака „Апликација за Соработник за односи со население – Скопје“.

Вашите апликации ќе имаат третман на строга доверливост. Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг на селекција ќе бидат повикани на интервју.

Шпаркасе банка Ве замолува за доставување на согласност Вашите податоци и поднесени документи да се чуваат во базата на податоци на Банката во период од 6 месеци, доколку сте согласни со истото. Оваа согласност кандидатот може да ја повлече во секое време со писмено барање.

За дополнителни информации, посети ја страницата www.sparkasse.mk.

ТИ ЈА ПРАВИШ РАЗЛИКАТА! #КариераБезБариера #ВерувајВоИднината

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange